Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Sep 1, 2009

Пу, ј`з`к!

Ги немат Скопјанишчана... си ојдоја. Се празнит градов, шуќур, да мојт чоек да се искапит ко чоек во езероно. Стварно Охридов наш е најубав на крајов на август. Или на почетокон од септември. Децава тргвет на школо, старине се спремет за зимници, а јас... јас ојдов на плажа... без Скопјанишча шо се мочет за инет в езеро.

Уствари минатиот четврток ви го кажав то шо го мислам за Охрид. А градоначалникон стварно не можам да го сфатам. Во интервјуто за весников пред две недели шо и стори напаѓања на власта и на Груевски... парче ги напрај. Али зато после само неколку дена конечно се видоја, напраја средба в општина и си се смешкаја, ко најголеми другари да се, ко заедно ужинка на голем одмор да делеле. А и тогаш на пресот некако многу тивок ми беше, ко да го имаше искарано Груевски нешо, а и цел прес Груевски зборвеше. Аце наш кажа две реченици и застана Грујо, си кажа дека цутет ружи во Охрид и во Македонија и дека во иднина и кокичиња ќе почнеле да цутет и си замина. Брзал чоекот, немал време за прашања од новинари. А со него си ги собра и министриве шо ги носеше во посетата на Охрид и Струга. „Ам плажите, ам „Нико Нестор, ам ова, ам она...“ – се развикаа колегиве новинари. Џабе ви е. Брзат чоекот, работит 24/7, посветено, преродба, ова, она, знајш како...

Туку за Ацета наш ви кажвев. Остај то шо наеднаш се смири со премиерон и ко нишо да не било, туку и ставојве си ги менвит по потреба. Пред некое време на една локална телевизија овде во дебата прашан за тезгине со ченки и пуканки на плоштад и лошата слика шо ја прикажвет за градов викат „Ам шо да им прам, луѓено немет леб да јадат, јас уште да одам и тезгине да им ги земам..“ Сега на Канал 5 го слушам викат „Јавно пред граѓаните кажвам дека ова е последната туристичка сезона кога го дозволвиме ова. Одговорно тврдам дека за следната сезона немат да имат тезги по чаршијана и кејон, туку ќе бидат поставувани после мостот кај Студенчишта“. И ај сеа... И плус не сфаќам, кај ќе ги редат, на Куба Либре плажана?

Ај... ќе видиме в година. Да не испаднит после пу, пу, не реков јас така, власта е крива. Ко на вмровциве Бранко за све шо им е крив. Уба работа е да си бараш виновници во другите уствари. Ене на пример, за инцидентот во Нерези од минатата недела мојме да го обвиниме Бил Клинтон. Крив е з`ш тој ја плескал Моника а овие другиве немале шо да плескет па почнале меѓу себе да се плескет. Уствари з`ш тие немале со кого сексуално да општат морале виртуелно да општат со членовите на блиското семејство на овие другиве па така овие другиве ги извајле секирите и тргнале во борба, во борба, во боооорбааа...

Не бе, не пишам за инцидентот Нерези. Ќе пишев уште минатиот четврток ама си викам пубо пиши си за Охрид отколку за некои си нецивилизирани уана-би племенски орди на сред главен град. Немаше ни воопшто да пишам за то али пошо интернетов нудит многу можности, меѓу кои и таа да видиш како размислувет тие шо уствари не размислувет туку само чкрапет по тастатура...

Гледам уште не е јасно шо се десило таму. ММЕ, кој прв почна? Не би рекол дека то е толку многу важно. Многу поважна е колективната слика после таа недела. Катастрофа! Мизерија! Срамота! Жално! Според приказна која стигна до мене по принципот „еден мој другар има другар чијшто другар бил он да фејс он да плејс...“, Комитите ги пееле оние суаткичкине песнички нивни. Еве, ако уште не сте имале можност да ги чуете, еве ви две песнички нивни... Првава се викат „ А бре Македонче“ и текстот ојт вака – „ А, бре Македонче, каде се спремаш, борба те чека, борба за слобода, борба те чека, борба за слобода, нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине, нека разберат клетите Шиптари, македонско име нема да загине!“

Втората пак, имат име „ Не јас неможам“ и викат – „ Не јас неможам овде да седам, не јас неможам шиптари да гледам, дајте ни алкохол сега да пиеме, а после надвор, ШИПТАРИ да биеме, але, але...“ Ако не ми вервите мене, појте на сајтон нивен (www.komiti.com.mk) па сами ќе мојте да си прочитате. Да, ќе мојте да си прочитате „THE WEB PAGE IS UNDER CONSTRUCTION“. Само шо не е доволна реконструкција на сајтот, мислам дека ќе требит многу поголема реконструкција за да мрдниме од таму од кај шо сме.

