Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Aug 31, 2009

1
Усни на усни (осквернавена)

Усни на клиторис, тивко врескање,
раце во коси, колку си највлажна,
курац у пичка, рај за Џолета,
двајцата хорни, на ти го најмила!

Срамни коси,
курац да ги носи,
дај да бегаме,
идет чуварон!

Aug 27, 2009

0
З`ш да не... колумна седма

Во денешното издание на неделникот „Сега“ седмата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Пу, ј`з`к“ на 50 и 51 страница.

Хајлајц момент - „Аце наш кажа две реченици и застана Грујо, си кажа дека цутет ружи во Охрид и во Македонија и дека во иднина и кокичиња ќе почнеле да цутет и си замина“.

Цената на неделникот е 50 денари со кои имате четиво за цел викенд... па и повеќе, зависи со која брзина читате :)

Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.

Aug 25, 2009

0
Т`га за Охрид

Си пазарам јас пред некој ден в продавница и влегват некој туристи внатре. Ги познав по муабетот, од скопјанишчана беа. Викат едниов „Добар ден. Имате Марлборо?“ Продавачов фино лепо му враќат „Имат“ „А лајт?“ „З`ш да лајт... не е куче да лајт...“ – му викат продавачов. Убо му рече. Ај сеа, ти им даваш то шо ти барет, пак уште и маани наоѓет. Да лаеле. Абе оди таму, ги знам јас скопјанишчана какви се. Ништо не им се погаѓат. Ама зато сеа од на есен ко ќе им стават на цигарине слики страшни, тогаш ќе ги видам дали ќе барет да лајт. Страмота.

И ти викам купив шо купив и излегвам од продавница и тргвам по чаршија да шетнам тро. А многу сакам да шетам на лето по чаршија. Ама ноќе да е, за пубав доживљај. Тргвиш од кај Чинарон и фураш накај езеро. Прво кај фонтанана го прескоквиш онај со куклине шо демек свират на пијано и продолжвиш надолу. Одма од десно до флиперине застанвиш на првата постојка за парфемирање, кај чичконо со ченкана де. Во гужвата дур чекаш да се разминиш ќе се намирисаш тро со мирисон на тазе печена ченка и продолжвиш натака. После прескоквиш уште некој питач, па продавач на цедиња пиратски, па продавач на рогој шо светат црвено, па продавач на сладолед – волна, па продавач на ветар и магла и тераш така надолу по чаршија. Од четири страни Ѓорѓи сардисан, чекорит ко војник од петта дивизија и ако случајно подзастанит да ѕирнит некој излог со намаление од 102, 17 посто ризикуват да бит згазнат од штикла. Онде после Амамон имаш чкарт уметнички дела за стопеес динари, и безболно бушење уши, нос и друго. Шо сакаш ти бушат бе. Тука, на лице место, одма до змиине за сликање шо се. „Дечко, дан касат змијата, отровна да не е?“ „Абе какво касање, мене шо ми фалит цело лето шо ја држам, еве ме, жив, здрав, убав... Ела, ела, ја ти гарантирам“. Атракција бе брат. Ние охриѓани знајме како да привлечиме туриста. Му ставаш змија околу врат, му светвиш со блицон и оп – сите среќни и весели.

После то го седвиш на столче, му црташ уш една змија на грбон и еден крст на градине, па му прајш ланче со името негово и му даваш пеес денари па го пушташ на плоштад да се частит една ченка варена. Пуканки и крофни сам ќе си купит, богат е. И ете ти. Имат слика со змија, уш една змија тетовирана од позади, и еден крст тетовиран од напред. Плус најаден. Сувенири, спомени, убајни... да имат да раскажвит дома му ко ќе си ојт. Ако не се најал со ченките го пушташ по сендвичарине и му даваш хамбургер од 100 денари. Ако се побунит ќе му речиш „Шо се буните море, шо се буните, само се буните, аман веќе. Кај ќе најш на друго место и сендвич да јајш и без пари жива музика да слушаш. Иту каква сакаш по избор, од еднава страна Лепотан од Цеца ти свирит, од другава Љепша од ночи и ти пак се буниш. Абе оди таму...“. И стварно брат, во Охрид летово ко некој клетва да ни имаше фрлено „Од музика да не куртулиш“. И стварно не куртуливме. Посебно онде од плоштад накај старион дел ко ќе ојш, од една страна слушаш „дупси, мупси, фупси“, од друга страна ни мупси ни фупси, туку певаљка со цел репертоар од Цеца, Шемса и Драгана Миркович. Цела вечер. Секоја вечер. Милина! До нејзе колега шо ги кинит Миле Китич и Шабан Шаулич и журката е комплетна. Седиш во една кафана, слушаш музика од три кафани. Само во Охрид и нигде на друго место! И сиве пеачи со посебни поздрави до наше пријатеље од севера. „Живела мајка Југославија, живели другови. Ајмо сада једне пјесми само за вас моји пријатељи. Ово сад су пјесме мојој младости. Кад сам ја био Титов пионер и кад сам носио ону маицу. Јел ви текнува на тој маицу? Ајмо друговиииииии, сва моја пјесма је од бола, а та је пјесма живот мооооооооој... па кажеееее, рууууууукееееее лоооомиииим, чаше ми крвавеееееее, па кажеееее...“

