Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Oct 31, 2009

0
З`ш да не... колумна 16

Во овонеделното издание на неделникот „Сега“ шеснаестата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Фајар ин да хооооол...“ на 32 и 33 страница.

Хајлајц момент - „Еве јас одма му ја сфатив стратегијата на Коцета. Организират турнир во Кантер за да мојт да научит нешто и да регрутират тим за помош во незгодни ситуации, ко ќе станат граѓаниве да се побунат за нешто.“

Цената на неделникот е 50 денари со кои имате четиво за цел викенд... па и повеќе, зависи со која брзина читате :)

Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.

0
Спонтано собрана држава

Комши бе, комшииииии, дај не заебавај, дај не прај вакви меѓусоседски кавги и нарушувања на меѓусебните односи. Јас уште пред две години си го поставив чергичево и си ја обележав границава, ти сега поделби, размена на територии... Ти реков, територијава лево од лифтов е моја автономна територија и немат тука муабет. Ене, прашај го и Перо од шести спрат па ќе видиш. „Ти можда си ставил чергиче пред две години ама јас се помочав по спратов и си одбележав кој дел е мој уште пред три. Уствари прво го терав Џеки, кучено мое најубо да се помочат, ама пошо то нејќеше морав јас. Али то не е битно, битно е дека ние склучивме пакт со комшикава од спротива уште тогаш, а ти сега ми продаваш муда од лабуда...“

Ево бе, добар, вежбам меѓусоседски дијалог и размена на територии по македонско-косовски терк. Ти како? Дома жени, деца, животињи, арни...? Кај мене све си е убо, само тро проблеми шо си имам. Тамам се договорив со комшијава Тасо за територијава шо ни е на заедничкиов спрат од зградава, се јави Диме од втор, против куќниот ред било, ќе поднесел претставка до Куќен совет па ќе ни ја паднел распределбава. Хејтери бе брат, да не мојш територии да си размениш слободно...

И ај проблеми со комшииве шо си имам, си имам и проблеми по дома. Мојш да ме најш забулен со печеснаес ќебиња и јамболии како седам на компјутер сурфајќи посветено 24/7, така по малце замрзнат. Да бе. Слушам онај Гордон Браун на некоја конференција предупредил да пазиме шо прајме, глобалново затоплување ќе ни онаквело матер. Кое затоплување, жити стаклената градина, кажи ми. Надвор ветришча и виулици, на душава студој и санти мразој, на срцево мисли темни, а од устава пофалници за Топлификација. Грејна сезона почвит на петнајсти октомври? Епа и кај мене грејна сезона почвит. Па запират. Па пак почвит. Па пак запират. Па после почвит и не запират ама млака е, ко вода пред крај на туширање. И дур почнит да грејт ко чоек, веќе дошла 2012 и толку... крај на програма.

А пред крај на програмата ќе ви пуштиме еден балон да шетат по Америка и ќе пратиме осум хеликоптери да го следат и да го давет лајф ко брејкинг њуз. Чудна работа се Америкине. Или ние сме чудни. Дури кај нас по интернет деца пишет дека ќе колеле хомосексуалци ако напраеле парада, таму дечињана си летет со балони. Или седат затворени в шкаф дур цел свет со пуканки в рака чекат да видит дали рецесијата конечно ги докрајчи авионските компании а луѓето почнаа да летет по светов со балони. Во меѓувреме и дали Игнацио ќе ја бацит Касандра или Шехерезада ќе му дајт на Ранду...

Или дали Бранко ќе му дајт на Никола. Мислам... согласност за смена на името де, да не се разбериме погрешно. Али види вака, Бранко ко многу добар партнер се покажвит. Му дават на Колета на невидено. Му остават одврзани раце и без разлика на то колку сантиметри би била дожината на отстапувањето од вцрвенатата граница... Му викат, брат немај гајле, мени го ти името, ние ќе ти го подржиме. Еве јас му вервам на Бранко и не се ни сомневам дека ќе му го подржат. Само шо Коле некако срамежлив ми е во последно. Шо дека Бране му дават ко овај не знајт како да го примит. Компромисот. Или согласноста. Или шо и да е. Не е битна формата, битна е подадената рака. Или нога. Или што и да е. Ама ти викам, Коле некако ретко го гледам да зборвит за вакви работи. Некако ко табу тема му се. Посебно оваа тема, за со грчиштана. Али ај, ќе се опуштит, ќе се подмачкат работава па ќе лизгат. И ќе го решиме проблемот. И сите среќни ќе сме. И задоволни. И еуфорични. И шо е најважно спонтани.

Спонтаноста ти е брат, една од историските ознаки на овој народ, втемелена во неговиот генетски код. Еве минатата недела зеј ја за пример. Ко добивме препорака од Европскана комисија на ЕУ. Си пуштив фино лепо Сител и си го гледав Латас па се радвев заедно со него, дури и упатства ми даваше чоекон како да се радвам. А и само тој се радвеше. Сине други презентери исти ко и обично. Дури ни педикир немаше напраено една презентерка, да не ја именувам сега, незгодно е вака. Ама ти викам, ме фати и мене еуфорија па од ко изгледав еден прилог фатив така еуфорично да размислувам и да клепам теореми па го извлеков тој заклучокот од погоре. Да де. Дека сме ептен спонтан народ.

