Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Sep 15, 2009

Македонија – вечна импровизација

Пред три недели истава оваа страница имаше наслов „Т`га за Охрид“. Тогаш како за некаков си крај на туристичката сезона напишав нешто за она што секојдневно го гледав летово овде и шо ме иритираше. Пишев за она во шо се претвори најголемиот македонски туристички центар и како секој ден се појќе го уништвиме. Зборвев за појќе работи и завршив со то дека ќе изгубиме многу ако продолжиме вака. Само шо не ни сонвев дека ќе изгубиме олку многу. 15 човечки животи проголта Охридското Езеро за само неколку минути.

Али проблемот не е ни од пред неколку минути, ни денови. Проблемот требит да го бараме во сите овие години како тераме со државава независна. Проблемот требит да го бараме во импровизациите кои можат да се најдат во сите сфери на нашето живеење. Требит да се барат во сите партиски кадри кои се вработувет во државните служби, и во слепците кои ни ја водат државава сиве овие години, и во овците кои ги бирет тие слепци.

За водниот сообраќај и пловните објекти знам исто колку шо знам и за нуклеарната физика, али не требит да си некој експерт за да видиш дека нешто чкрипит во езерово наше. Посебно после толку загубени животи годинава. Не требит да си експерт ни за да видиш дека најмногу по езерово се возет шемаџии и чаламџии. Секој втор богаташ во земјава имат глисер или скутер и шибат по езероно, фраер е, најјак е, женските го сакет, машките му завидувет. Посебно љубит да шибат блиску до плажине за да можат сите да го видат. Ма немат врска то шо е забрането и то шо луѓе пливет тука кај шо поминвит. Мислам... немат смисла да останит невиден. Бродојне фурет до Св. Наум од сабајле, уш по неколку крстарења на вечер и доста често мојш да видиш луѓе начичкани, висат по оградине. Абе немат гајле бе брат, имат место, немат смисла некој да се одбиет, или да не му се земат парите, негостопримливи ќе испадниме така. А и немат да сме топ тема. Колку често се дешават Македонија да е на Си-Ен-Ен? Само ко ќе платиме за реклама, а вака видиш, без пари не имат.

Колегата Писарев уште во минатиот број на весников пишеше и предупредвеше за несреќите кои можат да се случат при вакво безредие на вода во државава. Ама кој да слушат и кој да читат. Дур го читаш ти сега весников некој прајт пари, го заболе за безбедноста. Требит да изгинат луѓе за да се свестиме кај сме и шо прајме. Требит да изгинат луѓе за да му текнит на Милета да си дајт оставка. Па и таа не беше неотповиклива. И кузнајт шо ќе се десит и со нејзе (премиерон сеуште не ја имат прифатено дур го пишам текстов)...

Љупчо Настоски, првиот човек на охридската Капетанија, нигде го немаше цел викенд. Ко и тој да потона со „Илинден“, или ко моја надлежност да се пловнине објекти во езероно. Уште потрагично е то шо тој или другите вработени во Капетанијата од тераса может дур пијат кафе да гледет шо се дешават на пристаниште. И не морат ни да слегвет долу, од таму можат да им викнат на капетанине од бродојне и да ги потсетат на законите и правилата. Ама кого ќе го потсетвет ко и тие не знает да ги спроведвет. Да знаеја да воведат ред во езероно немаше да забранувет возење со скутери денски. Ако почниме така ќе требит да забраниме и возење со коли пошо и таму се дешавет судари, да забраниме летање со авиони пошо и тие паѓет и да забраниме и излегвење од дома пошо дур шеташ по улица мојт да ти паднит и пијано на гла, ко на цртанине со Том и Џери.

Некој очигледно не си ја терат работата ко шо требит. И дефинитивно поради то требит да си сносит одговорност. И одговорноста да не застанит кај оставката. Некој стварно требит да ни објаснит шо се дешават во водниот сообраќај во земјава и дали на некого воопшто му е гајле за то. Пошо ако на сопственицине на бродојне не им е гајле за ништо освен за парите, ние, сите граѓани, преку буџетон плаќаме луѓе за да им е гајле. А кога тие луѓе не си ја вршет работата тогаш требит да размислиме уште еднаш пред замижвењето и одобрувањето на партизацијата на државните служби. Не за џабе од ЕУ ни трубат за партиските кадри кои работат на разни високи и доста често одговорни функции.