Ма каже, не викам дека не каже, ама каже на српски, и то на лош српски. Јас не знам з`ш морат секош ко ќе прајте муабет со некој Србин, Хрват или шо и да е да го уклучвите одделот во мозокот задолжен за лош српски пропратен со понижавање. Јас сфаќам дека сме биле дел од заедничка држава ама то не значит дека требит и после 20 години да се осеќате ко потчинети. Ко мојте вие да ги разбирате на српски, можат и тие на македонски... ама ај, на кого да му кажиш... Можеше мене еден Јапонец на Семинарон за македонски јазик да се потрудит, да искршит јазик и да ми напрајт муабет на лош македонски, наместо да фурат на англиски, а вие не мојте. Ама добро пак, можда зато јас немам фатено србинка летово. Можда пошо ми е глупо прво да им понудам неко пиче, за после да добијам неко пиче...

Како и да е, ти викам Охрид имат шо да им понудит на туристиве. Еве на пример, единствено во Охрид мојш да се сликаш со споменик и со продавач на ченки одеднуш. Како каде? Па на плоштад. Застанвиш пред споменикон од Климчета, до продавачон на ченки и имаш фотка со два значајни делој од охридската историја. И од христијанско-образовниот и од модерно-кичерајскиот. На сред плоштад бе брат. На срееед! После ојш потака кај учителите негови, Кирил и Методиј. Уствари не морат ни да ојш кај нив за да се сликаш. Ќе се качиш на трамболинана на пристаниште и ќе му го дајш апратот на некој да те фатит во скок. Таман, и тебе и Кирил и Методиј во позадина. После мојш да ојш да јајш Лесковачка позади споменикот. Па и ако не јајш бар ќе ја осетиш миризбата, пошо нели, добрата скара, надалеку мириса. Од киноно до второно пристаниште, кај шо одат заљубени... или изгубени... сеедно.

Туку све убо луѓево шо идат Охрид ама сеа да ти кажам право, љут сум му на премиерон, шо не дојде кај нас на одмор. Пред некој ден во Вест прочитав дека бил на одмор на Бриони. И се чуствувал ко Тито, пардон ко дома. Не бе, баш убо си поминал премиеров наш таму. Викат со сопругата се капеле, шеткале, читале книги... А меѓудругото Груевски и точак возел таму. По 5-6 километри дневно. Можам да го замислам таму, возит со точкот, пензионери седат на клупите покрај патеката а тој развикан – „За нас нема рецесија“, „Наместо да ги кратиме, ќе ги зголемиме пензиите“, „Ти си Македонија“, „Знаењето е сила, точакот е моќ“, „Раѓајте трето дете“, „Сакајте се“, „Толерирајте се“, „Античка Македонија“, „Европска Македонија“, „Македонија во НАТО“ „Остварувамеееееееееее“... А пензионериве со црвени шамии околу гуша и плави титовки на глајте развикани: „Такааааа ееееееееее“...
Милина бе, милина, одмор од соништата. Подолу во текстот Груевски кажвит дека морало да избегат од државава за да мојт на мира точак да возит, кај нас не можел, многу обожаватели, ова она, знајш како... Викат „Го сакам Охрид, ама таму не можам да се одморам. Ќе возам велосипед низ Горица и ќе се расправам со обезбедувањето!?“. Епа господине премиере, не знам дали знајш али пред некое време отворивме скејт-парк во Охридов, онде Ајван плажа кај шо беше порано. Ќе те викнев да поскејташ тро, ама паркот го отвори градоначалникон наш охридски, а вие колку шо знам не се љубите многу, многу па така да, ништо од бизнисот. Али зато овај другиов бизнис со кичерај цутит.