Ти викам, имаше еден прилог кај шо опишвеа како народот се радвел за препоракава и покажаа луѓе со коли и знамиња кај шо шетет по метрополава наша волшебна и како на крај стигвет до дестинација – Илинденска 24/7. И нормално, репортеров, ги прашвит кој шо мислит, како мислит, зошо мислит, и како си се радвит за препоракава. И нормално, сите за себе, секој си кажвит како различно си ја доживеал веста. Али сите беа сложни во едно. Ги прашвит репортеров упорно – „А се организиравте или спонтано се собравте?“ „Ма спонтано, спонтано, само што слушнавме на телевизија и веднаш дојдовме тука. Спонтано беше, најспонтано...“ – раскажвет еуфорично ЕУ-форични граѓани. И ги гледам уш еднаш, па уш еднаш, и немат шо. Морам да се сложам. Спонтано си се собрале луѓето бе. И сите најспонтано по дома си чувет по неколку знамиња за спонтани потреби. Едно македонско, друго на Европска Унија, трето америчко, четврто на бивша Југославија, ако случајно ни здосадит олку многу самостојност па решиме да си го искористиме правото и да си стапиме во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Па шо. Така си гласавте на референдумот бе. Си мојме, з`ш да не...

Туку шо ми беше муабетов... Интересен народ, требит да го пратиме негде на испитувања па да видите како ќе се откриет одма и телепатија и телепортација и све по список. Ќе се потврдит уште еднаш уникатноста на Македонија и Македонците. И шо е најбитно, ќе сме единствен народ на светов шо мојт спонтано да си се соберит по било која точка од дневен ред, директно на улица. Со знамиња. Со испишани транспаренти. Со готови извици и скандирања. Координирано. И во исто време. И на исто место. Спонтано бе брат, спонтано. И не е само примерот за препораката... И на 28 март спонтано си се собраа луѓе. И крстој и икони дури имаа тогаш. Све спонтано бе. Кој шо имат по дома, спонтано си го земат, спонтано си излегвит од зграда, спонтано влегвит в кола или в автобус и најспонтано ојт на некоја спонтана локација. А не знам дали го знаевте податоков. Баш сега, така спонтано ми дојде на памет. Муабетов е дека уште во времето на Александар Македонски нашиот народ бил познат по својата спонтаност. Впрочем, најголемите битки и освојувања се направени така, сосем спонтано. Луѓето спонтано земале пушки, пиштоли, зољи и калашњикови и тргвеле во поход. А шо мислите како го наоѓале Ацета? Џи-пи-ес дан имале случајно па да го лоцирет... Не бе брат, све најспонтано. Исто ко сега, така и тогаш. Со телепатија. Земаш едно теле, му кажвиш дека мајка му е крава и го пушташ да патит. Ти во меѓувреме потствесно се договараш со другиве и после дур ти патит телево ти спонтано се облеквиш, земаш шо ти требит од по дома, дали знамиња, дали кило портокали, и ојш кај спонтаните ти другарчиња. Просто воодушевувачки изгледа македонската спонтаност.

Исто толку колку новиот проект на владата на Република Македонија. Онаа што не јајт и не пиет, море ако требит и не спиет, само за вас да ви е убо. Еве, кој викаше дека нишо не сме напрајле на поле на странски инвестиции? Кај е тој јунак да го видам сега? Е нигде, кај ќе е... ко ја имаме најголемата, да не речам, капитална инвестиција за годинава. Мораше малку да почекаме да поминит рецесијава по светов (кај нас не идат, не се секирајте), али еве сега од ко стивна, почнаа и инвестициите да си идат. Еве, слушам и се радвам, скокам по дома од среќа. Крива Паланка гради јавен тоалет. И не само шо ќе бил јавен, туку ќе бидел ем јавен, ем модерен, ем уреден, ем градски, ем тоалет. И сето тоа, но и многу повеќе... по дваесетина години чекање...

Абе не велат за џабе „кој чекал, дочекал“. Све си имат значење. Некогаш стварно вредит да чекаш. Еве ко сега на пример. Владава ја исправи Крива Паланка. Алал да и е. Ќе гласам и на следните предвремени избори за нив. Во меѓувреме го чекам свеченото отворање. И се надевам дека премиерот ќе ни е таму. Да пресечит црвена лента, да напрајт една проба со казанчето, па да дајт преродбеничка ем остварителна изјава. И ко шо си биват, новинариве на сред веце да го прашет шо мислит за геј парадата. Па да го видам кај ќе бегат после...

(Авторот е сопственик на точак Пони)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 22 10 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 29 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 03 11 2009 )

Oct 23, 2009

0
Контра-протестанти за геј-парадери

Откако неделникот „Сега“ ја објави приказната за геј-парадата која се планира да се одржи во Скопје, за да добиеме претстава каква е ситуацијата и генералното размислување во текот на минатиот викенд спроведовме и анкета. Низ корисниците се ширеше со помош на социјалните мрежи како што се Фејсбук и Твитер.

Во анкетата учествуваа вкупно 242 гласачи а резултатите не одат во прилог на иницијаторите на идејата за одржување геј парада. Или поточно кажано, резултатите одат во прилог на мислењата на експертската јавност дека Македонија сеуште не е зрела за прифаќање на различностите во поглед на сексуалната ориентација.

