Ќе продолжев и со римава и со скопскава шема да не поминвеа камиони и булдужери по цели деној а богами и ноќи на кеј. Си шмркаш кафенце, си јадиш пица, а до тебе камиони брчат и прашини кревет. Абе за мерак, заааа мерааак! А и не планирет да застанат во догледно време. Иако еднине со зградана не се завршени, веќе имат и нови, со мостон. И ај шо не мојш да тераш шема по кафичине, не мојш ни ролерки или точак да возиш долу покрај Вардар з`ш барикади имат. Ко за трка со пречки. Возиш, возиш, па прескокаш ограда со точкот, па малку пливаш по Вардар и кај и да е ќе стигниш.
А не ко Милошоски шо не ојде Њујорк. Кутар Џоле, сам го пуштија да им објаснуват формули математички. Ама сепак морам да признам дека убо си се снаоѓат. А и уба тактика имат. Се викат – „Луд, збунет, ненормален“. Или во превод – збуни го противникот па збуни се и себеси, за да ја збуниш јавноста. Им објаснуваш дека нашите 39 посто се уствари сто посто а дека нивните 51 посто се уствари само 5 посто, и така сите дур се збунети ти им фрлаш клетва до седмо колено и го решаваш проблемот. Добро, можда не го решаваш баш, ама бар фаќет клетвите државнички и антички. Ене, на Дора Бакојани ја фатија па пневмонија закачи. Само шо по грешка и Милошоски го потфатија па си ја удри ногата.
Според најновите информации за тактикава се заинтересирале ЦИА и Еф-би-ај па зато усвари пошол Џоле Америка. Тајниве служби уствари планирале со тактикава да ги збунвет терористине и така дур се во бунило да кажат кај се криет Бин Ладен. А терористиве уствари многу да ти биле посветени на мисијата. Ене, пред некој ден слушам некој си пикнал бомба од позади мислејќи дека е вибратор и така му пошол на принцон од Саудиска Арабија и се разнел пред него. Пошо убо ја имал скриено поминал покрај обезбедувањето и за малку дури и ќе го убиел. Сепак, се гледат дека се посветени на то шо го работет, ак мојт то работа да се наречит. Да беа така посветени политичариве наши на решавањето на проблемиве во државава... Од шо ќе ги имаа решено сите проблеми на избори ќе излегвеја со ветување какви проблеми ќе ни напрает па ќе го избиравме тој шо ќе напрајт најголеми. Ваљда за то барем немаше да не лажат. Или замисли, излегвит на такви избори Бранко и викат – „Ќе отпуштам по еден чоек од секое семејство“ и народов му вервит и го избират. И замисли, од ко ќе ја добиет власта наместо да отпуштат, да почнит да им прајт по уш еден чоек во секое семејство за да имат кого да вработит.
Ко тој вицот. Одат премиерон и министерот за образование во некое село, у три лепе негде по планињено и ги собирет сите 6 жители чиј вкупен збир на години надминвит 500. И им викет „слушајте луѓе, ние сме многу арни и ви напрајвме универзитет со 7 факултети пошо образованието е сила, образованието е моќ“. „Ама шо ќе ни се нас факултети, ние сме стари луѓе, ние немаме деца...“ „Море ако требит и деца ќе ви напрајме!“
Кога сме веќе кај избори и кај предизборни ветувања не знам дали ви кажаа ама ако не ви кажаа еве јас да ве израдвам. Почна кампањата! Ние по дома веќе прославивме, си зедовме шампањско и напрајвме по една здравица во чест на пастириве наши и на државава античка. После то зедовме расчистивме в подрум и напрајвме место за складирање на вреќите брашно, пакетите масло и контингентите со брда и долини. Да живеевме во Пирава ќе го поделевме шампањското и со премиерот шо пушташе канализација. Ама кажи шуба глетка. Сечење црвена лента за пуштање канализација. Пак и уште ко ќе ти текнит за шо служит канализацијата, а и во кој век се пуштат, да се чудиш з`ш и огномет немаше. Па јас дури и Комитине би ги викнал да навивет – „Пуштај вода, пам-пам-па-рам-пам...“
После им ставаш и малку културно-уметничка програма па во вториот дел заедно со Комитине излегват и дедовцине од МАНУ и заедно скандирет – „Шиптари, Шиптари... чиста Македонија, паркови и зеленила...“ И после концептов го пакуваме во флаши од по пола литар, им маваме сонценце со шеснајс краци, пишиме „Маде ин Мацедониа“ и го шиткаме на странски пазари. И после добиваме Нобелова награда за мир, толеранција и меѓуетнички соживот. Мојт да се додајт и ставка за морал и заслугите за то би ги добил Миле. Мојт после и уш една нобелова да дает за Тачи и за луѓено околу него шо допринесвет за соживотов да ни е олку волшебен. Да ја имаше утакмицава в кладилница ќе стаев иљадарка дека Тачи им платил на академицине така да напишат во енциклопедијата за после да мојт да излегвит со уцени по телевизии. А и стварно се шо се дешават во државава е оригинално. Еве земи го пример празников Бајрам. Сиве светски лидери на држави, политичари, па дури и дел од терористичкиве организации во честитките викет дај луѓе да прекиниме со насилства, убивања и слично, а само кај нас Тачи и компанија ги продлабочувет тензииве.
