Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

May 15, 2010

Branko`s Mission Possible

Нели сите ние си имаме по некои моменти кај шо си седвиме и си се преиспитуваме, се запрашуваме шо ни фалит? Ај, ај, признај си читателе, и ти го прајш то. И не плаши се одма, не сум до толку, па вака по весници да пишам за то шо ти фалело последен пат ко си проверил.

Муабетов ми беше дека и јас, баш сега пред петнаес минути ја листав тетраткава со тесни и широки на чија корица со портокалов маркер имам напишано „Работи шо ги имам“ и гледав шо од то шо сум го запишал таму, сега веќе го немам и уствари шо е то шо ми фалит. И замисли читателу, то шо ми фалит го најдов во делот од тетратката насловен „секојдневие“. Да бе, баш таму едно време секој ден си забележвев по некој нов, а сега еве појќе од две недели ништо ич. Аха. За грабежи на банки ти прам муабет. Ми фалат да ти кажам право. Ми фалит времето ко се будев со сознанието дека некој чичко со чорапче на глава и пиштолче во рака ги избегнал сите гужви и редици и за две минутки завршил работа на шалтер. Иииихххх, носталгија ме фати да ти кажам право. Убо викет. Секогаш сфаќаме колку ни значело нешто дури од ко ќе го изгубиме.

Али то е така само со нас, обичниве смртници. Пастириве, на пример, не се такви. И тие редовно си прает проверки и преиспитувања за да видат шо им фалит, ама секогаш тефтерчето насловено со „Шо ми фалит?“ им останвит празно. А и не губат ништо, па за отпосле да сфаќет колку многу им значело.

Ко прво, ич не им фалит време. Го имет дури и отпојќе. И ич не се брзет. А и колку и да се брзаш, пак на крај со пола саат задоцнување ќе стигниш па... Убо си кажа Антонио Милошоски. Овие Шпанциве шо претседатевет со ЕУ сега, не чинат и не не
сакет ич! Ама ние пак и ич не се секираме. Да не мислат дека ќе ги молиме - аман, заман, дајте ни датум. Или пак со Белгијцине шо ќе претседавет од јули. Не бе брат. Шо имат да се занимаваме со земји шо не ни се наклонети и шо не не љубат. А и да не љубат тие, оние Грчиштана не мразат, па пак не ќе не пуштат.

Уствари ко ќе подразмислам, Тони рече дека Шпанцине и не се така лоши:

- Шпанското претседателство е една добра прилика, иако да бидеме искрени, нема да е изненадување, доколку јужниот сосед, Република Грција, повторно, поради себични причини, не успее да и дозволи на самата Европа, да го прошири и да го надгради својот кредибилитет.

Ахххх, лоши, лоши Грчишта! Ептен се себични бе, да си ибат! Кутри ние. Кутра Европа. Да не беа тие, ко ќе му удреше едно проширување, ко ќе фатеше да го надградвит својот кредибилитет со нашите маленкости... После заедно ќе фатевме да ги надградуваме и доградуваме плоштадите. Ќе им напраевме по едно проектче две илјади и четиринаесто, ќе им отворевме едно печеснаес слободни економски зони, ќе ги преродевме одма, во два-три чекори.

А да имаше некаков начин, да можевме некако да седниме на маса, да напраевме еден муабет, да преговаравме, да се договаравме, да можеше некако да дојме до разумен компромис... Да помогнеше некако меѓународнава заедница... Нешто бе, нешто да можеше да се напрајт за да не пуштат Грчиштава. Еве, на пример, да имаше некое име за решавање и Обединетине нации да ни даеја и посредник и да се залагаа за решение. Па, и Американцине да не охрабруваа, да дојдеа барем да не видат, ако не бевме овде да појдеа и до Загреб да не побарет... Барем нешто од ова да се дешаваше јас сум сигурен дека Тони, па и Коле, па и Џоле, па и сите пастири заедно, ќе се собереа и ќе напраеа еден домаќински муабет со комшииве и ќе се договореа некако.

Ама не и не. Немат ништо такво и нашиве не можат ништо да напрает. Зато ќе морат да ја чекаме Нова година и Дедо Мраз да ни ги донесит Унгарија и Полска на чело на ЕУ. После се ќе е полесно. Тамам вечерта на Нова година, сите ко ќе слават и ко ќе се пијани, ќе го пуштиме Бранко во зградана од ЕУ во Брисел, ќе го наоружаме со коректори и ќе го избришит делот кај шо пишит дека одлуките во ЕУ се донесват со консензус.

Јас верувам дека Бранко е вистински човек за една ваква акција и дека ќе ја исполнит мисијата најпрофесионално што е можно. А и веќе имат искуство со вакви акции. Претходно на Џолета му го подметна Ламбета во списокот за помилување. Сеа стварно овде се работит за Европска унија и за обратен процес (бришење наместо додавање), али олеснителна околност е шо ќе им го пуштиме вечерта на Нова година, па никој немат да го забележит. После то, Грчиштана нишо не ни можат. Си ги имаме Унгарија и Полска и никакви грчки согласности не ни се потребни.

Е сега, ако случајно Бранко не успејт во мисијава, и ако во 2011 пак е потребен консензус и согласност од Грција, ќе морат да почекаме уш малце. 2012 ќе бидит крајот на светот, па ќе сме зафатени со градењето на Груевата арка за спас, после 2013 ќе се опоравуваме од крајот и таман во јануари 2014 ќе ја начекаме Грција на чело на ЕУ. Ќе речите - з'ш викаш тамам? Е како з'ш? Па, во 2014 го завршвиме Скопје 2014, ги пуштаме Грчиштана на една тура низ плоштад без пари, па после воодушевени сами ќе барет кај да потпишат и да ни дает датум за почеток на преговори.

Што бе читателу... те оставив без зборови? Стратегија! Стратегија се викат то! Смислена е од генијалните умови на нашите владетели. Јас само ти ја пренесов.

(Авторот е во Загреб. Го барат пастирот)

(Колумната е објавена во весникот Шпиц на 15 05 2010)
(Наредната во сабота на 29 05 2010 во прилогот „Сега“ во дневниот весник Шпиц)

No comments:

Post a Comment