Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Apr 2, 2010

Го дрвиме 24/7!

Дрво за секое дете! По едно дрво за секое семејство! Дрвото е сила, дрвото е моќ! Секој треба да има трето дрво! Дрвократството е убиство! И ти си дрво! Го дрвиме 24/7! Дрво 2014! Земи дрво, ќе те среди...

Шо ќе ме средит, бе брат... ни дрва ојдов да садам, ни ништо поради кутроно момиче Шехерезад. Онаа вештицана и напрај чај и и ојде бебено јабана. И ту баш на сред свадба. Срамотилаци! А не знајт изглеа дека абортусот е убиство... А и онај Милошоски... да ми е мене во влада, одма би го избркал, ич око не ми трепвит! Гледат серии во кои се промовирет антивладини политики... како ли само не му е срам? Јас да сум ко него, одма ќе одам во некој ќош да се засрамам.

А и оние докториштана неблагодарни. Им го намалиле капитациониот бод од 50 на 45 денари, па се бунат. Е голема работа! До 5 денари ви дошло, бе? А бе бесрамници едни, ене стечајцине зејте ги за пример. Денар не барет. Сите пари ако требит ќе ги остает, само за да се преродит Скопје. Наместо да мислите за иднината на вашите деца и за илјадниците туристи кои со Влатко Ѓорчев ќе се сликет покрај споменицине на плоштад за четири години, вие сте се запнале за 5 денари. Јебеш ти сегашност. Требит да се мислит бар четири години на напред. Шо ќе е ти е екстра заработка, шо ќе ти се вишок пари за апаратура и вложвење во бизнисот, шо се замараш уствари... Ако му дошол некому денот да умрит, ќе умрит! Све е то запишано, бе брат.

Како каде? Па, во Преродбата, бре! Пастирот се си имат смислено и ти не требит воопшто да уклучвиш мозок. Само уклучи ја портокаловата библија, сврти на страница таа и таа, пасус тој и тој и стој! Стој и читај! Читај и преродувај се! Преродувај се и остварувај! Остварувај и работи посветено! Посветено 24/7! 24/7 со маргина на грешка од пола сат! За да мојт Пастирот да стигнит на местото на настанот...

Ако нејќеш мене да ме послушаш, ене послушај ги и огледај се на другине приватници. Државава им должит милиони и милиони евра, ама никој не се бунит. А и нормално дека не ќе се бунит. З’ш да се бунит, ко знајт дека парите шо требит да ги зејт од државава мојт да се употребат за попродуктивни цели. Башка и владава е бар печеснаес пати попаметна од сите приватни фирми заедно. А и математички пресметано така идет. Секоја фирма шо си имат пари за земвење да донират по еден споменик - ете ти Скопје 2014 - надградено и проширено.

Или државнине службеници. Им каснеше платана пола месец, па никој не се побуни. Дури ни тест за бременост не напраја. Ко ќе те ебит влада, немат шо да се секираш. Како и да е, секогаш си во добивка. Па, и ич да не ти дојт некој месец, немат шо да се буниш. Пошо си знајш дека твојата бременост ќе се изродит во преродба.

Не требит така да размислувате, море доктори едни низаедни. Аце Големион така да мислел на времето, ни империја ќе се видело ни ништо. Кај шо го спомнав Аце, еве и една тајна ќе ви откријам. Ама ќе ве замолам ова да останит меѓу нас, иначе не ви ја даваме куќана на Водно, џабе купони ќе праќате.

Планот, оооооо вие чувари на нашето здравје, е прво да се соберат пари, од вас, од фирмиве, од пушење без тераса ил со тенда, од пиење од ко ќе почнат вестине на А1, од недавање кош... Со парите прво се враќаме во барокот, а после ја собираме фалангата, со насобраните милионски вишоци во буџетот купвиме едно стопечеес ракети и ги лансираме пастировите поклоненици на Марс. Таму на марсовците им се собираме спонтано, им носиме теле и почвиме да скандираме „Неспособни, неспособни... управа оди сииииии...“. Ќе му обесиме и еден транспарент на телето околу вратот - „Цел живот една вода не мојте да најте, за ништо не ве биват!”

После ќе излезит Пастирот и ќе им ветит по една чаша вода за секое марсовче. За трето марсовче ич не морат да им спомвит, ќе ја сфатат пораката. Колку појќе марсовчиња, толку појќе вода! После ќе им забранит да пијат вода после седум и да дишат ако имет тенда, ама тогаш веќе ќе се под наша контрола и не ќе можат да се бунат. Шо ќе се расправаш со Грчиштана, да била Северна, да била Горна, да била Долна... Од ко ќе го освојме Марс ќе си имаме цела планета - Македонија Најголема!

Само уш еднаш ќе те замолам, нека останит муабетов помеѓу нас, иначе ни кола не ти даваме. Ќе и ја дајме на жена ти, з’ш та заслужвит да возит нова кола!

Преродбата продолжува - на Марс!

(Авторот се пишманит - ПП апарат од две кила ил рејтинг од два проценти, прашање е сега!)

(Колумната е објавена во весникот Шпиц на 02 04 2010)

(Наредната во сабота на 10 04 2010 во прилогот „Сега“ во дневниот весник Шпиц)

No comments:

Post a Comment