Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Feb 23, 2010

Тараби и бараби - проект на Владата на Р.М.

Постојат деној кога едноставно нишо не ти ојт, нишо не ти се прајт и нишо не ти е погодено, али морат да ги преживуваш и да ги извршуваш обврските. И еден таков ден не мојт никој да ти го разубајт, освен твојот пријател со кој секое ново гледање 50 денари старт значи, секој поминат километар е 25 денари долг, а секоја минута чекање на семафор во 5-денарка се претворува. Секој нареден муабет е нова возбуда, а секоја пцовка кон ближните му учесници во сообраќајот радост носи. Да бе брат, за таксист ти прам муабет. Ама колку убо и поетски го претставив, ко за Махатма Ганди да ти раскажвам. Али стварно, ко ќе ти се задајт таков ден ко црна чума над Македонија, ко ќе надвиснат тешки маки ко четири монтажни бараки, кога ќе те сардисаат мисли тешки ко Бау-Бау филмски грешки и веќе не можеш да одиш пешки, го повикуваш твојот такси френд и веднаш си во тренд. Иииииии, требит да размислам за пишење колумни во рима, само прво да видам дал ќе штима и дал на некого ќе го занима.

Туку дај стварно да ви раскажам како мојт таксист да ти го разубајт денот. Веќе расчистивме дека денот е срање, а за да бит уште пофантастичен почват и дождој да врнат, да турват. И си влегвиш в такси, па ти почвит прво таксистот муабет за времето и заедно го пцуете глобалното затоплување во стил - кај си бе, полово да општам со цела фамилија твоја топла намачкана со хопла, кај си ко ќе ни требиш најмногу... После, од ко ќе го извршите обредниот ритуал и откако ќе се изнасмејте на чичкото со точакот кој го испрскавте поминувајќи во езерцето напраено на патот, таксистот ти се отворат и ти ја распостилат душата на сред улица, онде пред вторине семафори. Ти кажвит како возит веќе скоро 11 саати и како прст пред око не гледат. Е, да, ова беше моментот за кој ви зборвам цело време. Ако после ова не ти се разубајт денов, не знам после шо. Уште одма го фаќаш телефонот, им вртиш на тие шо ти се во твојот круг, им кажвиш колку ги сакаш и на кого му ја оставаш колумната во наследство и дека единствено ти е жал шо не ќе мојш да ги доприш мадињата на Букефал. И таман ко ќе си помислиш дека другарчето заспало и дека со брисачите ќе ја изгребите колата од награднана на „Време“ ко ќе влезите соси кола во следната трафика, таксистот ти викат - толку дечки, стигнавме. Толку?!?

И шо, вака изгледат рајот? Фак! Враќај ме назад, Коле сепак имал пуба визија за то како требит да изгледат светов.

А да ви кажам право, после 268-то гледање на 3Д визуелизацијана за Скопје на МТВ, дури почна и да ми се свиѓат. А негде после 893-то веројатно и се заљубив. Цела штета шо го пропуштив Томиќ, ми кажаа дека ако сум го гледал него ќе сум се заљубел уште тогаш... и во него и во Скопјето визуелизирано.

И така заљубен, затрескан, ко шестоодделенец чија симпатија е четири години поголема, на појќе пати тргвев накај неа за да ја видам, па ако соберам храброст и муабет да и почнам, ама ко шо тргвев од Кисела Вода, најмногу шо стивев беше до Кјуби. И после то веќе немаше друг излез, морав да ја побарам другарка & за да ни закажит едно кафе-пиење. И све фино, лепо, ни закажа да се видиме кај Триумфалната порта за да бит потриумфално гледањето. Си се дотерав, си облеков нова блуза, пред два дена ја имав купено, едни постари фармерки тро искинати, ама така е мода сега... е сеа чорапите не беа баш чисти ама цела среќа шо беа црни, па не се познаваше. И ти викам, се дотерав, се средив, и тргнав накај то шо го видов на телевизија, цел среќен дека ќе мојме конечно да бидиме заедно. Ама кога стигнав таму - шо да видам... порта нигде, споменици аш, мостој и водоскоци јоктур... А таму беа, жими се, можда иљада сто дваес три пати ги видов на телевизија... на МТВ... Сеа стварно викет - не верви на све шо ќе видиш на телевизија, ама сепак... јавен сервис, убо видео, све супер и на крај така... Море кога сум се разочарал, кога сум паднал во едни депресии... После психијатарот ми кажа дека од толку гледање на визуелизацијата сум помислил дека све то е вистинско.