Анкетното прашање беше „Дали ја поддржувате идејата за одржување геј парада во Скопје?“, со четири можни одговори. Најголем дел од испитаниците, односно 48% (117 гласа) ја одбрале опцијата „Не, баш напротив, би излегол на „контра-протест“ доколку се одржи парадата“. Втора на листата е опцијата „Да, апсолутно го поддржувам слободното изразување на сексуалната ориентација преку таква форма, но не би излегол на таква парада„ со 21% (52 гласа). Трета е опцијата „Не ја поддржувам идејата, но не би се ни спротиставувал доколку се одлучат да ја одржат со 16% (37 гласа), а најмалку гласови доби опцијата „Да, апсолутно го поддржувам слободното изразување на сексуалната ориентација преку таква форма, па затоа и би присуствувал на парадата доколку се одржи“ со 15% (36 гласа).

http://i38.tinypic.com/296khw6.jpg
*постои мала грешка во процентните резултати кај третиот одговор. наместо 16 пишува 15 проценти но во објаснувањето и во весникот е дадена вистинската бројка

Доколку нашата анкета претставува реална ситуација тогаш на парадата би имало 36 луѓе, а од другата страна, на контра-протест би имало дури 117. Протестантите би имале поддршка од уште 52-ца, а контра-протестантите од 37-мина, кои би седеле дома и би го гледале тоа на телевизија.

За повеќе информации околу реакциите и мислењата на експертската јавност во новото (вчерашно) издание на неделникот „Сега“ (22.10.2009) на 45 страна под наслов „Геј парада. Митингот ги разбранува страстите

Oct 22, 2009

0
З`ш да не... колумна 15

Во денешното издание на неделникот „Сега“ петнаестата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Спонтано собрана држава“ на 56 и 57 страница.

Хајлајц момент - „Бранко му дават на Колета на невидено. Му остават одврзани раце и без разлика на то колку сантиметри би била должината на отстапувањето од вцрвенатата граница... Само шо Коле е некако срамежлив. Шо дека Бране му дават, ко овај не знајт како да го примит.“

Цената на неделникот е 50 денари со кои имате четиво за цел викенд... па и повеќе, зависи со која брзина читате :)

Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.

Oct 20, 2009

0
Све најнормално бре!

Веројатно сите во својот комшилак имате бар по едно место кај шо мојте во кое било време од денот или ноќта да појте и да се најајте ко чоек. То место по некоеси правило обично се викат пекара. И обично доста често ви се дешават во пазуа за реклами од филм на телевизија да појте и да си зејте нешо за јадење па да го јајте уз филмот. Ако погодите некој убав термин мојте за време на рекламите и да си го изејте и да појте до веце по нужда па ко ќе се вратите да продолжите да си го гледате филмот. Е сеа, шо ми беше муабетов... Е да... јас немам такво место. Имат некој шо се убај ама работет само денски а ко ќе си студент во друг град обично ти се јајт и на вечер. Добро, и да не си студент ваљда ќе ти се јајт ама ова беше за да илустрирам дека немат кој да ми зготвит во два после полноќ ко ќе ми се јадит. Е, али имам една пекара, малку подалеку е ама е прилично подобра од ова шо ми е одма до зградава а чии производи да не беа леб ќе ги наречев срање. Пошо ме учеа дека за леб не се викат така решив да не го пишам зборот срање во колумнава. Е сеа, за да не бит се ко шо требит обично ептен ти се јајт за време на државен празник и од ко ќе појш кај пекарата сфаќаш дека уствари не работит. Дур ојш натака почвит да врнит и дожд и на враќање од затворената пекара се прајш жива вода и пошо ептен ти се јајт решаваш да купиш некое си неубо пециво од пекарата за која за малце ќе речев дека е срање. И така ем ненајаден ем накиснат продолжвиш да гледаш некој глуп филм на телевизија.

Која е поентата на мојава празнична дешавка и нејзината вредност да бит објавена во весник? Веројатно никоја али пубо е ко ќе си ги кажиш маките пред еден куп луѓе. Е сеа мојме да преминиме на вистинските македонски маки, проблеми и дилеми. Уствари чекај малку, иам добра вест. Пастирот наш изгледа имат уба пекара во близина кај шо живејт. И веројатно му работит и за државни празници. Не дека го следам во слободно време али ваљда е така пошо расположен го видов сеа за празников. Читаше од некојси лист пред некојси чичковци на некојаси прослава. Ама знајш како? Ко втораче ко ќе излезит на приредба за патронатот на школото со победничката песничка за годинешниот конкурс. Само шо песничката му ја напишала мајка му и сеа освен шо не ја знајт на памет за да ја изрецитират, не знајт ни да ја прочитат ко шо требит пошо прв пат ја читат па ај шо не креват гла од над листон, дури и грешки прајт. Ама то и не е главниот проблем. Проблемот е шо и на мајка му не и ојт баш пишаниот збор па то шо го напишала немат никаква врска со темата. Па така на тема „Решавање на спорот со името“ детево рецитират – „Силно и посветено работиме на решавање на спорот за името и никој повеќе од нас не посакува решение.“

Е алелуја. Јас пак цело време убеден дека Грција сакат да го решит спорот. Фала ти шо ме просветли. Да бе, ова ти е официјален став на премиер. Сите прашват за нешо конкретно и во меѓувреме шпекулирет а тој искулиран, име го болит... Али цела среќа шо и публикава се дечиња, првачиња, вторачиња, третачиња и слични рачиња па само ракоплескет занесени од хипнотизирачката моќ пастирска.

А да, во песничката вторачево меѓу другото викат и дека ќе се дружел со Јоргос, новион ученик и заедно ќе делеле ужинка на голем одмор. После ќе оделе на предавање а на малиот одмор ќе барале решение за имево. Абе убо е да си се дружиш али јас сепак мислам дека вистинско дете за решавање проблеми ти е Џоле. Да бе, Џоле од прво одделение. Првачево ти е многу убо воспитано од дома и одма ќе ги решит сите проблеми. Ако нејќит Јоргос со арно, Џоле мојт да го кажит на учителката и оваа до седмо одделение кецој да му пишит, или пак да го врзит со ортома и да го спуштат надолу по бунарон, онај во селоно де, Џоле кај шо беше на распуст летово. Да де. Паљурци.

