А ти теквит пред едно 3 и пол месеци ко викав дека све е најнормално во државава? Имав и една колумна со таков наслов на 15-ти октомври. Напишав така и не згрешив. Баш напротив, секој ден се појќе и појќе се уверувам во то. Еве последен пример е кампањана за дрогирање... или против дрогирање... Како и да е, „Животот е мојот филм“ се викат, и од радост бликат, и секаде се пикат... Добро, не баш секаде. Советон за радиодифузија и забрани да се пикат на телевизија пред 10 на вечер з`ш спотојте имале сцени со насилство кои што не требало да ги гледаат малолетници. Од агенцијава шо ги праела викет дека баш за малолетници и за млади биле наменети спотојте. И сеа чаре?
Па... јас, вака ко чоек шо секогаш ги поддржуват владиниве кампањи мислам дека за збркава немат друг одговор. Одговорот е еден и единствен, и пред се логичен – Бранко е крив! Ко шо дознав од извори блиски на Бичиклиски, спотон „Денот кога мајка и плачеше“ немало да бидит толку насилен и ќе можело да се прикажвит на телевизии по цели деној, ако и само ако, Бранко не ја скинел сајлата од кочниците на колана шо ја возат тројцана надувани фраери. Според извори блиски на истрагата, господинот Бранко, како не му е срам, дознал од кој паркинг дечкине ќе ја крадат колата, и како не му е срам, ги зел моторцанглите, пошол таму и, пошо не бил сигурен која кола ќе ја украдат, ги скинал сајлите од кочниците на сите коли, нормално и на таа шо ја крадат во спотон, како не му е срам. Натака знајте шо се дешават во спотон. Знајте, ако сте полнолетни и ако ве пуштет од дома да гледате телевизија после 10. Ако не – дечките мавет една девојка со колата и нормално, то е денот ко плачела мајка и. Ако не ја скинеше сајлата и ако не ја мавнеа девојката, сеа спотот ќе можеше сосем нормално да си се емитуват. Ама то е... не мојме нишо да напрајме, пошо Бранко, како не му е срам, контролират све во државава.
Џабе ти е и кампања, џабе ти се фрлени и скоро 600.000 евра ако ти ја заебит Бранко на крај. Ама шо да прајме сеа, не ќе фрламе уш толку илјади евра за да бит успешна и да си ја завршит задачата. Немат друго, ќе морат да го земиме секој малолетник шо живејт во државава, да го ставиме во стаклено ѕвоно и таму да го чуваме се дур не наполнит 18 години. Нормално, за да мојме да ја извршиме операцијата „стаклено ѕвоно“ ќе ни требит и некоја просторија кај шо ќе ги чуваме сите малолетници, за шо мислам дека остана место на кејон на Вардар, некаде помеѓу Камени и мостон Око, помеѓу зградата на Уставниот суд, Музејот на восочни фигури и измеѓу споменицине. Ко ќе наполнат 18 години ќе им се извиниме шо сме ги чувале така и ќе им објасниме дека за све им е крив Бранко и зато требит нему да му се жалат. Пред да ги пуштиме спонатно да се соберат и да појдат да му протестирет на Бранко под пенџере, ќе им ги пуштиме сптојне за да знает дека не е убо да се дрогирет, ама и за да знает дека дрогашине се лоши луѓишта и дека по дифолт секој ден убивет по печеснаес луѓе. Исто ќе им објасниме и дека сите шо шмркет кокаин се богаташишта невидени а оние шо се си мавет игли со хероин стојат позади МТВ и се шиткет – три за сто.
А ние не морат да чекаме 18 години. Ние ќе ја решиме ситуацијава уште на 29 ноември. Тогаш ќе го воскресниме Тито и ќе напрајме влада на националниот спас а Коле ќе морат да си заминит. Или така некако. Бар така викат Угриновски од Титови леви сили, сега веќе дел од гооооолемиот опозициски блок шо ќе ја паѓат сегашнава влада а е составен од една партија шо појќе од пола година се пронаоѓат себеси, и уште 11 шо со години пробвет да се пронајдат и никако да им успејт. Сигурно Коле веќе се имат упрпано и ги имат спакувано куферите, само го чекат 29-ти за да мојт визно да си се либерализират некаде во странство, подалеку од силниов опозициски фронт... Сега уште да дојт и Третиот пат па ко ќе се најт Коле сардисан, стварно не ќе знајт кој пат попрво да го фатит. Дали автопатон Александар Велики, дали аеродромон Александар Велики, или да си заминит со камионот со кој ќе го донесат споменикон на Александар Велики. Малку ме зачуди то шо видов некои батки од третиот пат шо веројатно скршнале на погрешна кривина и се нашле во вториот пат ама шо да се прајт... морат негде да си се пикниш... пред да ти го пикнат... ливчето во избирачката кутија, а на него да не си заокружен ти...
Цела среќа шо хомосексуалците се заокружени во новиот Закон за заштита од дискриминација. Само штета што страницата од текстот на законот кај шо биле заокружени им требела на владина седница па ја скинале и од нејзе си напрајле авионче и си го летале низ Владана. Добро, можда не било баш на седница ама точката за заштита од дискриминација за лицата со поинаква сексуална ориентација последен пат е забележана пред да влезит во владана. Од тогаш и се губит секаква трага а ко шо објаснувет од Министерството за труд и социјална политика, со законот се гарантират заштитата од дискриминација по основа на „пол, раса, боја на кожата, јазик, вероисповед, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, врска со некое национално малцинство, имотна состојба, раѓање или друг статус“, и то било доволно а тука се подразбирало дека влегвет и хомосексуалците и останатите кои би биле дискриминирани по основ на нивната сексуална ориентација.
Многу нормално. Само нека се осмелит некој да ги дискриминрат. Одма ќе му го извает од џеб законот и ќе му речат – читај! Гледаш овде шо пишит? Не таму бе глуп, ваму подолу... „друг статус“ пишит... Е така. Јас сум ти батка друг статус и ти не смејш ни да ме пипниш. Само пробај па одма ти го викам министерон Џељаљ Бајрами да ти објаснит убо...
Ко шо и објасна на колешкана Сашка Цветковска од А1. Министерот и рече дека лицата дискриминирани по однос на сексуалната ориентација ќе можат исто како и останатите да си барет заштита. А по кој основ? Епа шо е битен основот... ако си барет ќе си најдат... така отприлика си кажа чоекон. А и во право си е. Вие камо среќа да сте дискриминирани... за основ е лесно, одма ќе го најме...
А па и хомосексуалциве, стварно не знам шо се бунат... Владејачкава партија била хомофобична. Па добро бе срцки, ако не ви чинит не гласајте ја. Еве, јас да сум ко вас на следните избори ќе гласам за здруженава опозиција. Таму ќе имет слух за вашите проблеми. Мислам дека и подобро законско решение ќе ви изготват тие. Предлагам за новиот закон да се консултирате со Слободан Угриновски од Титовине леви сили, ко докажан човек, борец за човекови права и слободи. Па чоекон дури и дојде поддршка да ви дајт на Маршот на толеранција. Или не беше поддршка. Е убо де... шо и да беше, битно дојде. А Вмровцине нигде ги немаше...
Море Слободан е вашиот спас! Море Угриновски за премиер! Море другарот Тито за претседател! Море да живее братството и единството!!!
(Авторот вели – Што ќе ти е будилник кога си имаш фини комшии со бурмашини...)
(Колумната е објавена во неделникот Сега на
04 02 2010
)
(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 11 02 2010 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 16 02 2010 )
No comments:
Post a Comment