Охрид, ооооооо Охрид. Охрид на лето... убајни. И одморалиште, и летувалиште, и место за забава, и место за одмор, и место за панаѓур, и место за релаксација, и духовен центар, и шопинг центар, и лулка на писменоста, и лулка на неписменоста, и лулка на кичерајот, и све бе брат, све... Ваков град тешко се наоѓат... Зато си го чуваме, и секое лето се појќе го усовршуваме во неговата мултифункционалност. Али уба стратегија си имаме... на едно место ги нудиме сите видови туризам и нормално дека ќе сме најјаки и најпосакувани.

Ене од в година ќе прајме и трка на 500 метри со пречки. Пречките ќе се продавачине на ченки и крофни а победник на трката ќе е тој шо прв ќе успејт да најт кафана кај шо се свирит македонска народна или староградска музика. Ќе организираме и натпревар во старион дел на градот. Ќе имат натпреварувачи од цел свет, ќе ги пикаме по куќи и ќе ги легвиме да спијат. Победник ќе е тој шо прв ќе успејт да заспиет а ќе имат појќе дисциплини, ко на пример „спиење дур трештит техно“, „спиење дур имат жива свирка“ или „спиење со отворено пенџере дур имат караоке со Жаре Берберот“.

Стварно Охрид е убав град... само шо тешко мојш да го осетиш то загушен од сето она претходно спомнато и од насоката кон која се движит градов. При толку природни и историски убајни шо ретко каде ги имат, ние главниот акцент го ставаме на турбо-фолк журки и ченки варени, нешто што сегде мојт да се напрајт. Убав град, да, али уште поубав би бил кога би знаеле да го искористиме неговиот вистински потенцијал. И уште поубав кога би ги избркале сите Охриѓани, соси туристи и продавачи на ченки и пуканки. И така во тишина, без некакви си квази-певаљки мојш да застаниш Канео и вистински да го почуствуваш она што сакал да го кажит Константин Миладинов:

Тамо зората греит душата и с'нце светло зајдвит в гората. Тамо дарбите природна сила со с'та раскош ги растурила: Бистро езеро, гледаш белеит, или од ветар сино темнеит: поле погледниш, или планина – сегде Божева је хубавина. Тамо по с'рце в кавал да свирам, с'нце да зајдвит, ја да умирам!

(ак не се приметвит, авторот е охриѓанец)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 20 08 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 27 08 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 01 09 2009 )

Aug 20, 2009

0
З`ш да не... колумна шеста

Во денешното издание на неделникот „Сега“ шестата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Т`га за Охрид“ на 50 и 51 страница.

Хајлајц момент - „Само во Охрид мојш да се сликаш со споменик и со продавач на ченки одеднуш“.

Цената на неделникот е 50 денари со кои имате четиво за цел викенд... па и повеќе, зависи со која брзина читате :)

Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.

Aug 18, 2009

2
Се-вер-на, Се-вер-на... Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја!!!

Кај ми е сонцетоооооо? Сонцето мое кај ми е? Абре сонцетооооооо! Ќе ми кажит некој кај ми е сонцето? А? Сонцееееееее?!? Страмотилациииии! Ај скопјанишчана знам дека отсекогаш биле против нас ама сега и битолчани? Аааааааааа, не е ова на арно. Не знам како е сега дур го читаш ти ова ама јас си знам како ми беше дур го пишев и денојте пред то. Сонцено со потерница од Интерпол да го бараш. Ќе се појавит тро, така скриено зад некоја зграда, од овие новокомпонираниве во Охрид шо ги имаме на кило, ќе посејт тро, и оп – зафатило преку граница Албанија, ко емигрант некој. И плажине празни, немет гости, немет пари од пиење, немет пари од лежалки, нишо немет! И за све то се битолчанине криви. Ја не знам шо му текна на онај Граон да барат сонциња, сонце, сонце, кај ми е, шо ми е, и ни го сроза в корен. Страмотааааа, страмотаааааа! Да ти кажам право, се појќе за вервење ми е дека скопјанишчана ги имет поткупено битолчанине за да ни ја срозат сезонава. Зато ја чуди се ко ќе се жалат овие со хотеливе и плаживе, послаба им била, пак после рецесија било, криза било, ова било, она било... а то просто ко грав. Ете кај лежел зајакот. Иначе ова клишево со зајаков ич не го сфаќав ко мал. Раскажвит некој нешо, и другиов наместо аплауз се огласвит – „Ахааааа, значи тука лежел зајакооооот!“ И ја чуди се, џари се долу, барај зајаци во низок старт, то метафора да ти било. А ти бате ак не ја сфаќаш метафорава со сонцево, тогаш морам да те известам дека си, ќе ги цитирам скопјанишчана, „тапа фраер“. То ти е исто ко „Маја ми требит“, или ко „Госпоѓоооо, петти пат се јавувам“, или ко „Не карај мајка бре волу! Ти прв ми окара“, или „Кај е жената ти“ или миљон други такви, шо ак не ги знајш стварно си тапа фраер.