Значи, шо ќе ви викав... Комитиве си ги пееле овие песниве слатки ем најубај дур поминвеле Нерези кај шо мнозинството население е Албанско и... И шо и? Видовте и сами... секири и земјоделска механизација на сред главен град. Во делот шо не го имат на лента појако викет било. И да, имало и влегвење по куќи. Али ова е, ко шо ви реков, приказна шо стигна до мене раскажана во трето лице. То шо се случи таму е страшно, и требит некој (повеќе луѓе) да одговарат за то. И кога викам некој не мислам само на Комитите или населението таму, туку мислам и на дечките кои со комбиња му стигнаа на населението на помош, како и на полицајците кои ко шо видовме, си фаќаа сеир како и многупати досега (28 март) дури овие си копаа очи со секири, уш еднаш ќе повторам, на сред главен град! И ко шо прочитав негде на интернет – Единицата за брзо распоредување навистина брзо се распореди... да фаќа сеир. Па чекајте бе луѓе, мене лично ме интересират дали смејт да се шетат по улица со секира. Ако смејт кажете си, ќе ја земам ова од Охрид сега септември ко ќе идам Скопје. Ќе имат бар со шо да се одбранам од дивине таксисти на автобуска шо сакет за 400 денари да ме носат до Кисела Вода. Па тие се стварно луди бе. За тие пари Охрид ќе си се вратам бе алоооооо...

Али не, стварно... Горданооооо, мислам дека поголема закана за безбедноста ти се неконтролирани навивачки групи и дечки со секири по улици отколку децана шо седат, свират на гитарче и пијат пивце Градски парк.

Реков дека немат да пишам за неделата ама ете, не можев... Ај сеа да си го кажам то шо го планирав за колумнава... Прво, да си кажам и да им се заблагодарам на сите оние кои си пишеа по Фејсбук, Јутјуб, сајтови, блогови, форуми, за инцидентите. Албански не знам па зато не знам ни шо имале да ни кажат дечките со секирите ама зато многу добро знам македонски и можам да потпишам ако требит, дека во изминативе деној бар 100 пати прочитав „Чиста Македонија“. И по некоја случајност ова идат најмногу од устите на 15-годишни деца. Не дека немат помали или поголеми ама ми се чинит тие најмногу го пишат и се гордеат со ова.

Али на тие деца веројатно не им се сонало то па да го пишат по интернет. Веројатно имале влијание и родителите, и другарите, и околината, и... И резултат – еден куп нацисти во државава! И сеуште не можам да сфатам како мојт некој да се гордејт со насилство, со то дека истепал некого, со то дека го нарекол „шиптар“ или како и да е... За да не испаднит дека ја критикувам само едната страна, еве, ќе кажам едно големо „Како не ви е срам!“ и на Албанските навивачи. Разбрав дека од трибините на „Шверцерите“ и „Балистите“ доста често се слушало „Тоше педер!“. Па како бе луѓе, како имате срце за да кажите нешто такво за Тоше? Зар то го научивте од него? И едните и другите...

И како, ама стварно нека ми објаснит некој како е можно да се прает поделби по најглупите можни критериуми – етничка или верска припадност? Па добро бе луѓе, после толку години тонење, уште ли не ви дојде умот? Во истата каша сте бре! Во истата каша сме! Слепо црево сме. Невработени имат со лопата да риниш. Еден куп фабрики се продадоа под сомнителни околности, уште еден куп ојдоа под стечај и луѓе по контињери рошкет ама уште умот не ви идет... Од сиве години транзиција само едни профитираа. Ќе ви текнит, или да ви кажам? Политичари ги викавме... Не знам стварно за кого и за што се колите, не знам...

И бидејќи знам дека имат многумина шо се прашвет на која страна да застанеле за инцидентите кај Нерези или за што и да е... Како каде бе? Требит да се застанит на страната на здравиот разум. И на страната на тие што гледет како заеднички да преживеат во една држава која е на последно место по многу критериуми... Вака некако започна и 2001... со моите и твоите, со нашите и вашите и со пушките и пиштолите... А како што гледам има многумина кои сакет да ни се повторит. Само повелете, сигурен сум дека ќе уживате во репризата...

И една порака до властите – несанкционираното насилство водит кон ново насилство. Реагирајте пред да бидит доцна. И уште една до оние разумните кои поради стравот од неразумните го преќутувет она шо сакет да го кажет. Кажете си бе луѓе, кога знајте дека сте во право, шо потреба да ќутите. Нацизмот никогаш не победил, па немат ни сега. И можда ќе ве етикетирет ко „анти-македонец“ или „анти-албанец“ или „анти-шознамјас“ али многу е побитно да надвладеат разумните отколку шо ќе речат неразумните...

И да, знам дека забегав и минатиот а посебно овој пат со сериозни теми али не е до мене... Шо да прам ко ни се дешавет вакви глупости. Ваљда до наредниот четврток ќе имат да се коментирет само гафојне од Џоле и остали а не и вакви сериозни теми... Ајде, ојдов јас да се капам в езеро. Без Скопјанишча во него! Останите ми со здравје... и со ум во глајте!

П.С. Ќе си платам пеес евра за плукањето во насловот, ич да не се секирате. Само дајте жиро-сметка и сам ќе се погрижам за то. Вие за то време погрижете се за то шо го пишит во колумнава. Е, фала ви на разбирањето.

(Авторот е разочаран од луѓето со кои делит држава)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 27 08 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 03 09 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 08 09 2009 )

No comments:

Post a Comment