Ако не средит работа првачево, мојт на помош да дојт и Гоца, ќе му врзит два-три шамари па ќе го врзит со лисицине, оние за роденден шо и ги купија. Или на крај ако не успеат децава, пастирон мојт да го пуштит и дедо му па да му објаснит на Јорго дека ова е правна држава бре! И дека овде владеат закони бре! И дека не мојт некој туку така да му ја земат ужинката на внук му на голем одмор бре! И дека не мојт некој така да се играт со судбината на државава античка бре! И дека не мојт некој да земат истовремено и плата и пензија бре... Упс... грешка, то можеше уствари. Извини Јорго. Чекај сеа да ти објаснам како се прајт то. Вака. Прво ќе ја напуштиш ова функцијава премиерска и ќе се наместиш за министер за неправда па после...

А така. Глеате како се прајт разумен компромис бре? Со деца не се сркат маштејнца, али дедо Мики знајт како да сркат од медот. Знајт и Тачи. Пред некој ден ги имаше собрано новинарине и им викат – слушајте дечки, јас мислам, и не само шо мислам, туку и барам да го смените Блаже од... Чекај малку. Шо беше бе? Редактор беше? Или уредник беше? Или... та чифша... Море шо сакат нека е! Јас барам да го смените! Така е друже Тачи! Имат да се знајт кој е главен! И кој мојт во секое време да свикат неколку новинарски екипи и да си кажит нешо, онака, чисто рутински. Види вака, ни јас не знам дали беше редактор или уредник али барем не се чаталам пред камери со барања.

Не бе браааат... си седам дома пред компјутер, звучници пуштени до даске, комшии викет полиција а јас цел среќен, спуштам неколку гига од интернет. Ама среќен, ама знајш како... Исто ко да си гледал некој јак порнич на интернет со две јаки цури пред едно година дена и знајш да го опишиш во детали ама не знајш како да го најш пак. И така трагаш со месеци по интернет, влегвиш и во најмрачните негови катчиња и се дружиш со најголемите разбојници, остваруваш контакти и со самиот ѓавол и на крај конечно го наоѓаш и го спушташ... Море свршаваш уште пред да се спуштит... Добро, забегав јас малку али не можев поинаку да ви опишам како се осеќав ко ја најдов на интернет енциклопедијата на МАНУ. Па то радости, па то среќи, па то цели вреќи...

Стварно. Да ја најш енциклопедијата во печатена форма ти е ко да ти паднала седмица на лото со оние истине седум бројки шо ги уплаќаш веќе 14 години а кои се комбинација од твојот и од роденденот на лидерот на партијата. А кога веќе немаш толку среќа за да ти паднит седмица, ќе се задоволиш и со петка. Да, петка во случајов ти е да ја најш на интернет. Шеска би било веројатно да ја најш на усб ко шо се пофали Љубчо Георгиевски или пак на цеде на Бит Пазар напикана помеѓу кутии со цигари без маркици и крадени телефони без полначи. Да немаше интернет сигурно ќе се напраеја и тајни братства и сестринства кај шо за да влезиш ќе требеше да се потпишиш со сопствената крв, а за да добиеш примерок од енциклопедијата ќе требеше да извршиш мисија, ко таен агент.

А не требит да си таен агент за да им се смејш на вмровцине. Уствари не да им се смејш, туку да им се умриш, да им се откостиш, да им се дрецкаш, да им се прсниш од смеење, да им се изнасмејш во фаца, директно! Пази муабетов. Институтот „Павел Шатев“ напрајл анкета на примерок од 1100 вмровци, пардон, испитаници. И пази шо е најјако. Според анкетава и пастирот а и партијата комплет имет пад во рејтингот во споредба со ваква анкета од јули. Замисли бре, сопствен институт, сопствена местена анкета и да ти паѓат рејтингот?!? Јас да сум ко вас земам двокатен автобус, одам до новион мост „Око“ и се фрлам соси автобус.

А пак овие другиве? Тие уш појќе се за жалење. СДСМ-овциве излегвет на прес и викет, шо е ова, партиски рејтинг-листи и на државен празник? Море телиња, според анкетава партијата ви имат пораст во рејтингов за разлика од властодршцине шо паѓет. Ви теквит? Тешко а? Еми арно ко така. А пак Братон? Тој најак е. Уште си мислит дека претседател ќе станвит. Се жалит дека Шатев му ги згрешил гласојте шо ги добил на избори, помалку му дал...

Све нормално во државава бре... Само еден чоек ми фалит во целава приказна. Го гледав прееска на видео на Јутјуб. Снимката некоја година стара... Излезе од една врата, законодавен дом демек. И почна да скокат ко најнормален. И плус создаваше и некој неартикулирани звуци. Претседател на Собрание. Најнормален чоек. Љубиша Георгиевски.

Нормална држава, нормален народ, нормални политичари, све нормално... Од олку нормалности да ти е страв на улица да излезиш, и ти нормален дан станиш...

(Авторот е ненормален... и убо му е да ви кажит право!)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 15 10 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 22 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 27 10 2009 )

Oct 17, 2009

0
Геј парада во Скопје? (анкета)

Во последното издание на неделникот „Сега“ (15.10.2009), на 45 страница има текст со наслов „Геј-парада во Скопје. Ќе ја бранат амбасадорите Фуере и Филипини“.