Али зато по Охридов летово мојш да најш катаљон вистински фраери. Море мачомени, море ѕверој! Иту ѕверој ко оние од планина. Им даваш соба за 300 денари, ги расфрлет куферите, одат на плажа, се мочет в езеро, и на враќање ги собирет сите жардиниери шо ќе ги најдат по пат, и по некоја гранка од дрвана по градов и си ги носат в стан. Ги редат околу кревети, по ходници, вециња и си се осеќет ко дома. Гранките од дрвата шо ги откорнале ги поврзвет со ортома шо си ја зеле од дома и се претворет во Тарзан, па излегвет на тераса да ја барет Чита. Пола од нив не знает ни да читет али то не е битно. Битно е да се дружиме! И после тргвет по кафанине, и таму „Сва моја песма је од бола, а та је песма живот мој“ во комбинација со две, три кригли и спремни се за свиркање и викање „шц малааа“ на икс женски персони. И после од ко ќе добијат по два, три шамари и од ко ќе сфатат дека се персони нон грати , се враќет во своето претходно хоум-мејд џунгла-стајл станче и ја фаќет она од Гоцета – „Ќе пијам ќе лумпувам, сум платил триста за станов, ак требит и ќе го уништам...“. И од ко ќе влезат во тој филм, лесно мојт да ти се десит ко мене пред некој ден. За малку шо не ме погоди еден душек ко поминвев под една зграда. Се изнервирало детето малце па фрлањето душеци од кревети на изнајмени станој му било нешо ко терапија. И не само душеци... све шо му е отпојќе. Освен гранките, пошо со нив се осеќал ко дома. Ја се кладам, да можеше да излезит в ходник и низ пенџере да го зафрлит станот на улица, гарант то ќе го напраеше. И ќе го качеше на некое дрво повисоко, за ептен ко дома да се осеќат. Си платил бе чоекот 300 денари, шо сакат ќе прајт. Така е! Браос! Добро сега, да бидиме тро сериозни, не викам дека сите се вакви, али и не те лажам за ова со душеков. Жими тебе така беше. Не знам дал ти теквит на лектирана за второ – „Приказни по телефон“ али во нејзе имаше приказна за некој деца шо биле ептен немирни и све кршеле, па се собрале возрасниве и решиле да им напрает некоја зграда шо ќе требит да ја уништат. Им ја напрајле и ги пуштиле внатре со чекани, казми, лопати, и батињава почнале да и онакват матер. И после недела дена конструктивност се откажале, им дошло преку гла и ја остајле така недокршена. И после биле мирни ко бубачки. Па си викам вака, во делов на туристички атракции во Охрид да напрајме и нешто такво. За симболична цена, ќе пуштаме внатре Тарзановци со вишок енергија и по некој чекан, па нека се забавувет. И после ко ќе се уморат мојме да ги пуштаме на Охридско лето да гледет некоја претстава. Е сега дали ќе најдат неоткажана претстава, то е друг муабет, али сепак мојме да пробаме.

Веќе не се ни бројат откажаните претстави на годинашново Лето. Сигурно не спремет за в година, за јубилејот – 50 години Охридско лето. Сигурно планирет да ни дает програма на 136 страници, со најголемите музички и актерски имиња и на крај да ни речат – Супраааааааајз, немат Охридско лето годинава. Се шалевме со вас, така малце јубилејно. Е така се прајт јубилеј бе брат. Ко овие од ФФМ за сто години фудбал во Македонија со влезнициве. Не знам шо се дешават пошо весников е веќе отпечатен овие дур игрет фудбал али то со влезниците стварно им беше јако. Еј дечки, ние трибина напрајвме, видете ја шуба е, ја ишаравме, ко знаме иста е. Види, види, најуба на цел свет. Ене и шпанцине ви ги викнавме, дојте да ја видите. Дојте, дојте, и на крај, бап – пола влезници в штаб. Митинг се прајт или шо. Имат да се знајт бреееееее! Исто ко – Љубчо крадеше ама имаше и за народот, само сега новокомпонирано – Грујо градеше ама карти немаше за народот. Ма шо ќе ти се карти. Шо ќе ти е и публика. Да беа попаметни ќе го земеја Грујо, ќе го исклонираја едно 10.017 пати, колку шо имат и седишта и ќе го ставеја да ја красит новава Северна трибина. На Јужна ќе донесеја митингаши со знамиња вмровски и ко ќе си го видеја лидерот од другата страна ископиран во платинест тираж ќе се развикаа – Јави се Се-вер-на, јави се Се-вер-на! И Грујовциве од спротива – Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја... На чичконо шо продават алкохол после седум во близина до стадионон, пардон, националнана арена, ќе му се слушаше ко Се-вер-на, Се-вер-на... Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја!!! Таман ко генерална проба пред сменава на имево. Боки Тринајска ќе пееше „Оооооо сооооолееее мииииооооооо“ а маестро Борис Трајанов „Сакам севернооо да ми е сееееее, и целиот свет воли диско, дискооо, а Боки коловоџа, воџа, воџаааааа...“ На Каролина не и дававме да пејт, нејзе ќе и даевме фалш влезница ненумерирана па после да се враќат дома по лична карта за да ја сменит. И на крај ќе истрчаше некој патриот со бугарски пасош гол на трева, ко шо биват на фудбалски натпревари, полицајциве ќе се фрлеа да го бркет, и на крај ко ќе го фатеа ќе напраеше прес конференција кај шо ќе кажеше дека го фатиле пошо бил бугарин, а тој сакал само да се подружит со Касиљас малце...

