Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Apr 17, 2010

Жива ограда 2

Јас не можам појќе! Толку беше. Престанвам да пишам колумни! Престанвам да се зезам и да прам смешки од вестиве, случкиве, политичариве...

Не мојш бе брат. При олкава конкуренција не мојш да опстаниш. И ај да беше регуларна конкуренција, па да се борам против неа, ама не бе брат. Јас си мачам мака со нелојална конкуренција. А таква имаш колку да сакаш... ни новинари се, ни колумнисти се, а ми го земет лебов.

Па, добро бе, јас сум тој шо обично ко ќе се појавит некоја глупа идеја наместо да ја искритикуват, дават уш поглупа идеја за да сфатит тој шо ја дал оригиналната глупа идеја колку му била глупа уствари. Ама ми го провалија штосот изглеа, па сеа сами си ги давет - и глупите, и поглупите идеи.

После барокното Скопје 2014 и барокните двокатни автобуси, јас сум тој шо би рекол - е сеа уште само барокни клупи ни фалат и ќе бидит градов комплетен!

Барокни клупи викаш, а? Пссссссс... било ли проблем? Прилог на Алфа ТВ - „Градот Скопје распиша тендер за нови клупи, во кој точно се бара тие да бидат во барокен стил“. И не, не дека во Алфа им било досадно, па решиле да се заебавет со проектов на владава. Не, не, не, си имат изјава и од портпаролон од Коцета и тој многу јасно си кажвит дека вајстина барале барокни клупи.

Пред скоро три месеци (21 јануари во неделникот „Сега“) напишав една колумна со наслов „Пу, пу, пред мене, зад мене, никој да нема - инвестирам!“. Инспирација ми беше огласот на Агенцијана за странски инвестиции со кој шо бараа уште 8 нови економски промотори за да не промовирет по светов. Меѓу другото, имав напишано:

„Тодоровиќ го означи крајот на кризата. Така рече, жими све. Кризата поминала, сега мојте да излезите од бункерите пошо опасноста е завршена. Немат од шо да се плашите појќе. И сеа пошо имаме миљони на располагање мојме да ги изградиме сите споменици на светов. Ни се мојт бе. И плус остај шо имаме наши пари. Секој ден идат нови и нови паришта од цеееел свет. Пошо цел свет решил да инвестират во Македонија, сега владава е во интензивни преговори со соседниве земји за купвење ново земјиште кај шо ќе можат да се сместат фабриките на странскиве инвеститори“.

Не вели двапати. Од оригиналната глупа идеја и мојата уште поглупа идеја, мојт да се појт и подалеку. Ко „Глуп и поглуп“, ама двојката. И ко Бунарџик еден шо се наполна со фабрики, па владава почна да градит и Бунарџик двојка. Ко шо викат премиеров, за една година ќе се изградел... Тамам за то време ќе поминела и кризава шо прво немаше да не фатит и од која ќе извлечевме полза, па после уште невлезени излеговме од нејзе со Тодоровиќ, па на крај за да ја зезниме, уш еднаш излеговме со Ставрески и сеа ни цутат живи огради. Сепак, според Груевски, немат сомнеж дека за една година инвеститорине ќе почнет да се тепет за кој побрзо да ни ги донесит парите.

- Полека кризата ќе се намалува, ќе заминува и сакаме подготвени да го дочекаме тој период и да имаме доволен простор за располагање, да не се случи некој да не можеме да го прифатиме само зашто нема изградено инфраструктура во зоната - е вака рече Груевски.

И ај сеа, шо да речам јас? Да го однесам муабетов уш едно ниво погоре на скалата на глупавост и да предложам во случај да не излезат од кризава да им позајмиме пари на компаниите за да можат да инвестирет во Бунарџик шест после една година?

Не бе брат. Џабе ми е и то да го речам. Груевски со потегот и со изјавата веќе ме тепат 2-1 и тоа на мој терен. И не ме остават ни да се свестам шо ми се десило. Дур гледам кај сум згрешил, ете ти и засилување. Марјан Јованов, директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, викат вака:

- Денес можеме да кажеме дека успеавме. Не е веќе ова позната ливада со шарени крави.

Е, па јас не можам да кажам нишо друго освен - стварно успеавте, алал да ви е, секоја ви чест... 3-1 за вас. Ѕверој!

Од другите муабети... добро бе, како дозволувате некојси таму еврокомесар за проширување Штефан Филе да ви кажвит шо требит и како требит да напрајте за да влезите во ЕУ. Демек, ќе сме морале да го менвиме донесениот Закон за антидискриминација и да го усогласвиме со европските правила. Ајде беееее... Пак уште и писма праќат бе еееееееј... Каде бе со писма во Македонија? Се знајт како одат тие работи. Ќе си платиш реклама на Си-ен-ен и во нејзе ќе си кажиш све шо сакаш и ќе се молиш да ти ја видат властодршциве. Ти мислиш така лесно ќе поминиш... А и да платиш, пак џабе ти е. Убо си рече Милошоски. Критиките за законот не се официјален став на ЕУ, туку се од поединци со леви или либерални политички гледишта.

Ах, бре Филе, бре Филе... лев или либерален политички гледач еден!!! Пак уште и се затскриват зад Европскана комисија и во нејзино име праќат такви писма. Шо мислеше, не ќе го откриеме ние... Тој ќе ни го расипвит нашево ни фино хомофобично општество...

Преродбата продолжува - а црквата кај е бе... кај еееееее... ?!? Сакам црква на плоштад! И црква на плоштад 2! И џамијата ја сакам бре! И уш една џамија! И синагога сакам! И жива ограда! И жива ограда 2! И Бунарџик 156! И зелена трева! И едно магаре шо немат да умрит дур ја чекат тревата зелена!!!

(Авторот е!!!)

(Колумната е објавена во весникот Шпиц на 17 04 2010)

(Наредната во сабота на 24 04 2010 во прилогот „Сега“ во дневниот весник Шпиц)

No comments:

Post a Comment