Текстот е на две и пол страници и не би го пренесувал целиот тука но главната информација е дека според сознанијата на „Сега“, за следниот месец е планирано одржување геј-парада во Скопје каде хомосексуалци и хетеросексуалци заедно ќе изразат поддршка на слободното искажување на сексуалната ориентација.

Повеќе информации можете да најдете во неделникот, а сега за неговите потреби би ве замолил да одговорите на анкетата која прашува:

Дали ја поддржувате идејата за одржување геј парада во Скопје?

Oct 15, 2009

0
З`ш да не... колумна 14

Во денешното издание на неделникот „Сега“ четрнаестата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Све најнормално, бре!“ на 54 и 55 страница.

Хајлајц момент - „Институтот „Павел Шатев“ напрајл анкета на примерок од 1.100 вмровци, пардон, испитаници. Според анкетава и пастирот а и партијата комплет имет пад во рејтингот во споредба со ваква анкета од јули. Замисли бре, сопствен институт, сопствена местена анкета и да ти паѓат рејтингот?!? “

Покрај колумната, во овој број пишувам и за сознанието на неделникот „Сега“ за одржување геј-парада во Скопје.

Цената на неделникот е 50 денари со кои имате четиво за цел викенд... па и повеќе, зависи со која брзина читате :)

Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.

Oct 13, 2009

0
Чудесии

Две мачки прает муабет. Еднава викат – Денес сигурно ќе ме биет малер. Другава и враќат – Од кај знајш мор? – Амор од сабајле еден црнец ми го пресече патот. Две улици од таму се шетет рак пушач и рак непушач. Ракот пушач му викат на другиов – Абе, з`ш не пушиш ти? – Ам да бе, јас мислиш будала сум, па после да добијам човек на бели дробови.

Е, вака некако звучат и останатите дискриминации и суеверија шо секојдневно се употребувет, а на кои не им одолеа ниту МАНУ. Ама овојпат не зборвам за МАНУ па шо сакат нека е. Олку простор колку шо му отстапија по медиумиве ни Блаже самиот не си имат отстапено во енциклопедијата, жими се. Исто ко за изборите во Грција. Пушташ телевизор и ти скокет Караманлис и Бакојани натажени, на раб на расплакување а ти ги дотолчуваш со пригоден говор директно од твојот двосед, тросед или фотелја.

- Бакојани мори душманке, да дајт Господ ќерка ти да бит хостеса кај Драган Вучиќ! Да би, да би, пролив и кивавица во исто време имала! Да дајт, да дајт Господ, да умираш од жед а да си во Македонија и да не мојш пиво после седум да си купиш. Морееее, да дајт Господ децата телетабиси да ти бидат...

Ти редиш клетви, а Љубе Бошковски качен на лустерот ти пукат спорадични истрели. Надвор в паркче цел комшилук собран се поздравуват со „Јоргос победи – навистина победи!“, а Грујо и Џоле частат гиро во знак на решавање на проблемот со името и наоѓањето разумен компромис. Добро, можда малку и филмски изгледат муабетов, ама ако пуштеше телевизија чоек паднат од Марс денојве, ќе помислеше дека кај нас се одржвеа избори, а не кај грчиштана. А од ко ќе му кажеа шо е финтата ќе прашаше шо се десило со Би-би-си и Си-ен-ен и од кога нивното место го презеле А1 и Сител, па топ вест им се избори во друга држава.

Замисли бе, до кај дојдовме, па паралелно да следиме шо бисер ќе стресит Џоле и во кое село бил Јоргос и ветил изградба на селска задруга. Стварно чудна ситуација. Исто ко некој постар таксист ко ќе ти прокоментират колку е јака женската шо ја пуштил да преминит улица на твоја сметка, а шо е бар три години помала од тебе. Уште почудно е ко ќе почнит, истиот тој таксист, да ти раскажвит како тој бркал женски на времето и колку му било тешко, и ко ќе поентират дека ошла државава у три лепе з`ш овие денешниве легвеле со секого. И дур ти се чудиш дали да и свикаш – „ш`ц мала“ или да му се пожалиш дека само со тебе не легват, тој веќе и визитка и дал. После ова веќе нишо не ти е чудно па не ти е ни проблем да му побараш некој совет на, очигледно, екстра искусниот таксист. Само штета шо, прелетувајќи преку два автобуси и престигнувајќи камиони од десна страна, во меѓувреме веќе те однесол и морат да прекините со муабетот. А таман стасал до делот кај шо...

Пушташ телевизор уан мор тајм. Чичкото од кутијата ти кажвит дека Македонија била 72-ра од земјите во кои се живеело најубо според некојаси листа од Обединетине нации. Знам шо ќе речите, важно е да се учествуват, а не и да се победит. Ма оди бегај таму. Какво учествување бе алоооооо. Знајте пред кого сме на листава? А? А? А? Пред Нигерија бе дечки. Оу јеа! Пред нив сме да, и не е владина реклама, туку стварно сме. Но тоа не е се! Во цената е вклучен и Авганистан. И не само тој. Појаки сме и од Сијера Леоне, и од Централно африканската република. Море појаки сме и од уш шест други држави за кои ми беше тешко да им го запамтам името. Ама појаки сме бе. Имат да се знајт!