Јас пак чуди се зш ги запирале луѓено ко ќе поминет на црвено. Зш се бугари бе брат. Дискриминација, страмота... Ти теквит на онај нашион, Лазе Радески, серискион убиец од Охрид? Шо мислиш, зш го осудија него? Зш опрал луѓе? Ма немат врска, дискриминација ти е то бе брат. Го откриле дека на вечер пред да си легнит гледат бугарски певаљки на кабловска и оп – затвор. Абе седи, све то ти е смислена работа. Какво време дојде, да не мојш чоек да опериш ак имаш бугарски пасош...

Туку остај ти бугарски пасоши и црвени светла. Весников праеше две недели пауза па пошо не се имавме читано тро подолго време, да ве прашам како сте ми, како си поминвевте без нас, дали сте ми живи, здрави, арни... Еве да го прашам и преседников Џоле дали е арен. И онај дечконо од партијана негова, шо всушност не е негова, пошо беше независен кандидат, како шо е сега независен прецедател. Бичиклиски де, за него ти зборвам. Јас го мислев колегана негов, Емилијан, за шегаџија, тогаш ко ни викаше – во Струмица победивме,во Куманово победивме, во Вранешница победивме, во Струмица победивме, во Куманово победивме, во Вранешница победивме, а победивме и во Струмица, па во Куманово победивме, и во Вранешница победивме, и во... Ама ништо, Бичиклиски да ти бил поголем шегаџија. Од ко го премислија, пардон, од ко се премисли Џоле за Ламбета, излегвит Бичиклиски и викат – Бранко е крив. Демек сега на Бране му е криво шо за него немаше вила ко за Џолета шо имат па ојт одвреме навреме да барат таен влез за да осетит и тој малце од новиот преседнички кабинет. И демек вечерта му се посреќило, го нашол влезот, влегол, и патем решил да го додајт и Ламбета во листата за помилување. Паметно, доста паметно. Јас вака искрено, се си мислам дека Бранко е крив и шо се расипа времево во градов минатата недела. Се премислив. Не се криви ни скопјанишчана, ни битолчанине. Бранко е крив! И сега чекам некој ден ко ќе му снемат бензин во колана на Бичиклиски да излезит на прес и да речит – Луѓе, ја сабајле си влегвам в кола за да дојдам на прес за да го обвинам Бранко за глобалното затоплување, кога гледам не ми пали колата. Гледам на инструмент таблана, потенциометарон за бензин на нула. И веднаш ми текна, пак Бранко ми направил некоја саботажа. Замислете колку подмолен потег. Во четири сабајле, ми влегол во гаража и го испил цееееел бензин. Па зарем не е срамота тоа. Па до кога вака...

И јас то прашвам бе брат. До кога вака море. Појќе ти зборвиш за него отколку кај него в партија шо го прает муабет. И ако се вратит на власт, ми се чинит, ти најголеми заслуги ќе имаш. Ќе требит орден после да ти дават, ко Џоле на секој странец шо идат во државава шо му дават. Туку заеби ти ордени, ојдов ја сонцено да си го барам, за да можам на плажа да појдам. Или Бранета да го најдам и да го истепам пошо ми го зеде сонцето... Не, не, сепак ќе одам на Фејсбук да го решам квизон „Колку ја сакаш Македонија?“ и да ми испаднит „Македонец до коска!! Браво!“ и така горд дека сум напрајл нешо за земјава да одам да се развикам на стадион: Се-вер-на, Се-вер-на... Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја!!!

