Добро бе... до кога ќе се буните вие за сe и сешто? Едни крадеа, ама имаше и за народот, па не ви чинеше. Другиве градат, а народов немат леб да јајт, па пак не ви чинит. Јас не знам шо требит чоек да напрајт за да го сакате. Аман веќе! Добро, шо му фалит на постапокалиптично Скопје во 2014? Мене стварно ми се свиѓат визијава. Еве слушам некои викет дека триумфалнана капија кај чичко ми Стоилко не чинела и не можеле никако да ја смислат како дел од македонската историја.
А не сфаќет дека морат Аце на Букефал да поминит од негде. Како така? Онолку големи, а така со ќутење да дојдат на плоштад? Не бре, требит триумфално да е влегвењето! Почвит во низок старт и на три четири се затрчвит, влегвит низ капијата, ја прескокат црквата со двочекор и оп - кош, во фонтаната!
И шо, слушам се бунат луѓево, црквата ќе го затворела цел видик и влез кон плоштадон. Па, и за то имат лесно решение. Сеа пошо владава го зголеми лимитот за увоз на стари возила, ќе си набавите по еден коњ половен од едно печеснаес години, и исто ко Ацета ќе влегвите низ портата и со двочекор ќе скокате до на плоштад. Или ако немате пари за коњ, и пешки мојте да помините. Ако сте друштво од шест души, тројца покрај Дал Мет Фу, тројца покрај Сити галери, и ќе се најте на плоштад. Е сеа, ќе речите, шо ак сме појќе? Еми, еве да речиме дека ќе сте осум души. Ваљда не шетате цела населба заедно...
Значи... тројца покрај Дал Мет Фу, тројца покрај Сити галери и двајца ќе влезат во црквата, ќе се помолат и ќе излезат од задна, па пак ќе си се најте. Плус и пубо ќе е за родителиве. Дур пазарите нешо по ГТЦ ќе мојте децата на плоштад да си ги остајте да игрет криенка. Едното ќе се скриет позади мадињата од Букефал, другото ќе се преправат дека е статуа на мостон Око, а третото ќе плукнит во фонтаната, и ќе речит - пу за мене, пу за сите спас. После ќе дојт полицаец и ќе му побарат пеес евра, ама сеа... морат некако да ги научиме дека во ова држава си имат закон и ред. И транспарентост, пред сe!
Ау да, и не знам со кое право се буните за стилот во кој ќе се градит постапокалиптично Скопје ко на презентацијата многу фино си кажаа - со ова се пополнуват празнина шо не сме можеле да ја напрајме пошо сме биле под турско ропство пет века. Многу фино, логично и разумно објаснување. Сега градиме нешо шо требело пред сто години да се изградит. Па, логично е после сто години, да сте живи и здрави, ќе изградите и нешо шо се градит и шо е актуелно моментално во светов.
И стварно не знам шо туку се буните, скопјанишча едни незадоволни... Мислам дека многу појќе причини имаме ние во Охрид да се буниме. Ако не знајте за шо, еве ќе ве потсетам. Летото на 9 јули имав напишано една колумна со наслов „Коњи, чашитки и ченки варени“, па еве ви нејзин дел за да видите кој требит да се бунит овде...
За многу работи да ти кажам вака искрено немат правда. Ене види Скопје шо прает, прво компјутер на секое дете па после споменик на секој чекор. Кај нас ништо... А шуба замисла иам вака да ти кажам право, како мојт да се напрајт Охрид со споменици, по, по, пооооо, Рим кисела вода со лимон да ни носит... Пази планов - почвиш од кај Чинарон, до фонтанана онде - бам еден динусаурус. Поголем ќе е од бикон Скопје, ем поубав. И плус порано Охрид стварно имало динусауруси, а не ко Скопје шо ги лажат со бикојне.
Динусаурус клаен? Клаен! Следно - скопјанишчана имет шмизла? Имет! Е шо, ние да не не мојме да стајме некој споменик на женско со чудно име... мојме, иту како... ти бе дете, да те прашам вака, си чул за варошка чашитка? Не си чул?!? Ој фрли се од Кукуле ак не! Не знајш кај е Кукуле? Ти дете дан не си од Охрид случајно??? Кукуле бе, од кај шо се фрлавме тогаш море, од Канео она карпана море, ти теквит? Е шуќур кај ти текна, туку шо ќе ти велев, не е едно, све морат да ти објасвам, ништо ич да не се знаело... Е де, за варошка чашитка ќе ти кажвев. То ти е дете онаму во Варошон горе, знајш де, куќине ко шо се збиени една до друга да прдниш ќе се чует, не пак друго. И уствари овие чашиткиве ти се жените таму шо стоеле на пенџере излезени и глеале, слушале све шо се дешават и после се збирале и раскажвеле кој шо напрајл, со кого напрајл... Е, и сега е останато то чашитка... и чашитлама де, то ти е изведено од првово, требит јас тебе речник да ти дам да ги проучиш тро охридскиве термини, пошо те гледам не пара ме разбираш... Е сега, шо ќе ти велев, ко шо имет скопјанишчана шмизла ние мојме да опниме една варошка чашитка, онаму наспроти црквана „Света Софија“.