Али само премиеров наш за нишо не е крив и за сиве вакви настани ја играт играна – „Ама ја не знааам, ја бев у подрум, ништо не сум видел...“ А на промоцијата на енциклопедијата јас го кажав ова – „ Овој проект можеби не е приказ на целокупниот живот и развиток на Македонија, но ова дело автентично го скенира македонското гледиште за културното и национално политичко минато и сегашност и претендира да стане објективна, интегрална информација за нас и нашата земја“. Ма нормално дека ве лажам. Баш тој го кажа ова и ко го слушав на промоцијата ми звучеше толку уверливо шо за малку не помислив дека тој ја напишал цела енциклопедија. Ама шо да прајш ко имат кракто памтење. Само тогаш знаеше, сега од ко се побунија и Албанциве и странцине од по амбасадине тој ама баш нишо не знајт.
Ко ни Трифун ни Благој појма шо немет кој е крив за хаосон во Градски Аптеки. Јас знам! И Бичиклиски знајт! Како кој? Па се знајт... Бранко е крив! Ако ја пратите шпанскава серија со гореспоменативе ликој тогаш сигурно веќе знајте „кој к.р бизнисмен е Костовски“ и дека со „Б.М. ни овци не би молзеле“. Сигурно знајте и дека другиот лажит а дека тој што моментално ви зборвит, вистина ви кажвит. А ко ќе ти текнит дека овие двајца ти се едни од најголемите бизнисмени во државава... да посакаш да си извршиш масовно самоубиство скокајќи во бунарон од Павлета во Паљурци. Штета што поради ваквите „џет-сетери“ трпит обичниот работник.
Сепак и не е се така црно. МВР конечно презеде чекори за решавање на криминалот во земјава. После ултра успешната акција со кодно име „Распуст“ во која беа испоапсени сите дечки шо пиеја пиво во паркон во Скопје, сега уште една таква. Оваа за жал немаше кодно име ама сепак се гледат дека е добро осмислена. Полицајцине играа фудбал со Комитине за да набијат кондиција и да может да ги стигнувет дечкине шо ограбувет банки на сред бел ден во центарот на главниот град, пукет и заминвет Косово. Гордана пак се пофали и дека законот со кој забранија плукање дал убај резултати. И дури тогаш сфатив дека џубрињана по улицине се уствари фатаморгана.
И не е само то бел бумбар на неделата. И државнана агенција МИА имат бел скакулец овој пат. Пази како се одредуват фокус на новинарска вест. Прво ставаш наслов – „Премиерот Груевски на презентација на новите противпожарни возила“, па после ја почвиш и веста – „Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на презентација на новите шест, од вкупно 25 противпожарни возила, кои се набавени со средства од Владата на Република Македонија.“
Ако нешо не е јасно тогаш да ви објаснам дека основниот принцип во новинарското известување е дека главното ојт на почеток. Или шо би кажала МИА, не е битно то шо пожарникарине добиле нови возила. Не е ни битно то шо граѓаниве можат да се осеќет посигурно поради спремноста и опременоста на пожарникарине. Не бе брат. Битно е то шо премиерот присуствувал на презентацијата! Како ами...
(Авторот е хунзоиден Македоноид од Паљурци)
(Колумната е објавена во неделникот Сега на 24 09 2009)
(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 01 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 06 10 2009 )
No comments:
Post a Comment