И сега... како ли јас ќе живеам без барокно Скопје? Како ли само ќе издржам 4 години да одам по сендвич кај Чичко ми Стоилко без да поминам под Триумфална капија? Како ли само да си го замислам животот без црква за да се помолам, па после да излезам од неа и да си купам крофни за здравје и чорапи три за сто за да не ги носам овие црниве шо ми се валкани... Ме прашал ли некој како ми е мене... Не, јас не можам на празен плоштад да седам, не јас не можам плоштад без Букефал да гледам... дајте ми орелски криља да си метнам и до Милениумскион крст да си прелетнам. Или то, или дај заградете го плоштадов, бар да не го гледам едно 4 години...

Ох, па вие веќе сте го заградиле. Е баш сте фини да ви кажам право. Да бе, немав излезено до плоштад подолго време и сега ко излегов баш пријатно ме изненадија оние железана со кои го имет заградено плоштадон, а кои слушам дека ги викет тараби... шо пак се римуват со бараби. Се чудам з'ш. Се чудам ама уште појќе се радвам шо ние сме единствени во светов шо си имаме Фармвил и на плоштад. А не ко другине, само на Фејсбук. Да, ептен онака, од дното на мојата душа и пукнатините на моето срце ми се свиѓат новава кампања - Зближи се - проект на Владата на Република Македонија. Знам дека се уште не е излезена по телевизии и дека се чуват во тајност, ама еве вака ексклузивно ви пренесвам дека тарабите поставени на плоштад се дел од најновата кампања на нашата сточекорско-надградена и проширена влада. Всушност со то шо плоштадон е заграден и немат место за разминвење владава сакат да го зближит народов македонски.

Бидејќи сега имат само по неколку метра од секоја страна слободен простор, луѓево одат поблиску еден до друг а повремено и се мавет еден од друг на разминвење. Е сеа, ако ви теквит на еден филм кај шо имаше еден дечко шо сакаше една женска ама не знаеше како да и пристапит па тргна кон неа и ко демек случајно се мавна во неа, па нејзе и паднаа книгите, па двајцата се наведнаа да ги соберат, па дури беа наведнати почна да свирит некоја уба музика, наеднаш нивните погледи се сретнаа и настана страсен бакнеж...

Е па баш од такви побуди е затворен плоштадон моментално. Само шо дур се дешават сценава немат да имат уба музика, ама за то сами си сте криви. Пак да му се смејте на Коце. Да не бевте така злобни и никакви сега ќе си имавте и рестартиран сат со пилиња и народни песни... Ама шо да ви прам ко сте прости. А владава стварно се грижит за вас. Проектов освен зближувачката, имат и уш една друга димензија. Димензијата е подготвувачка. Ве подготвуват за после 4 години. Да знајте како ќе поминвите покрај црквата ко ќе ојте накај плоштад и како ќе изгледат пробивањето пат помеѓу спомениците.

И кога веќе го спомнав Коце, иам една молба до него. Господине кој што сака коцки, јас би ве замолил да дојдете кај мене под пенџере и да ми го решите мојот февруарски проблем. Имат некои мачки, пиштат, вриштат, да не мојт чоек да спиет од нив. Дајте аман зејте ги и решете ги ко шо ги решавате проблемите на Скопје. Или слично ко шо ги решававте кучињана скитници. Сатар да побарам од комшијата или си носите со вас?

(Авторот не е доктор на науки)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 18 02 2010)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 24 02 2010 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 02 03 2010 )

No comments:

Post a Comment