Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

May 29, 2010

Шашава колумна... лајк а фиш!

Знајте колку ми беше тешко да седнам и да почнам да ја пишам колумнава? Знајте? Не знајте. Никој не знајт. И никој не мојт да сфатит како ми е сега. Долго време седев пред празен лист хартија... добро бе, добро, лажам... Долго време седев пред празен Ворд документ на компјутер... седев и размислував... зошто така, што сега, како понатаму... Што по Шехерезад?!? Да, да, тоа е прашањето што си го поставуваат матурантите и верните гледачи на Шехерезад - Што понатака со животот...???

Ама да, тоа се некои други матуранти и некои други гледачи... то ти се оние шо го немет Џолета за претседател. Ние среќниците овде во Македонија немат потреба да се секираме, Џоле ги имат решенијата на сите проблеми. Дали Космодиск, дали бунар во Паљурци, дали компромис од оние разумнине... Џоле секогаш го знајт вистинскиот одговор на нашите дилеми.

Последен пат кај шо се уверив во то беше во неделата, во интервјуто за Радио слободна Европа. Таму Џоле го откри решението на проблемон со Грчиштана.

- Солуција е Грција конечно да ја признае реалноста, дека постои држава Македонија, постои македонски народ и постои македонски јазик - рече Џоле.

Тооооооооо претседателееееее! Убо им рековте! Алал да ви е! Секоја чест! Да признает, ами како! Ај да ги видам нека не признает сега, ко имет солуција на маса. Ни требеле преговори, ни требел медијатор, ни требел Нимиц, ни требеле Обединети нации, ни требела Европска унија... нишо не ни требит! Го имаме решението! Уствари сме го имале цело време, ама кој ни е крив ко не ни теквит да фрлиме по некој поглед нагоре кон Водно...

Сега ни фалит уште да ги убедиме дека требит да го признает сето то и готово, на Букефал сме качени. Е сега, имат неколку начини како да го напрајме то, ама јас мислам дека го имам вистинскиот. Пази ваму. Грција е во криза, така? Така! Им требет пари, така? Така! Би прифатиле донација дури и од најголемиот непријател, така? Така!

Е па, решението е мошне едноставно. Се шо требит да напрајме е да им речиме дека во знак на добрососедски односи сме решиле да им помогниме со една донација од... еве да речиме... шест милијарди евра. Го разгласвиме муабетов по светов, креваме галама и ги убедвиме Грчиштана дека стварно планираме да им дајме пари. Ене, премиерон ќе ги викнит од Си-ен-ен и ќе им кажит и нив и ќе добиеме на релевантност. Коле си го имат муабетот со нив, ќе средит работа...

После ко ќе дојдат ќе им дајме да потпишат документ дека земет донација од нас во вредност од шест милијарди евра, само шо на документот наместо за донацијата ќе пишит дека ја признавет реалноста, т.е. признавет дека постојат држава Македонија, македонски народ и македонски јазик. За да не успејт Јорго да забележит шо потпишвит ќе се погрижит Џоле. Прво ќе го изненадит и ќе му речит дека сме решиле покрај милијардите да му ја дајме и Триумфална капија од кај чичко ни Стоилко и неколку шишиња ракија Антика, а после ќе изведит еден од неговине стенд-ап комеди настапи, ќе му раскажит шо е разумен компромис и овај така среќен, радосен и зашеметен ќе потпишит. Решен проблем до седмо колено! Влегвиме и во НАТО и во ЕУ ко Република Македонија!

Шо мислите за планов, а? Ви изгледат шашаво? Е, изгледат. Ама функционират!

Цела среќа шо решението му текна на Џолета баш сега, во последен момент. Пошо Талер викат дека во Брисел веќе биле презаситени од проблемов со имево. Да не беше толку љубезен, гарант ќе си кажеше дека сме им дошле преку полов орган. Вака сега со решениево од Џолета ќе свршиме работа. Голема работа!

П.С. Во вторникот еден друг Џоле... оној од Таневци, пееше на првото полуфинале од годинешната Евровизија во Осло. Не дека гледам Евровизија или дека нешто посебно се интересирам, ама овојпат стварно ми беше топ-тема. Не толку самиот фестивал, колку интервјуата на Ѓоко и неговиот англиски. Тие што висат по интернет на Фејсбук и Твитер знаат за што правам муабет. За другите, накратко - Ѓоко направи еден куп гафови и смешки со неговиот англиски на интервјуата и прес-конференциите во Осло. Секако, најпознатиот - „
In Macedonia I live… до езеро како се викат... by the lake, and so I like water, so in Oslo I feel like a fish“. Интервјуата ме инспирираа за една серија од твитови и статуси на Фејсбук, а еве ви ги и овде, цела колекција.

- Ѓоко да Фиш е новото заштитно лице на детскиот фестивал Распеано рибарче.

(по изјавата дека веќе не се чувствува како риба, туку како ајкула) -
Breaking News - Фестивалот Распеано рибарче се ребрендира во Распеана ајкула!

- Ѓоко еднаш добил Греми ама не излегол да ја земе пошо не разбрал шо кажале.

- Ѓоко на Евросонг ќе настапувал под името Македонија пошо не можел да изговори
Former Yugoslav Republic of Macedonia.

- Пред да стане пејач, Ѓоко Танески бил професор по англиски и предавал на една генерација студенти на универзитетот во Казахстан. Првенец на генерацијата бил извесен Борат.

- Фејсбук го заменува копчето „like“ со ново - „like a fish“.

- Твитер го заменува „
retweet“ со „refish“ (RT со RF).

- YouTube отвора нов музички сервис. Ќе се вика YouFish.

- Доказ дека Ѓоко ја има силата - Од 1991 лобирал во САД за да не признаат под уставното име. Кога во 2004 го разбрале што сака да им каже, ВЕДНАШ не признале.

- Ѓоко го купил Рибнион ресторан во Охрид. Тој ќе биде и специјалитетот на куќата.

- Јас ја имам силата да те преведам, да те сјебам и да не те разберат...

- Чак Норис дошол во Македонија за да види кој е тој што тврди дека ја има силата. Си се вратил веднаш, бидејќи не успеал да се разбере со Ѓоко.

- Каква риба е оној Ѓоко, еј...

(по невлегувањето во финале) - Каде што (ја) има сила(та), нема правдина.

П.П.С. - знам, знам... ни јас не сум видел подолго П.С...

(Авторот:
In Macedonia јас пишам колумни... so, I feel like a дактилографка)

(Колумната е објавена во весникот Шпиц на 29 05 2010)
(Наредната во петок на 04 06 2010 во прилогот „Сега“ во дневниот весник Шпиц)

No comments:

Post a Comment