Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Apr 10, 2010

Бранко'с тур де транс

Влегвам пред некој ден в банка да уплатам пари, одам на шалтер, таман да и прозборам на службеничкава и да и побарам пе-пе десет уплатницата, креват раце во вис и ми викат:

- Уживај си, знам по шо си дојден, еве ти го цел дневен промет, од пред некој ден имаме нов правилник, кој е попријателски настроен кон ограбувачи.

- Ама јас сакав само да уплатам... ама јас...

- Абе уживај си, шо се секираш, треба и вие ограбувачите од нешто да живеете, знаеме како ви е, ние сме банка која се грижи за потребите на своите клиенти. Не сме ко оние другине, ги ограбиле, па креваат паники, полиции, брзи помоши, микрофони, камери... Ние градиме однос на доверба и заемно почитување со нашите клиенти. Токму затоа сме банка која е најмногу пати ограбена. На крајот на година очекуваме и награда за посебни заслуги во полето на овозможување непречена работа и функционирање на ограбувачката индустрија во Македонија.

- Е, арно ко така. Баш ми е мило што го слушам тоа. Навистина ги ценам вашите заложби и напори.

- Ви благодариме што ги користевте нашите услуги. Чувствувајте се сосема слободно да неограбите повторно и имајте пријатен ден.

Еееееее, ова го викам јас добра услуга. Си знает бе луѓево како требит. Исто ко Бранко.

Не бе. Не викам дека се криви ко Бранко. Туку дека знает ко Бранко. Пошо освен шо е крив, Бранко и све знајт. Или барем знајт да ти прерачунат колку споменици ти се потребни за да изградиш 30 километри пат. Или водовод. Или канализација. Или шо и да ти требит. Само кажи му шо сакаш, одма ќе ти напрајт една фина рачуница.

- Како рече, кај сме сеа? Во Свирипичино? Не? Утре сме таму? Аха. Во Средно Нерези сме сега викаш... аха... И што сакаат овие? Немале водовод? Дај ваму тефтерот со спомениците. Ај барај под в"... аха... водовод... еве го... тефтеров вика - за водовод за една населба треба да се тргне еден од лавовите од проектот Скопје 2014. И вика уште - за сите населби види фуснота. Дај бе, види таму шо вика фуснотата... Како? За водовод за сите скопски населби треба да се тргне смешната триумфална капија од проектот Скопје 2014. Така, а? Дај сеа да им објаснам на луѓево.

И застанвит со луѓево на маса. На масата „кока-кола“ оригинал! Не приватна, туку оригинал! Па, како... не идат Бранко секој ден. Ак не се покажиш ко добар домаќин сега, кога? Ќе чекаш уш десет години за следниот Бранко'с тур де транс, пардон конзерванс... овај де... франс? Измеѓу „кока-колите“ стратешки распоредени и микрофонониве. И почвит Бранко:

- Бидејќи постојано одговараат дека нема доволно пари, еве јас им давам јавен предлог. Нека се откажат од еден од лавовите од проектот Скопје 2014, Средно Нерези ќе добие вода. Ако, пак, се откажат од оној смешен проект Триумфална капија, ќе има и за Средно Нерези и за уште многу други населби во Скопје, кои го имаат истиот проблем.

А така! Бранко све рачунат во споменици.

- Тато, тато, сакам компјутер!

- Нека ти купи Никола. Ако се тргне еден нокт од Букефал, може да се купат дваесет компјутери. И за тебе и за сите твои другари!

- Ама тато, тато, сакам и Ајпад!

- Нека му ги тргнат брковите на Гоце Делчев - ќе има по еден Ајпад за секое семејство!

- Тато бееееее... па сакам и Бум ТВ!

- Абе шо ме замараш мене, уствари? Ај на ти го ова тефтеров со вредности на споменици, па рачунајте со баба ти Ратка, шо се треба да се тргне за да си купиш се шо си сакаш. Еееееее вишееееееее... До кога ли ќе ве учам архитектонска математика?

Еве, јас да си признам, ич не ми ојт математика. Ни онаа на школо шо ја учевме, со венови дијаграми, синуси и косинуси, ни оваа Бранковава. Ама сигурен сум дека на Влатко Ѓорчев му ојт. Така викет. Све му одело и за све се разбирал тој.

Не вервите? И јас не вервев се до пред два дена, ко го изгласаа Законот за антидискриминација, во кој не е вклучена сексуалната ориентација. Само шо слушнав, одма ми текна на муабетот од Влатко на Студио 2 и на колумната во истиов овој весник од 5 февруари, кај шо го откриват вистинското лице на хоомсексуалциве и останативе од лгтб популацијава. Викат Влатко, барањава на хомосексуалцине и на наводнине борци за човекови права за вклучување во законов биле само превез за вистинските сатански барања. Прво ќе ги спомните во закон и си мислите сте завршиле работа, ама тек после чекајте да видите какви пеколни ѓаволштини ќе ви се исподешавет.

Ти пуштет две-три вештерки хомосексуалки облечени ко курири и ти го носат следното барање - хомосексуални бракови. Уште не си го допрочитал писмото со то барање, ти идат вампир хомосексуалец и ти барат да посвојт дете со партнерот му. Таман си се договорил со Анџелина Џоли и со Бред Пит да остает некое дете за вампириве, ете ти на врата караконџула трансвестит, со барање да мојт да служит како свештеник во црквата на плоштад.

Не му вервите на Влатчета? Не морат нему да му вервите. Ене во Хаити имаа закон за антидискриминација со вклучена сексуална ориентација, па види шо им се деси. Ги казна Господ со земјотрес. Немојте аман, не слушајте ги Фреди Кругерине од Сорос и Мајкл Маерсине од СДСМ, з'ш Влатко ќе ви ја пуштит Баба му Рога, па ќе ви дојт и ќе ве изејт!

Преродбата продолжува - без ПП апарат! Ај ставете си по една патриотска фискална во колите ако не? Ќе мојте да си напрајте сметка колку пари ви ошле по преродбеничко-колебливи проекти...

(Авторот became a fan of Преродба во 100 чекори - два напред, три назад)

(Колумната е објавена во весникот Шпиц на 10 04 2010)

(Наредната во сабота на 17 04 2010 во прилогот „Сега“ во дневниот весник Шпиц)

No comments:

Post a Comment