(ак не се приметвит, авторот е охриѓанец)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 13 08 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 20 08 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 25 08 2009 )

Aug 16, 2009

9
Матер вам јебем

Постов го пишувам испровоциран од денешниот инцидент кај Нерези а посебно поради темата за инцидентот на Кајгана форумот во која некои личности го славеа нацизмот.

Еве линк до темата, а еве, ќе ви ги издвојам и најрадикалните коментари.

kIRe9 - ШО БЕ ЗА ЖАЛ.... НЕКА ИДАТ ПАК ДА СЕ КУРЧАТ И ОНИ ДА МАЛТРЕТИРААТ МАКЕДОНСКО НАСЕЛЕНИЕ... ТАКА КЕ ИМ СЕ ВРАЌА... АКО ИДЕМЕ СО ТОЈ МЕНТАЛИТЕТ ДЕКА ТРЕБА ДА ИМ ПОПУШТАМЕ ДАЛЕКУ КЕ СТИГНЕМЕ... МАКЕДОНЧЕТО СИТЕ МОЖАТ ДА ГО ГАЗАТ А НИЕ ДА СИ ЌУТИМЕ... МАЛЦЕ НИ БЕШЕ ВО 2001... НЕ ГО ОПРАВДУВАМ ТОА ТО СЕ НАПАДНАТИ НЕДОЛЖНИ ГРАЃАНИ... ВАЉДА ОВА НЕМА ДА СЕ ДЕСИ ПАК... АМА КАКО ОНИ НАС НИЕ ТАКА НИВ...ЧИСТА РАБОТА БЕ БРАТ... #

Viktoranius -Им се поклонувам на Комити. Браво за тоа денес. Да бевме сите како тие 300 луѓе, денес ќе немаше малцинства во Македонија. #

GIS - Komiti koga minuvale niz Nerezi peele pesni protiv siptarite,toa si e normalno kaj sekoja makedonska navivacka grupa,kako sto velat odma im se nasobrale 4-50 dusi i toa se postari lica nad 30 godini i pocnale kon niv da frlaat cigli,a nekojsi imale i lopati vo niv,zenata sto velite deka e povredena prva frlila cigla kon niv !!!! Tie vozratile duplo i eve im posledici,normalno sega ke gi obvinuvaat "huliganite" a ne graganite od vtor red !!!!
POZDRAV ZA KOMITI !!! #

Saber Rider - Pusi kur picko vie nas prvi ne isprovociravte. Denes totalno ebenje na siptsarite od nemok pocnaa od dzamijata so pistoli i sekiri da izlagaat. Ali ve ebavme go pusevte. Uf toj sto se praese najak lele kako go izede MRTOV SIPTAR DOBAR SIPTAR LE O LE, ALAH PEDER NAPRED VARDAR LE O LE #

И сега, за да не пишувам пост од ново следуваат моите коментари од Кајгана форумот.

Јован (во одговор на Propagator) - Кои мои бе?
Кои се мои?
Хулигани и нацисти не вбројувам во мои.
И ако треба да се поистоветувам со сите Македонци само поради тоа што се Македонци тогаш...

Ќе напишам некоја колумна на темава, само да помине летово бидејќи сега сум сконцентирам на Охрид и претежно заебанции поврзани со Охрид.
А би требало утре да излезе еден текст за еден „наш“ во Грција.

Али не ти чини логиката...

Ќе копирам нешо шо го зборвев на мсн во врска со застанувањето на едната или другата страна...

Треба да се застане на страната на здравиот разум.
И на страната на тие што гледаат како заеднички да преживеат во една држава која е на последно место по многу критериуми...
А не да се делиме по најглупиот можен критериум - етничка или верска припадност.

Дури размислуваат вака и едните и другите не ојме напред... #

Јован (во одговор на Propagator) - За кои наши интереси зборуваме?
За да се исхраниме и да преживееме заеднички?
Или за да преживееме само ние, а да ги убиеме сите останати?

Ако очекуваш нешто такво, тешко дека ќе дочекаш такво нешто од мене...

И да, вака некако започна и 2001... со моите и твоите, со нашите и вашите и со пушките и пиштолите... ако сакате реприза, само повелете, верувам дека ќе уживате... #

Јован (во одговор на Viktoranius) - Јас пак ви се поклонувам на сите вас со кои пријатно си дискутиравме на темава.
Доста беше од мене.

Пу, ј`зк! #

====================================================================

Постов би сакал да го завршам со едно големо разочарување од луѓето со кои ја делам државава. Повеќе на тема национализам и меѓуетнички конфликти во некоја следна колумна...

