Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Apr 30, 2010

Повикај граѓанин!

Не знам дали сте забележале ама пролетва е ептен манијачко годишно време. Почвит се помалку да имат ладни и депресивни деној, се појќе не дружит сонцево, убај температури, уште пубај женски по улици облечени во фустанчиња и слични провокативни модно-дизајнерски измислици... Едноставно не мојш да не се завртиш од ко ќе се разминиш... Или ти мојш читателу?

Епа браво за тебе, али јас ова не го зборвам на памет. До заклучоков за манијакалноста во пролетта дојдов преку муабет со неколку другарчиња. Колку релевантен извор, нели? А и не само то. Гледам истово го практикувет и уште многу припадници на мојов пол на моја или слична на мојава возраст по улициве од главниов ни град. Али посебно ми е смешно ко ќе видам некој повозрасен господин како се вртит по некое добро парче. Или некој таксист ко ќе почнит да ја опсипуват со епитети девојката што на твоја сметка ја пуштил да преминит улица. Ептен прајслес моменти ми се тие.

И не, не ви го прам муабетов на празно. Освен женските од улиците на Скопјево, ме инспирираше и Џенифер Мекрајт од Индијана. Веројатно веќе ја знајте приказнава. Прво иранскиот ајатолах Казем Седиги изјави дека неморалните жени кои не ја почитуваат исламската традиција и шетаат „голи“, ги провоцираат и се одговорни за земјотресите кои се случуваат по светов. Американската студентка спомната малку погоре испровоцирана од оваа изјава реши да организира Бообљуаке или Цицкотрес. Идејата и беше преку организирање настан да ја тестира тезата на Седиги. Датумот беше понеделникот – 26 април, а најпрво беше замислен со учество на женските од нејзиниот универзитет, кои требаше да носат провокативни деколтеа. Потоа со помош на интернетот и медиумите настанот доби светски размери и бројката на пријавени за учество на Фејсбук беше над 200.000.

Точната бројка на припаднички на понежниот пол кои решиле да се облечат провокативно во понеделникот нормално дека не може да се измери но од телевизиските извештаи можеа да се видат Џенифер и нејзините колешки како го почитуваат нивниот дел од договорот во очекување на земјотреси. Во спротивно Седиги требаше да даде поинакво објаснување за причините за земјотресите.

И Џенифер ќе излезеше како победник од целава ситуација само доколку утрото во понеделникот земјотрес со јачина од 6,5 по Рихтер не го погодеше Тајван. Земјотресот предизвика релативно мала штета во Тајван но се поклопи со изјавата на Седиги. Џенифер тврдеше дека земјотресот се случил во друга временска зона и не се важел.

Е да бе, друга временска зона. Така и грчиштана им викет на германцине. Ние друга временска зона сме, мојме слободно да си играме со економијава, вие мислете си се за еврото во вашата временска зона. Не со тие финти бе Џениииии...

Наравоучението од ова може многу лесно да се извлече. Тоа вика дека Седиги сепак бил во право и жените навистина се криви за се на овој свет. И пролетта, многу нормално.

Но наравоучението од емисијата „Ние“ на Сител малку потешко се извлекува. Еве јас веќе неколку дена се трудам и никако да го извлечам. Ако не гледавте, еве ќе ви објаснам. Таму во неделата имаше некој граѓанин, мислам Никола Груевски се викаше и буквално од радост бликаше. Не знам како го избрале за гостин ама се гледаше дека е репрезентативен примерок и го претставуваше просечниот граѓанин на оваа држава и неговите мисли и размисли.

Водителов прашвит, граѓанинов одговарат, зумбули цутат, држава се реформира, граѓани се преродуваат... све од убо пубо. Да не ја гледав емисијава и граѓанинов, не ќе знаев дека олку убо ми било мене уствари...

Најмногу ми се свиѓаше таа најпатриотската изјава, кај шо кажа дека ко ќе имало референдум тој ќе одел и ќе гласал против Северна Република Македонија за севкупна употреба. И сеа све супер само неколку работи не ми се јасни.

Прво – ко шо го разбрав граѓанинов, референдумското прашање ќе стигнело од Нимиц а ќе било уствари по желба на грчиштана. Па чекај малку бе граѓанину, па нели преговори, нели заедичко прифатливо решение, нели разумен компромис, Нели ти реков и Кате со Запри дожду да го видааааам...?

Второ – па граѓанину бе, штом била работата за предлог, нели досеа дојдоа предлози? Нели Нимиц и досега нудеше решенија? Шо не им текнало на властиве наши досега да организирет референдум и да те прашет шо мислиш за предлозите?

Трето – па граѓанину бе... викаш дека си против Северна Република Македонија за севкупна употреба. Ама сепак си за Северна Република Македонија за несевкупна употреба? Па немој бе со такви предавнички ставови бе граѓанину. Па консултирај се со страница 146 од Преродбата бе граѓанину. Па едно име имаме бе граѓанину! Па во душата го носиме бе граѓанину! Па немој така бе граѓанину...

Ви викам, наравоучението од оваа емисија малку потешко се извлекуват али едно е сигурно:

Преродбата продолжува – инвестираме во филмската уметност и за таа цел психијатриските болници ги приспособивме за снимање хорор филмови! Инвестираме во привлекување странски инвестиции и за таа цел нашите промотори имаат и приватни фирми! Се грижиме за религијата и традицијата и затоа во сред главен град никнуваат џамии дивоградби! Се грижиме за здравјето на болните од Скопје и затоа лекови на рецепт има само во помалите градови – па нека пешачат и спортуваат до таму!

(Авторот Јован Постолоски пишит глупости. Јас, граѓанинот Јован Постолоски не се слагам со горе и лево напишаното!)

(Колумната е објавена во весникот Шпиц на 30 04 2010)
(Наредната во сабота на 08 05 2010 во прилогот „Сега“ во дневниот весник Шпиц)

1 comment:

kirev said...

Јасен е ставот - СРМ не може за вкупна меѓународна употреба. Претпоставувам ќе го прифати ако е само за Грција. Патем се согласувам со Груевски 100% по ова прашање.
20 години немаме потпишано ниеден документ со референцата (ниту сме учествувале во нејзиното донесување), а денес н`е убедуваат да ја смениме? Кој ја донел, нека си ја менува...

Post a Comment