Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Sep 23, 2009

Инглишмен ин Њујорк

У Скупије, пеер. Пред некој ден дојдов кај Скопјанишчава. Е не, само тие ќе идeт Охрид да ни се мочет в езеро. Море ќе им се мочам ја во Вардар, и то од онај новион мост кај шо фрлаше Грујо лопати. Викат ептен им бил потребен нов мост на Скопјанишчава, пошо сега немале како да стигнат на другион брег од Вардар. Да ни е здрав и паметен и Господ да ни го поживејт пастирот наш уш стотина години бар, па да ни градит мостој помеѓу Камени и онај другион на два чекори шо е. Само да ми је знати како досега одеа луѓено Стара чаршија. Ќути кај шо дојдоа Грујо и Коце па сега рекана ќе мојме да ја преминиме. И пази брат, инсајдерска информација – планот бил секоја година да се градит по еден мост измеѓу Камениов и другион и за дестина години цел Вардар да е прекриен со мостој за да не можат да се видат џубрињана шо пливет по рекана. Ма прекрасно, ма паметно, ма револуционерно! Само шо мислам дека на Скопјанишчава не им требат мостој, туку покрај толку споменици, цркви и џамии, кај и да е нов плоштад ќе им затребит.

Скоро три месеци ме немаше во градов и гледам доста работи смениле. Најмногу ме харесват Илинденска. Ако требит Коце во блиска иднина отчет за сработеното да дават мислам дека ко топ проекти од круцијално (многу ми е јак зборов денојве) значење мојт да ги наведит сечењето на дрвата и рушењето на трафиките таму. Јас одма ќе го гласав за уште шест мандати. Таман, да ги исечит сите дрва и со пастирот да го прекријат цел Вардар со мостој. Бар така поголем избор ќе имет луѓево шо немет леб да јадат од кај да скокнат.

И така ти викам брат, дојдов јас во најголемото село во државава. И ко секогаш имав свечен пречек на автобуска. Влечкам јас шеснајс куфери во кој ја спастрив цела детска соба а таксистине ми лицитирет. Почнаја од 400, па продолжија со 350, па од ко сфатија дека не одам прв пат од автобуска до Кисела Вода се најде еден чичко таксист шо рече најефтин бил, и ми понуди за 200 да ме однесел. И после охридскине таксисти не чинеле. Тие бар по таксиметар возат Скопјанишча со посебна тарифа а овие така, од ѓутуре кажвет цени. И шо и? Си најдов нормален таксист и ме однесе за 60 денари. Стварно ми е жал за луѓено шо идат Скопје по некоја мака, најчесто по болници, и пошо нормално појма немет шо пари е таксито и колкава е далечината, фрлет миљони на таксистине на автобуска шо стојат. Или ко тој шо возел некој странци и шо го свртил цел град и ги качил и на Водно за да свртит таксиметарон над иљадарка иако можел да ги однесит и преку три-четири улици.

А да, не ви кажав шо барам кај Скопјанишчава. Дојдов факултет да учам. Иту не еден. Решив да ја послушам владава и паралелно да студирам на двајсчетири факултети. После толку реклами дури и срам да те фатит ако не запишиш бар седум-осум факултети, онака, за појќе избор да имаш. И дури од ко ќе дипломираш на сите нив ќе сфатиш дека не си го завршил најатрактивниот и најпотребниот моментално – онај шо вклучуват лепење плакати од мали години. А то ќе го сфатиш таман од ко ќе те избркет од работа и ко ќе довлечкет на твое место некој шо уште од мали години знаел како се успеват во животот. Ко учителине шо сфатија сега.

Али ако си гледал МТВ ќе знајш и немат да се заебиш. Мојт да имат и некој нус појави али тие и не се толку страшни колку шо е корисен крајниот ефект од преродбата. Некој дечко на интернет имаше пишано – „Требит операција од кила да се прам. Ми отекоа тестисиве гледајќи владини реклами на МТВ“. А тие ти се нешо ко шпанскине серии уствари. Пошо во кое и да е време од денот мојш да најш бар по една сапуница на некоја телевизија кај шо слугинката ти е уствари мајка од петнајстиот брак на татко ти кој уствари уште пред да прогледат Есмералда ќе сфатит дека си е чичко на самиот себе. Така и на МТВ. Кога и да пуштиш Прва или Собраниски канал ќе најш некој владино-кампањски блок. Ама во пакет, сите реклами напраени од Љупчо навака, без Бранко, многу нормално. Пошо Бранко е крив, нали.