Сега ве оставам со песнава од Едо Маајка, која иако е пишувана за босански прилики совршено се вклопува и во нашата приказна... Запазете го текстот, не само насловот...

Edo Maajka
Mater vam jebem

Ovako,
kod nas se od Dejtona
godine broje
ljudi se ljudi boje
i svako glasa za svoje

Brdjani postaju gradjani
do jucer svjetla gasili sjekirama
a sad su u odijelima
Mirnese, sredi ih Mirnese
jebi im mater
ako se ti pocnes prodavat'
i tebi cu mater jebavat'
da znas

Nije bitna ideologija
bitna je biologija
bitna je genetika
balije, ustase i cetnika

Svaka ovca svome krdu
krave uz telad
u sarena vrata gledat
jedni drugima mater jebat

Znam ko je poceo rat
znam sta je glad
znam kad su Seseljevci
dosli u moj grad

Pricam o onom kako je sad
slabo se micemo s mjesta
puni smo rupa k'o nasa cesta
cesto vucemo rucnu - vidi svaki biser
isli bi naprijed al' volimo taj rikverc

Postalo nam navika
da ne radi ni jedna fabrika
malverzacije presutimo
gazde ne ljutimo

Navikli se, na gebiru i u miru
mladi iz zemlje bjeze
izbjeglice se vratit' nece
ne moraju, nek zarađuju
nek nam salju para
mi cemo zivit u mraku
i jedni drugima jebavat majku

Cijela drzava placa reket
po kucama oruzja od rata
cuje se zveket
imamo mina ko jagoda pune oranice
al' nece brati urod
ovi sto su pravili sadnice

Bole nas kite, imamo resursa vise
pogotovo metala, govana, metana
to je nas zrak i hrana
s tim nas vodje hrane
ne znam za vas, ja sam sit
u mene vise ne stane


Svako kurac u drzavi pusi
zatvara usi
pred nepoznatim ljudima
drzim jezik za zubima
da l' selam, zdravo, bog
kako je pravo
ne znam vise sta da kazem
u sranju da se ne nadjem

Bace u uho bubu
sviraju ratnu trubu
ljude drukcijeg pogleda
imaju na zubu
a da im isprave pogled
poslace jedan odred
da im zapaljenu kucu
gledaju kroz dvogled

Al' nema ratne nevjere
sto moze unistit temelje
onaj korijen kuce
u kojem su nase duse
onu burmu i lanac
sto u temelj baci Bosanac

Kad kucu pravi
u temelj dio sebe stavi
srusi do temelja, ne ide temelj
on ce ostat' vjecan k'o Sava

Mater vam jebem
mater vam jebem
mater vam jebem
mater vam jebem


П.С. За инцидентите се дискутира и на Твитер. Линк

Aug 13, 2009

0
З`ш да не... колумна петта

Во денешното издание на неделникот „Сега“ петтата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Се-вер-на, Се-вер-на... Ма-ке-до-ни-ја, Ма-ке-до-ни-ја!“ на 50 и 51 страница.

Хајлајц момент - „Боки Тринајска ќе пееше Оооооо соооооле миооооооо а маестро Борис Трајанов Сакам северноооо да ми е сеееееее...“.

За овој број направив и уште нешто од Охрид, односно интервју со градоначалникот Александар Петрески. Таткото на нашата туристичка и културна метропола тврди дека за успешен развој на туризмот потребна е сплотеност, а не кавги меѓу локалната и централната власт.

Цената на неделникот е 50 денари со кои имате четиво за цел викенд... па и повеќе, зависи со која брзина читате :)

Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.

Aug 6, 2009

0
Даваат бубрег, но Сараиште не!

Граѓаните од стариот дел на Охрид бараат да се стопира издавањето на месноста Сараиште под концесија и инсистираат тој дел да остане и натаму јавен простор на езерското крајбрежје. На 13 јуни Министерството за транспорт понуди на лицитација 11 плажи. Една од нив од 501 м2 е во месноста Сараиште,0 која се наоѓа во стариот дел на Охрид, пред Националниот музеј, Куќата на Христо Узунов, Куќата на Уранија и споменикот на Коста Абраш. Во летниот период тој дел како плажа го користат граѓаните што живеат таму, но и многубројните туристи. Охриѓани деновиве собираат потписи преку месната заедница „Стар Град“ за да спречат никнување на приватна плажа на тоа место.