Само и овде имат нешо шо ме чудит. Уствари овде две работи ми се за чудење. Прво ме чудит како секогаш завршвиме во истово друштво ко ќе имат некој листи и истражувања а упорно сакаме да влезиме во Европска Унија. Не знам како не гледет пастириве наши дека совршено се вклопвиме, ама не таму, туку кај батковциве со кој се дружиме по листиве – директа менте в некоја Африканско-интегративно-преживувачка унија. Можда и за претседавачи ќе не постават, па ќе му се остварит и желбата на пастирот за да владејт со нешо големо, ко Аце на времето. Море шо имат да не поставувет, сами ќе си се поставиме! Нели сме најјаки! Туку, друга работа шо ме чудит е како владава не одржа итна прес конференција на која ќе го соопштит уште еднаш овај волшебен успех кој се должит на големите напори на тимот кој нит јадит, нит пиет, нит спиет, и работит 24/7 за интегрирање, имплементирање и бенчмаркирање. Можда и немат смисла крајов на реченицава ама баш ми е гајле ко имат јаки и популарни ем уверливи зборој.

Ова ти е чудно ко сончев ден во октомври. Ама сончев ден одма после дождлив ем студен викенд. Прв работен ден и рано на сабајле си ептен самоуверен во своите метереолошко-прогнозерско-предвидувачки ала баба Ванѓа способности. Па поради то уште посамоуверено ја ваѓаш од најгорната полица бундата шо си ја напикал таму лани во март и ја ставаш над купот џемпери, ѕиври и пижами на тебе. И така тргвиш автобус да бркаш. И таман го фаќаш па застанвиш на една нога пошо толку место имат во оваа тура, од негде се појавуват сонцено и почвит да грејт ко ненормално, ко на тројка пуштено. Ма фаќаш се вртиш три-четири пати околу шипката кај шо си се држел до тогаш и почвиш со автобуско стриптиз шоу фрлајќи ја бундата низ пенџере и истовремено пцуејќи го глобалното затоплување.

И пошо автобусот ти се движит ко четата на Самоил во 1014 решаваш пак да фатиш такси з`ш дур си се борел со глобалното затоплување си закаснал за на работа. Штета. Не е истион таксист од вчера па да ти го довршит муабетот за момичките шо давале на секого. Овај чичко изглеа е експерт за временска прогноза. Ми објасвит дека времето било вакво поради воздушните струења шо идале од Србија кај шо сега времето не чинело. Му викам – глобално затоплување, ова, она, имат врска? – Ма какво глобално затоплување бре, шо ти е тебе, така само Американцине ве лажат за да можат да владеат со светов. – Значи зато јас бундана сабајле... – Бунда... така се викаше тајнана операција од Русине. – Руси? Зар и тие се вклучени во ова? – Псссссс... ќути, не прислушкувет, озвучени сме – ми шептит на увце таксистон по шо застанвит и ми наредвит да излегвам од кола.

Фак! – си викам. Пак погодив некојси таксист-експерт за прашања од глобален интерес. Нишо од одењето на работа за денес. Ќе им се придружам на оние триеснешо посто невработени. Пак шо им фалит нив... Ене пред некој ден читам дека на крајот од септември официјално биле 341.893 невработени. А шо, мислите лошо им е? Не бре, баш фино и најубо им е. Се чудите кај се? Емииии... 387.640 луѓе имат на Фејсбук. Значи ем сите невработени, ем некој шо размислувет за да се откажат од работа. Шта че ти работа кад имаш квизове и игре... Значи, друг пат ко ќе прашат некој „Каде стееее Македончињаааа, каде стееееее, кај отидовтеееееее?!?“ одговорете најгласно шо мојте – „Еве смееее... решаваме квизој на Фејсбуууук!!!“

Ак немате Фејсбук сигурно гледате Биг Брадр или Фарма и навивате за Јована да му се фрлит на Радиша или Аца Лукас да запејт на сред кокошарник. Да бе, не заебавам, стварно ќе пеел. Бар така Латас ми рече. Го гледам на вестине пред некој ден и ми викат, почитуван гледачу, почекај малку, изгледај ги вестиве од светов па ќе ти кажам нешто јако на крај. И шо да прам, го почекав и стварно ми кажа. Ми викат, на фармата нивна ќе пееле Цеца и Аца Лукас. Шо сакате појќе за без пари? Ништо, дај ми ги Аца и Цеца и да си умрам среќен!
Само пред да умрам, дај да си ја злоупотребам колумнава за лични интереси, ко политичарине фотелјине шо си ги злоупотребувет. Не знам дали ви се имат десено, и ако ви се имат, тогаш сигурно ќе ме разберите. Замисли ситуација, чекаш автобус, и уште чекаш, па уште малку чекаш, па се отепвиш од чекање и никако да дојт. За то време дур чекаш забележвиш една женска, ама уба, ама стварно, ама најуба. И не само што ти ја забележвиш, туку и та те забележвит и те ѕиркат, демек автобусот го барат. И ти ја ѕиркаш, и се молиш да го чекат истиот автобус. И конечно, после еден куп време чекање идет автобусот.
Тргвиш кон него, тргвит и таа. Цел среќен, му плаќаш на шоферот, па и кусурот му го оставаш и брзаш да седниш блиску до неа. И седвиш на неколку седишта подалеку, и продолжвите да се ѕиркате, и ко демек случајно ви се сретват погледите. Ти за цело време се премислуваш дали требит случајно да те заинтересират колку е сатот и од цел автобус да ја избериш неа за да ја прашаш, или пак да и остајш салфетка на која со кармин ти е напишан телефонскиот број. Па уште една средба на погледите и сфаќаш дека уствари немаш ни салфетка ни кармин, и си викаш, а з`ш по ѓаволите, би требало да имам. И дур се мислиш како да го започниш муабетот... постојка и чекори, пат од дрвеното седиште до чкрипливата врата... Женската слегвит, а ти, ти си сигурен дека и таа го размислувала истото цело време и те сакала... И дур се пцуеш з`ш не си слегол на истата постојка...