И не е само Охридското Езеро водена површина кај шо се одвиват сообраќај во државава. Еве што напиша минатата недела колегата Писарев во истиот овој весник – „Во каков хаос е сообраќајот на водите на Охридското Езеро се уверивме и ова лето. А правилата и законските одредби напишани на стотина страни од Законот, кој има точно 307 члена, важат и за пловење на сите други природни и вештачки езера во Македонија, како и на реките. Му текнало ли некому да ги уреди пловните патишта, на пример, на Беровското Езеро? Или на Матка? Чувај боже, некој да спомне таква работа кај нас ќе го прогласат за улав. А Македонија располага со затворени води не само на трите природни езера туку и на стотината мали и големи акумулациски езера, каде што секој ден пловат десетици чамци и глисери, а често се случуваат несреќи на вода. За жал, ќе има се додека некој не реши да стави ред и поредок. И на вода.“

А ако почниме да ги бројме недостатоците и пропустите во другите области? Веројатно е подобро и да не почвиме пошо ќе се уплашиме од земјата во која живееме. Многу често поради таквите недостатоци губиме пари, и тоа многу пари. Овојпат загубивме животи, и тоа многу животи. И обично требит да ни се десит нешо такво за да се замислиме кај сме, шо сме, и шо требит да ни се приоритетите. Пошо дур се градат споменици, во каналон Студенчишата, кај шо се чувет појќето скутери и глисери од Охридското Езеро, луѓено со канти турвет гориво, по принципот – пола в глисер, пола в канал. Утре ќе експлодират каналон, па пак ќе се чудиме шо ни се десило. А со години се барат градење Марина. Ама дури чекаме да се надмудрувет локалната и централната власт таков ќе ни бидит исходот од туристичките сезони во Охрид. Наместо туристи ќе бројме мртви.

А министрине ќе трчет во Охрид да се сликет пред камерине и апаратине, дур МТВ извествит дека целиот државен врв стасал во Охрид за експресни 30 минути. Дур растеше бројот на удаени изваени од езероно, им растеше и рејтингот на министриве наши мили. Само Аце, градоначалникон наш, нигде го немаше. Дури другиот ден излезе да ја обвинит централната власт пошо немал надлежност. Абе океј е то, знајме дека немаш надлежност ама бар мислевме дека ви тргнала соработката со Владата. Не помина ни еден месец од средбата со Груевски и со министрите, заедно ко се смешкавте и ко викавте дека ви одела соработката. Или по потреба, денес ви ојт, утре не ви ојт?

Е сеа, не знам дали уште одат рекламине за вечноста на Македонија на Си-Ен-Ен, али ако одат би го замолил премиерот да ги прекинит пошо, ко шо напишав претходно, имаме сеа бесплатна реклама и шанса светов да не видит такви ко шо сме, вистински, а не да им продаваме ветар во магла преку реклами. Се гледат дека ги биват дечкиве шо не водат. Знает како да напрает стратегија. Прво снимет реклами и влечкет туристи навака. После од ко ќе дојдат нека си се снаоѓет сами. Кој ќе преживејт, ќе раскажвит! И ако се побунат дека нешо не било ко шо сме го рекламирале, ќе платиме уш една тура реклами и ќе ги заќутиме.

То е то. Потона „Илинден“, а со него и лажната слика шо ја прикажвиме по светов. Ќе требит многу за да ја вратиме довербата. Многу Бугари но и Македонци веќе немат да се качат во брод во Охрид. Многу туристи немат ни да дојдат во Охрид. А ние мојме да си застаниме на плоштад пред некој голем видео бим. Ќе го викниме Груевски, тој ќе го зејт далинското, и ќе ни пуштат реклами. После ќе дојт и Џоле и ќе ни раскажвит и приказни од времето на Дедо Ное. Ние ќе ги гледаме и ќе си се воодушевуваме од нашата убајна и успешност. Дур не ни протонат сите бродој...

(Авторот е револтиран од импровизациите со кои се водит државава)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 10 09 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 17 09 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 22 09 2009 )

No comments:

Post a Comment