- Сараиште не е познато само по големиот број културно-историски споменици туку и како единствено место во урбаната средина на крајбрежјето на Охридското Езеро што може слободно да го посети секој добронамерник и да ужива во природните убавини. Само на овој дел постои природен брег со песок и камчиња, кои претставуваат и значаен филтер на водата. Само на овој дел нема огради и е достапен за секој граѓанин или посетител што сака да ја користи плажата без да биде принуден да пие кафе, сок или да користи лежалка - вели еден од иницијаторите, член на Месната заедница и на Советот на Општина Охрид, Тони Тунтев.

Писмо до министерот Миле Јанакиески испрати и градоначалникот на Општина Охрид, Александар Петрески, во кое наведува дека локалната власт им изразува поддршка на граѓаните. По ова прашање како ретко кога сложни беа и советниците од власта и од опозицијата на седница одржана во минатата недела.

Поддршка на иницијативата и' дадоа и други институции.

- Со издавањето на Сараиште ќе се наруши автентичноста на тој дел од градот и ќе се загрози подрачје под заштита на УНЕСКО, дел од една ретка амбиентална целина добро препознатлива за Охрид - вели директорката на Завод и музеј, Тања Паскали-Бунташеска. Таа појаснува дека без нивна согласност не смее да се поставуваат привремени објекти во заштитениот дел на градот, но за конкретниот случај никој не ги консултирал, па затоа и Заводот со допис реагирал до министерот.

За значењето на Сараиште најдобро објаснуваат локалните жители. Миле Христоски се сеќава на своето детство во 50-тите години, кога тоа место било рибарска населба, а рибарите таму ги поставувале своите мрежи и таму ги чувале и чуновите.

- Треба да се врати автентичноста на ова место. Доста ни е од кафеани, ги има премногу. Ова е единствената плажа што остана овде и во неа се крстиме. Тука се капеме, тука и седиме, а Министерството, лакомо за пари, сака и тоа да ни го земе. Кај можам јас да плаќам лежалки или пијалак секој ден - прашува Христоски. Тој вели дека местото е уредено од мештаните, кои во минатите години се организирале и со нивни пари го уредиле просторот.

Неговиот сограѓанин Ванчо Цигло вели дека нема друго место во светот на кое може да се најде ваков пример на плажа меѓу куќи. Тој се потсетува на времето кога како плажа го користеле и делот на Ј’но во непосредна близина, кој сега е целосно затворен од кафе-барови.Најгласна меѓу жителите загрижени за судбината на Сараиште е 61-годишната Наде Патчева.

- Нека дојде министерот и од нас нека ја побара. Ако треба, по еден бубрег ќе дадеме, ама плажава не ја даваме. Ако треба, ќе излеземе овде со децата и со жив штит ќе ја браниме - вели Патчева.Покана до министерот упати и Климе Филев, чија куќа излегува директно на плажата.

- Министерот нека преспие една вечер овде за да види како ни е нам. И вака не се спие до 4 часот наутро, а како ли ќе биде ако ја издадат и плажава - вели Филев. Граѓаните се сомневаат во регуларноста на издавањето на тој простор и велат дека постапката мора да се стопира.

(Текстот е објавен во дневниот весник Дневник на 06 08 2009)

Aug 3, 2009

0
Вози пребрзо, стигни прерано!

Штотуку изгледав едно јутјуб клипче кое ме потсети дека требаше да напишам еден пост уште пред некаде месец и пол но поради ХУ причини не го напишав па...

Се работи за безбедноста во сообраќајот и како таа влијае од ТЕБЕ, како учесник во него.

Еве го најпрвин клипчето со Nothing Else Matters на Металика во позадина и неколку навистина успешно направени реклами поврзани со гореспоменатата тематика.


А еве ја и фотката која ја планирав за пред месец и пол.



Обично го критикувам трошењето државни пари за владини кампањи кои најчесто се користат како само-рекламирање но морам да ја поздравам оваа кампања бидејќи мислам дека е многу ефективна, посебно слоганот на кампањата.

И за крај, нешто што го најдов пред некој ден на Твитер а кое одлично се вклопува во муабетов.

http://i29.tinypic.com/2yoreoy.jpg

Aug 2, 2009

0
Кис ми во Охрид... ексклузивнооооо * # *

Дамииииииии и господаааааааааааааааааааа...

Чујте и почујте, ептен ексклузивно, дури и со ѕвездички и тараби во насловот...

Легендарните Кис ми летово во Охрид, ако ги пропуштите самоубијте се со нивна песна по ваш избор.


Клик на сликата за поголеми димензии

А еве една по наш (читај: мој) избор.

Среќни илинденско-велигденски празници со Кис мииииииииииииииииииии!