Девојче, ако читаш, и јас те сакам. Филмски е али, побарај ме. Частам возење со петка.

(Авторот е убав, а Солун е наш!)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 08 10 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 15 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 2010 2009 )

Oct 8, 2009

0
З`ш да не... колумна 13

Во денешното издание на неделникот „Сега“ тринаесеттата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Чудесии“ на 54 и 55 страница.

Хајлајц момент - „Цел комшилук собран се поздравуват со „Јоргос победи – навистина победи!“, а Грујо и Џоле частат гиро во знак на решавање на проблемот со името и наоѓањето разумен компромис. “

Цената на неделникот е 50 денари со кои имате четиво за цел викенд... па и повеќе, зависи со која брзина читате :)

Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.

Oct 6, 2009

0
Мјау, мјау, Баба Рога ис колинг

Суперлатив од брзо? Со врски! Вака викат мојот твитерџиски колега Сеад Џигал. Суперлатив од морал? Миле од Транспорт и врски! Вака не викат никој ама многу интересно ми звучит. Чекај, чекај, ова јако било. Нов пример. Суперлатив од лудница? Република Македонија! А во неа, лудаци колку да сакаш.

Еве зеј ја за пример енциклопедијава. Стварно добра роба. Ко дрога. Нигде ја немат во официјална продажба и мојш да ја најш само ако се познаваш со главните. Ама остај то шо нигде ја немат, пак сите зборват за нејзе. И не само шо зборват туку да можат и очи ќе си ископет. Ама се гледат дека е квалитетна роба. И иако никој не ја имат прочитано, пак сите ги имат фатено енциклопедиско лудило.

Ене ДУИ се заканвит дека ќе си одела од владана. Среќен пат и мирно море бе дечки, шо да ви речам. Да мојте да си ги соберите и партнерите со кој шо ептен си се љубите, и сите останати батковци шо земет пари за да стегет дугмиња на кој пишит за, против или воздржан, ќе е уш поубо. Мојме и без вас. Дури можда и пубо ќе ни е. Еве и еден паметен предлог од читател на интернет – Турци, вратете се, се ви е простено! Вие бевте злато во споредба со другиве!

Дедо Блаже Ристовски на новинаркана од Алфа и рече дека глана го заболела од јавноста. Појќе би рекол дека го заболело за јавноста, али шо имат јас да кажвам ко си имаме академици најпаметни шо знает како се прајт соживот. И не само академици, си имаме и други паметни луѓе во државава. А ако немаме во државава имат надвор од нејзе. Ене ти убав пример – Пандели Мајко од Албанија. Викат, Албанциве кај нас имале господово право да го запалат знамено на сред Скопје. Ајде бе... Сега ние стварно сме ептен побожен народ и даваме земја на атрактивни локации на МПЦ за џабе и го каниме папана да го видит бунарон од Павлета во Паљурци, ама сепак имаме некакви си земски закони шо требит да се почитувет. З`ш господовото право според Мајко, и земското право според Македонија и не се баш исти.

Абе сепак го сваќам чоекон. Во Албанија е во опозиција и таму немат влијание ама за овде знајт како требит и се понашат ко тој да е Али, а не ко Али да е Али. Али паметно играт чоекон, се гледат. Ако кај него никој не го слушат, кај нас главен е. Весников излегвит во продажба во среда на вечер а веќе за во четврток се најавени протести против енциклопедијата. Не ги организират Пандели Мајко ама пак ги организират некоја си партија за која слушам само ко ќе имат протести. Хисни Шаќири. Така се викат баткото шо ќе е крив ако се запалит знамено. Исто така, доста паметен чоек. Паметни луѓе имат и кај него в партија (Национална демократска унија). Еве, зеј го за пример Милаим Фејзиу.

На прес конференцијата кај шо го најавуваа протестот викат – „Ние како организатори во нашето сценарио немаме предвидено палење знаме, но не ја исклучуваме можноста некој од учесниците во протестот во една емотивна состојба да го направи тоа, и тоа е индивидуален чин“. Сценарио... ептен се исфилмал батково. Демек морат да имат потточка „палење знаме“, инаку со вакви изјави не се поттикнуват то. Нормално, ако го запалат, тие немат да се криви и немет намера да сносат одговорност. Веројатно ако се десит, и за то Бранко ќе е крив, по дифолт. „Вака не се гради државата, ние не сме криви, и за се што ќе се случи во знак на протест и изразување на револт ние не сносиме одговорност“, фино лепо се надоврза Шаќири. Само шо заборај да потсетит дека во интервју за албанска Клан ТВ веќе го најави палењето – „Револтот кај луѓето е многу голем. Може да се запали, односно најверојатно ќе биде запалено македонското знаме.“

Ма како криви, з`ш да сте криви, кај смеело вие да сте криви... мислам, глупости! Кај се видело и чуло, организатор на протест да е крив за дешавките во рамките на протестот. А и да се десит нешо оправдано е, з`ш дечкиве знает како се градит држава. Ако го запалат знамено јас лично ќе му пишам смс на Џолета да му дајт Медал за заслуги за Македонија на Шаќири. Ко моеше на Мориконе да му дајт, шо рече дека случајно дошол кај нас, з`ш да не му дајт и на Шаќири шо знајт како се градит држава.