Динусаурус клаен? Клаен! Чашитка клаена? Клаена! После, ти теквит на онај фраерон наспроти шмизлана онаму Скопје? „Ехеј“ го имет него крстено, демек & викал на шмизлава, а ова ич рецка не му мавала... Е сеа, ако прајме споменици со викање ние Охрид мојме уш шес пати пубав да напрајме. Ти ги соберам оние од кај автобускана шо викет „Смештај дечко, смештај дан требит?!?“, да ти испозирет за еден споменик ќе виш шо е туристичка атракција после... Мојш и „Смештај“ и „Соби“ и „Станоиздавачи“ и како сакаш да го крстиш, и пак поубав ќе е од тој фраерот демек Скопје. И плус мојме да исценираме некоја ситуација кај шо му се имет собрано на некој туриста и го тргет за мајца за да ојт кај нив.
Кај нас море секој туриста е важен, ој на други места да виш, слегвиш на автобуска никој ни да те пречекат, ни да те прашат смештај дан ти требит, ни да ти понудит нешо, ни за мајца да те тргнит... А сум шетал, стварно многу сум шетал по светов, негде немат ни куче да те каснит, не пак за соба да те прашет, ама пак скопјанишчана се неблагодарни... Туку остај ти скопјанишчана, имаме ние побитна работа, требит градов да го разубајме со некој споменик.
И до кај стигнавме паше... Динусаурус клаен? Клаен! Чашитка клаена? Клаена! Смештај клаен? Клаен! Скопјанишчана имет „Ретардирано девојче на пешачки“, шо никако не мојт улицана да ја преминит. Е па ние овде си имаме кајчари со пенти, со све, и не само шо можат пешачки да ти преминат, без проблем и граничен премин ти преминват и Албанија ак сакаш те носат. Значит ... едно кајче ќе бапниме онде на кејон и ен кајчар ќе извајаме со ракана на пентана, а горе ќе го остајме бесплатно за да мојме да ги заебаваме туристине ко на песнана од Ка-петнајс. И ќе му монтираме еден звучник на тој кајчарот, ќе му снимиме и ќе му ставиме на секој 2 минути да викат „Ај една тура до Канео“ за поавтентично да е. Ете ти уш ен споменик.
Значит... ај уш еднаш. Динусаурус клаен? Клаен! Чашитка клаена? Клаена! Смештај клаен? Клаен! Кајчар клаен? Клаен! Ова ти се вака овие помаливе споменичиња. Е сеа, скопјанишчана ќе го носат Ацета соси Букефал на плоштад. И си мислев ја, да мојме ние, пошо овие ќе имет само еден коњ, да напрајме еден хиподром на плоштад Охрид, и да донесиме бар печеес коњи, па нека се тркет, после ќе мојме и од кладење на туристине пари да им земаме. „Колку рече дечко? Иљадарче на тројка? Арно, арно, еве ти и една ченка варена гратис“ Ете ти, ем пубав споменик од скопјанишчана, ем туристичка атракција - кладење на коњи со ченки варени гратис... на сред плоштад!
Црква на плоштад не ни требит, си имаме ние, ехееееј, уше од кога, во Скопје тогаш ни плоштад немаше... Да не почвам муабет и за идејава шо ни ја украдоја... Иту приватна сопственост е она кај нас, ама бар знајш кој ќе ги земит парите шо ќе ги остајш. По другине не си сигурен, ова епархија, она епархија... Охрид барем си знајш. Не знајш? Еми ако не знајш распрашај се по градов, ќе ти кажат одма чија е и кој ги земат парите од таму, глупо е сега вака по весници да кажвам. Значит плоштадон исполнет... мислам дека ќе останат уш неколку метри квадратни така празни ама тие ќе му ги дајме на некој кафич да стајт уш некоја маса за да не се жалет туристине дек место немало кај да седнат и оп - полн плоштад, убајни!
Триумфална капија исто не ни требит, си ја имаме Горна порта ние, не ни требет други порти. И плус уш една порта имат горе кај тврдинана од Самоила... и една долу кај црквана „Канео“, ехеееееј, саде порти сме Охрид, немат потреба, фала ви...
Само уш една желба имам вака да си кажам... ако се мојт некако да ја зејте Статуана на слободана од Њујорк и да ни ја донесите Охрид, негде на сред езеро да ни ја клајте. Ја мислам дека ептен убо ќе си дојт. Сеа ко можевте во Скопје бикон од Вол Стрит (улицата на волојте) од Њујорк да го соберите, ќе мојте и теткана со факелон да ни ја донесите в езеро.
Таман ќе ви светит да ви се гледат за да мојте и на вечер да ни го мочате езероно.
Е така малце, дај напрајте нешо и кај нас, шо било то, само Скопје споменици, види шубај идеи ви дадов, иту јас ни пари не ви барам, само напрајте ги овие рабојќе, па ќе јајме по една пастрмка од оние шо се забранети и шо никој ни ги ловит, ни ги продават...
Ете така... Ако не ми ја остварат визијава ни Аце Петрески, ни Коле, сам ќе си ја остварам ко ќе дојдам на власт. Ќе дам рок до 3014 и ќе речам - остваруваме 24/3014! Туку... шо ќе ви викав... гледате кој требит да се бунит во оваа држава?
Е сеа само ако слушнам некој да се побунил... го земам и го фрлам во Вардар. Иту за некоја година и избор ќе иам. Дали од Камени, дали од Око, дали од Мостот на уметноста... море од кај сакам...
И да, Аце Големиот вајстина го измислил барокот! И ние први го најдовме поморскиот пат за Индија! И први се качивме на Месечина! И Солун е наш! И ти си Македонија!!!
(Колумната е објавена во неделникот Сега на
11 02 2010
)
(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 18 02 2010 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 23 02 2010 )
No comments:
Post a Comment