Бранко меѓудругото, заборај Бичиклиски да ви кажит, и за „Илинден“ шо потона е крив. Дур му се печатела програмата со решенија за Македонија тој се облекол во нуркачко одело и од Елешец се фрлил в езеро. Чекал да поминит бродот со моторцангли в рака и ко поминал му ја скинал сајлата. Зато уствари Грујо не му ја прифати оставката на Милета. Шо е чоекот крив, ко Бранко е за све крив. Туку, кај шо го спомнав Милета, заборајв уште на почеток да ви кажам и да ве израдвам. Пошо почнавме со новава академска година, на факултет ни кажаа дека ќе сме имале нов предмет. Морал ќе се викал предметот а професор ќе ни бидел Миле, ко најморален чоек во државава за сезона пролет-лето 2009. Некојси Никола ќе му бидел асистент и заедно ќе не учеле како да сме морални. Зато, ако за следниот број случајно заборам да напишам колумна или ако случајно не излезит весников да знајте дека то ќе е од морални причини, з`ш така морало. Така мораше и брат Љубе да треснит уш некоја зелена. Рече чоекон, Миле и Грујо требало да напрает харикири од триести спрат. Да не знајш дали да се радвиш или да плачиш шо наместо него, Џолета си го избравме за претседател. Уствари, и вака и онака, и двајцата се смешни. Јас пак мислам, да го слушнит некој Јапонец стварно ќе си напрајт харикири, иту на новион мост. Или пак ќе ја сменат дефиницијата за харикири во чест на братот.

А Љубе мојт така да ја крстит и кампањата за предвремено-навремените-секоја-пролет избори в година. „Харикири за Македонија од триести спрат“. И после конечно ќе мојме да речиме дека некој стварно напрајл нешо за државава. Добро сеа, не дека другиве не напраја ама ова ќе останит ко врв на врвојте, за на корица на книга по историја за седмо одделение шо е бесплатна ама ја имат само во електронско издание. Ете, Љупчо крадеше ама имаше и за народот, Бранко вработи по еден чоек од секое семејство, а Никола не претвори во Македоноиди – зачетници на белата раса. Брат Љубе пак, измисли и напрај нов вид на харикири – за Македонија!

Ко ќе видиш, сите уствари напорно работат за Македонија. Маме му онаквам, чудна работа шо не завладеавме со светов во овие 18 години. Еве Бранко пак се врати во Ес-де-ес и летово дур се мочаја Скопјанишчана во езероно наше, тој програма напрај. И сеа ко Робин Худ е уствари. Ќе им земвит на богатине шо тој ги обогати, и ќе им дават на сиромашнине шо тој ги осиромаши. Све револуционерни идеи бе брат. Стварно, од олку револуционери, ми се чинит некој ден ко ќе излезам на тераса немат да видам луѓе кај шо рошкет во контејнерине долу. И да, не пишит во програмата ама еве вака ексклузивно да ви кажам дека Бранко од ко ќе победел на изборите ќе вработел по двајца од секое семејство. И плус тој едниот шо е веќе вработен од петнајсти септември – по тројца вработени. И плус ко ќе ги додајш на ова парине шо ги давет за трето, четврто, и т.н. дете да се чудит чоек з`ш ние се бориме да влезиме во Европа ко уствари Европа требит да се тепат за да влезит кај нас.

Али шо ќе ти се Европјани ко си имаме Кинези. Виде премиерон наш? Појде Кина и со фабрика за компјутери се врати. Ќути кај шо не го пуштивме Џолета. Ќе требеше камерманине да трчет со него по Кинескион ѕид во потрага по шахтата чиј тунел е директно поврзан со бунарот на Павлета од Паљурци. Е да, кога сме веќе кај Паљурци. Абе Џоле, шо се деси со шести септември бе? Нели ќе одговараше на прашања на главни уредници на телевизија? Или мислиш заедно со „Илинден“ потона и ветувањето пред камерине и пред Павлета даено? Септември ти е уствари многу историски датум за државава наша античка. Народот шо ја зеде судбината во свои раце го памтит петнаести септември од Бранко, а ние Македоноидиве мојме да го памтиме и шести септември од Џолета.

А шо е финтава со насловов? Епа јас, вака ко Охриѓанец, шетајќи по Скопјево, се осеќам баш ко Инглишмен ин Њујорк од Стинг. Стварно. Влегвам во продавница пред некој ден, им барам шеќер на охридски дијалект, и та продавачката одма ми се пожали дека многу и крцкал креветот во собата кај шо била сместена летово во Охрид, и за инает наместо шеќер, сол ми даде. После влегвам во интернет кафе, гледам, немет усб-порт од напред на компјутерине. И после тие ми се жалет, Охрид и Охриѓани не чинеле. Туку шо ќе ви викав... Абе дечки, кај ви е езерото? А Канео? А Св. Наум?

Аууууу, да беееееее, сега ми текна. Си имате вие шмизла, шо ќе ви е друго...

(Авторот е ко Инглишмен ин Њујорк и сеуште го чекат шести септември)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 17 09 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 24 09 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 29 09 2009 )

No comments:

Post a Comment