Јас лично не знам колку знајт Шаќири за градење држави, ама ај ќе му вервам на зборот. Али знам дека многу убо знајт како се креват рејтинг и како се фаќат убо место на политичка сцена. Посебно со народ шо мојш да го манипулираш како сакаш. Пошо во секое време имат еден куп дечки шо се спремни ем желни за протестирање и за палење знамиња на држави кај шо живеат, не се ни сомневам дека протестов ќе е успешен. З`ш пак, пред 2001 некој дан го знаеше чичко Али Ахмети? Ене види го сега, колку години по ред, главен е. Џабе му е на Бранко програма и решенија за Македонија. Албанскиве му колеги ги имет најјаките решенија за идење на власт.

Значи во четврток против Енциклопедијата на МАНУ ќе протестирет луѓе шо ем ја немет прочитано, ем не се ни историчари ни научници. Не бе, не ги правдам дедовцине од МАНУ, далеку од то, али од ко видоја дека од сите страни притискет, рекоја дека ќе седнат на маса со историчарите Албанци и ќе го решат проблемот. Ама то не е пречка за Шаќири да не ни покажит како се градит држава и идет на власт.

А Груевски уште ја играт играна – „Ама ја не знааам, ја бев у подрум, ништо не сум видел...“ Дур се спремет востанија и палење знамиња тој фаќат мачиња и бркат вештерки. Викендов во манастирон во Зрзе си најде едно маче и му викаше мјау, мјау, а после то даде изјава дека за глупостиве со Енциклопедијава и за сите останати проблеми во државава биле криви некои темни сили. А му викав да не го гледат „Ноќ на вештерките“...

Да, да, Баба Рога и Бранко... тие се криви за сите наши проблеми. Тој шо имат апсолутна власт не е, ама Баба Рога и те како е. И пошо ситуацијава е сериозна, ко во филмојне кај шо излегвит претседателон на САД и кажвит дека морат да се молиме Господ да ја благословит Америка, еве јас сум спремен да се жртвувам за судбината на државава. Ако требит ќе се откажам и од хонорарот за колумнава и ќе ги префрлам парите на сметка кај Чак Норис, з`ш ко ќе ојт да спиет Баба Рога, прво провервит дан се криет Чак Норис во нејзиниот плакар.

Брате Норисе, дојди и спаси не од себеси, Џоле медал за заслуги ќе ти дајт... Лично ќе ургирам и кај Љубчо Георгиевски на грбон да те стајт. Пуст грб, не му е лесно и нему... Прво петокракана ќе му ја бришеа, сеа во лавче ќе го претворет, утре во орел... Ни на Груевски не му е лесно. Уште не го имат изваено ножот шо му го заби Георгиевски в грб а сеа пак му чепкат во грбот. Али ако се прашвам јас, мислам дека најарно ќе е е, една овца да стајме на грбон. Така најубо ќе го претставиме мултиетничкиот, заедничко-живеачкиот, изборно-заебувачкиот и карактерно-најдобро-описниот карактер на луѓето шо живеат во државава. И никој не ќе мојт да се бунит. Е и за него ако се побунит некој, немат друго, ќе морат Чак Норис да го ставаме. За таков грб ни Бичиклиски не би се бунел и не би го обвинувал Бранко.

А ко ќе размислам поубо, шо ќе ни е Чак Норис ко и ние си имаме јаки батковци. Во 2001 беше братот Љубе, сега го гледам и Коњановски секој ден како пукат на војнички вежби по телевизии. А и јаки дадички си имаме. Две од нив ни ојдоа кај Големион Брат и сеа цела држава паѓат во несвест за то како едната можела да легнит со некого уште првиот ден.

Такви се нашиве загрижени македонски мајки и учителки, протестирет против Боки 13-ка а после не знает шо да кажат ко ќе се соочат со него на телевизија. Или пак се грижат какви вредности промовирала Вики во Биг Брадр, притоа не знаејќи дека то е нешто сосема вообичаено и секојдневно се дешават и со нивните ќерки. Разликата е само шо нив ги немат на телевизија, па логиката е, ако нешо не мојт да се видит, или за него не се прајт муабет, не постојт. Не постојат ни хомосексуалци, ни бисексуалци, ни ништо слично... Не постојат ни несакани бремености и абортуси на малолетни девојчиња поради ниска свест и слаба информираност.

И пошо ништо од ова не постојт, шо имат да дискутираме и отвораме такви теми или да воведиме сексуално образование, ко кај нас се промовирет демохристијански вредности и младинава ни се чуват за во брак. А владава не учит како да го отвориме срцето...

Нејсе... Јас пак, вака ко за крај, ќе ви ја пренесам клетвата на неделата шо ја слушнав пред некој ден. Викат – да дајт Господ, Љубе Бошковски на свадба да ти пукат!

(Авторот е добар, вие како сте, шо прајте?)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 01 10 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 08 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 13 10 2009 )

Бонус видео


Ова е исечок од дебатата за Енциклопедијата на Ману во првото издание на емисијата „Патот кон“ за оваа сезона на Алсат.
А во него - моето размислување, само во малку посериозна верзија отколку тоа што можете да го прочитате во оваа и претходната колумна.

Целата емисија тука
.

Oct 1, 2009

0
З`ш да не... колумна 12

Во денешното издание на неделникот „Сега“ дванаестата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Мјау, мјау, Баба Рога ис колинг“ на 54 и 55 страница.

Хајлајц момент - „А Груевски уште ја играт играна – „Ама ја не знааам, ја бев у подрум, ништо не сум видел...“ Дур се спремет востанија и палење знамиња тој фаќат мачиња и бркат вештерки.“

Цената на неделникот е 50 денари со кои имате четиво за цел викенд... па и повеќе, зависи со која брзина читате :)

Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.