клик за поголеми димензии
Старион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.
З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.
На рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.
Во денешното издание на неделникот „Сега“ дваесеттата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Кој го уби Титаник?“ на 28 и 29 страница.Хајлајц момент - „Преку една координирана и врвно организирана акција на 14 април 1912 година бродот во кој пловеа предавниците и платениците се мавна во една голема ледена санта мраз и потона, а со тоа беше спасена нашата мила татковина.“
Ова... и многу повеќе од тоаааааааа.... за самоооооооо 50 денари со кои добивате волшебен магазин со доста квалитетно и интересно четиво за моментите кога се дружите со вашата шолја во wc, на пример. :)))
Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.
Светло, СТОП. Крајот на тунелот, СТОП. Усвоена резолуцијата за укинување на визниот режим, СТОП. Среќа, СТОП. Радост, СТОП. Пакувам куфери, СТОП. Идам, СТОП. Трчам, СТОП. Летам, СТОП. О Европа, СТОП. Оу јеа, СТОП. 19 декмври, СТОП. На граница, СТОП. Е з`ш СТОП?(Колумната е објавена во неделникот Сега на 19 11 2009 )
Во овонеделното издание на неделникот „Сега“ деветнајстата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Враќање од иднината“ од 34 до 36 страница.Хајлајц момент - „Пауза. Тишина. Црн екран. Големи црвени букви на него – „Враќање од иднината“. Продорен машки глас – „Наскоро... на граничните премини блиску до вас... Не пропуштајте!!!“.
Ова... и многу повеќе од тоаааааааа.... за самоооооооо 50 денари со кои добивате волшебен магазин со доста квалитетно и интересно четиво за моментите кога се дружите со вашата шолја во wc, на пример. :)))
Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.
Да бе стварно, не се заебавам. Еден ден сончев сите ќе умрете. Некој после некој сега... Знам, сега ми кажа директорот...(Колумната е објавена во неделникот Сега на 12 11 2009 )
Во денешното издание на неделникот „Сега“ осумнаестата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Сите ќе умрете!“ на 32 и 33 страница.Хајлајц момент - „Според препораките на СЗО се препорачвит само секс, така не можел да се пренесит грипов. Секс, нешто шо нашиве политичари редовно го практикуваат кон широките народни маси. Техника шо во литературата ќе ја најте под стручниот термин „е.ење во здрав мозок.“
Плууууууус... прес конференција на која откривам кои се платениците на претседателот Ѓорге Иванов... и многу повеќе од тоаааааааа.... за самоооооооо 50 денари со кои добивате волшебен магазин со доста квалитетно и интересно четиво за моментите кога се дружите со вашата шолја во wc, на пример. :)))
Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.
Еве и јас малце. На одмор во Хаваи сум. Не бе, не сум видел ни море ни океан ни нишо. Е како з`ш? Па немам време, од ко дојдов овде само читам. Како шо... книги си читкам бе. Во хотелов кај шо седам имат една витрина со книги и морам да ги исчитам сите пошо вчера му се јавив на еден другар да му честитам за колоквиумот шо го положи пред еден месец. Утре требит да дојт тој ваму. И ко ќе дојт ќе ме прашат дали сум ги видел книгиве шо стојат во витринава. Како да му речам дек нит сум ги видел, нит прочитал. Срамота е то.(Колумната е објавена во неделникот Сега на 05 11 2009 )
Во денешното издание на неделникот „Сега“ седумнаестата од серијалот колумни насловени „З`ш да не...“ Денешната со наслов „Си беше еднаш на дивиот запад“ на 34 и 35 страница.Хајлајц момент - „Пред владана штрајкувачи 24/7. Многу си ги сакет пастирите, па да бидат поблиску до нив.“
Цената на неделникот е 50 денари со кои добивате доста квалитетно и интересно четиво за моментите кога се дружите со вашата шолја во wc, на пример. :)))Ако сепак сте скржави и не ви се дава пеевче, денешната колумна на Мојон Блог во вторник фор фри.
Да ви кажам право, многу љубам редовни читатели. Е, кога имаш такви не ти е проблем колумната да ја почниш онаму кај шо си завршил пред едно месец дена. А завршив со клетвата на неделата – да дајт Господ, Љубе Бошковски на свадба да ти пукат! Епа имам една добра вест – беше кум и конечно пукаше! И една уште посреќна – немат повредени! И една најсреќна – свадбата беше помеѓу Грк и Македонка. Добро, не е то најсреќниот момент. Моментот е то шо од извори блиски на сваќата дознаваме дека кумот Љ.Б. во еден момент на општа веселба испукал неколку рафали по што ги исплашил гостите кои биле на јужната страна па го тргнал зетот Н.Н. (инаку член на владејачката партија ПАСОК) настрана и му објаснал некои работи и сега зетот преплашен сеуште не ја ни допрел својата нова сопруга а камоли да почнит да ги извршуват брачните обврски. Пред то решил да лобират кај чичко Јорго за да не пуштит да си се викаме како шо си сакаме. Ако ви теквит Ќиро на времето викаше дека сите работи се решавале со дијалог. Еми пробвеа со дијалог и Коле и Тони и сите по ред ама не знает како. Зато Братот знајт. И одсеа не го викам Брат. Одсеа Кум ќе го викам. З`ш е ко Марлон Брандо. И з`ш со Кумот немат лабаво! А ко шо ми пренесе сваќата ни мијалник, ни машина за перење немало. Грчиштана освен тостери, пајнци, лајци и микробранови ништо друго не однесле на свадбата. Море ќе видат тие убо... само ако им го пуштам Кумон...(Колумната е објавена во неделникот Сега на 29 10 2009 )
- автор и водител на емисијата На рапорт со Јофе на А1 телевизија.
- соработник и колумнист на весникот Шпиц.
- студент на новинарските студии на Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на Македонскиот институт за медиуми


Smoky | Converted by Free Blogger Template
