Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Apr 24, 2010

Коњаникот Сабја и закрепостените селани

А бе почитуван читателу мој, вака да те прашам, знајш ли ти дека насловот, поднасловот и првите реченици од кој било новинарски текст во весник се најзначајните? И знајш ли дека ако на пример немам инспирација за интересен почеток на колумнава и ти прам муабет за најзначајните делој од еден новинарски текст ќе ми го прескокниш текстов и фино лепо ќе си преминиш на следниот?

Ама, за среќа, ова не е текст со таков неинтересен почеток. А и кај мојт да е таков ко инспирација имаш на секој двочекор. Еве, на пример, пред некоја вечер во една емисија на телевизија го слушнав најјакото прашање на сите светови. Викат - Дали имате табу-теми?

Хммм... табу-теми? То ти беа оние темине кои ти се незгодни и за кои нејќеш да прајш муабет, така? Е имало Господ! Фала богу шо на некого му текна да ми го поставит прашањево! Едвај чекав на некого да му раскажам се за темите за кои нејќам да прам муабет!!!

Сеа очекувам некој ден да слушнам и водител кај шо му се обраќат на гостин - Еј брат, извини, се заседав на Фејсбук и немав време да смислам прашања, па ај ако сакаш биди фин, постави си некое незгодно прашање и одговори си го сам, жити се! Ај, ако си другар!

А ако веќе прајме муабет за другари... ВМРО и ДУИ ти се прекрасен пример за многу големи другари. Олкаво другарство нигде не сум видел, жими све! И тоа не е обично другарство. Туку е од оние за кои се откажуваш од се во што веруваш само за да му удоволиш на другарчето. Се за другарството! И ако требит и нон стоп ќе се караш и за нишо не ќе се сложуваш со другарчето, ама на крај пак ќе си заедно со него. З'ш знајш како велат... другарството е посилно од се!

А ако си помалото братче мојш и да си ги менвиш ставојте по потреба. Најпрвин мојш да си конзервативен и религиозен и да си се согласуваш со другарчето, па после од ко ќе ве искарет Европјанине наеднаш да си го смениш ставот и наспроти твоето другарче да ги поддржуваш хомосексуалците и накрај мојш пак да си гласаш исто ко твоите другарчиња за законот за антидискриминација, пошо, нели, другарството е поголемо од која и да е унија на светов.

А нивното другарство е нешто навистина посебно. Ко салама. Посебна. Иако немет нишо заедничко, ги земаш двете и им ги мешаш сите најразлични можни мислења и ставови по сите можни прашања и пикаш све во црево. Ја крствиш саламата „Коалиција“, кај рок на траење пишиш „трајна“ и се надеваш дека никој немат да приметит дека спојот на состојки измешани внатре е токсичен. Ко ќе се заотроват некој му препишвиш сируп „Тендер“ и привремено ја ублажуваш болката.

А за да не приметат закрепостените селани дека некој бил во посета на екимот, го пушташ Коњаникот Сабја и ѕвездените шерифи и прает пепел во некое бачило барајќи го змиското око кое предизвикало метастаза кај овците.

Кога сме веќе кај овците и метастазите... Многу фина акција на полицијава за докториве шо земале мито за да дает инвалидска пензија. Секоја чест. Само јас не знам шо се мачат да ги носат по притвори, па судења, па губење време, губење пари, губење нерви...

Не знам з'ш, на пример, кога веќе ојдоа да ги земет со наоружани специјалци, не ги застрелаа на лице место. Сите! До еден! Па, да не му текнит на некој после ни да помислит, а не камоли да се митарит и корупчарит. А не вака. Ем и судење и све им овозможуваш, ем уште се бунат. Било спектакуларно, не се почитувала пресумпција на невиност, шо ти знам јас... Пукај ги таму бе, на лице место. Нек се исплашат и колеги и пациенти и нек се знајт кој е главен во оваа држава! И снимај го то, спакувај го во кампања и пуштај го по стотина пати на ден... секој ден! Кампањата ќе ја крстиш - Ние имаме сила, ние имаме моќ, да ви го направиме и денот ноќ!

За заштитно лице на кампањата мојш да го стајш и Тони Јакимоски, директорот на Центарот за управување со кризи. Тој најубо мојт да ти го напрајт денот ноќ. Посебно ако живејш во Раотинце, Копанце ил Туденце и Вардар ти влегвит в дневна. А и како не би ти го напрајл со изјава која викат - „Главното решение е во наредните денови да имаме добро време, да престанат дождовите и тоа е најдобриот начин да се справиме со кризата“.

Да ја даеше изјавава една недела порано ќе го ставев во претходната колумна кај шо зборвев дека владава сакат да ми ја земит работава со давање смешни изјави и праење уште посмешни потези.

Преродбата продолжува - само повратокот на ДДВ-то на фирмите е ставен на пауза. И враќањето на долгојте. И троа лекој на рецепт ни фалат. И од први мај можда немат да имат инсулин. И некој комуњаришта секој ден ни протестирет пред владана. Али ние не се даваме. Продолжуваме да работиме посветено 24/7! А, да. И лопатата не можам да си ја најдам. А планирав да фрлам уш некој камен-темелник денојве...

(Авторот го имат гледано „Аватар“ во 3Д!)

(Колумната е објавена во весникот Шпиц на 24 04 2010)

(Наредната во сабота на 01 05 2010 во прилогот „Сега“ во дневниот весник Шпиц)

No comments:

Post a Comment