Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Nov 10, 2009

Си беше еднаш на Дивиот запад...

Еве и јас малце. На одмор во Хаваи сум. Не бе, не сум видел ни море ни океан ни нишо. Е како з`ш? Па немам време, од ко дојдов овде само читам. Како шо... книги си читкам бе. Во хотелов кај шо седам имат една витрина со книги и морам да ги исчитам сите пошо вчера му се јавив на еден другар да му честитам за колоквиумот шо го положи пред еден месец. Утре требит да дојт тој ваму. И ко ќе дојт ќе ме прашат дали сум ги видел книгиве шо стојат во витринава. Како да му речам дек нит сум ги видел, нит прочитал. Срамота е то.

А во паузиве од читање се мислам за средбата шо беше меѓу Коле и Јорго минатиот четврток. Стварно никако не можам да се изначудам како можеше Јорго ко појде кај Колета Брисел, прв муабет да му е тој за книгите. И то баш за таа витрина во таа икс собата кај шо се сретнаа. И како можеше да се погодит Коле да ги имат прочитано баш тие книги, баш од таа витрина. Еве, јас знам дека имаме начитан и паметен итн. премиер ама ова ептен ме зачуди. И така ти викам, се чудам по цели деној и се трудам да најдам одговор. И немат друго. Морат да е то. Се плашам да го кажам, да не ме сфатит некој погрешно и дан ме отерат на Крф. Или во крв. Ама сепак ќе го кажам. Ко можел Аце да го освојт пола свет, шо останвит за мене. Слушај ваму шо е финтата. Финтата е во то шо Коле и Јорго се телепатски поврзани. Да бе, ко телиња. Муабетот од пред две недели шо ви го праев. То шо грчиштава го барет Ацета и викет дека е нивен, не е случајно. Според моиве анализи и заклучоци, грчиштава имет врска со Ацета и зато мојт да се десит вакво телепатско поврзување на двајцава премиери. Не само шо имет врска, туку грчиштава се уствари Македонци шо живеат во заблуда. Знам дека си викате шо зборвит овај, да не не е нормален случајно, ама ќе видите еден ден.

Ќе видите ко ќе се сретнат претседателиве, нашиов и нивнион. Само шо не вервам дека средбата ќе бит негде онаму по џенемине. Не бе. Овде ќе си се сретнат, на античково парче земја. Еве, погаѓам од три пати, но два пати во себе. Погаѓам, погаѓам и мојот конечен одговор е – Паљурци. Замисли го Џоле, си седит на сред нива и одеднаш се појавуват Карло, се поздравувет, се гушкет и Карло му викат на Џолета – „Абе брат, го виде бунаров?“ „оооооооо, да, да, дури и вода со Павлета имаме пиено на времето“. И после то уш некој ак речит дек не сме поврзани...

Ко Скопје и Кичево со воз шо се поврзани. Или не? Упс, чичковцине шо ги возат возојне се бунат, нон стоп со камења ги гаѓале, ставале карпи на сред пруга и слични будалаштини, па немало појќе да возет на таа линија. Си беше еднаш на Дивиот запад... во западна Македонија... Абе шо знает деца шо се карпи, кревет, ставет на пруга, бегет. Абе шо знает деца шо е пруга, ја кревет, ја ставет на рамо и ја носат в отпад. Ама не, стварно не знам по кој к.р основ на некого би му сметал воз шо си носит патници. Иииии, брееееј будала работааааа... Иначе... да, и нив требит да ги зејме со нас ко ќе ојме накај Европскана Унија. Знам, едвај не чекет да им појме. Со раширени раце и нозе. За да ни дает. Членство.

Само дедо Блаже не ја дават енциклопедијана негова. Викат, прајте си нова енциклопедија со нова редакција, јас од мојава ни запирка не давам. Абе амаааааан замаааааан дај им нешо. Ај молимте биди добар и дај бар печес страници. Дај бар та страницата кај шо пишиш за Албанците, пардон, Шиптарите во Македонија. Не? Дај ако не бар тој делот за Тоше. А да... заборајв, воопшто немаше дел за него. Ако не дај делот кај шо пишиш за ликот и делото на Блаже Ристовски. Шо? Појќе од пет страници се? Ааааааа, епа ништо ко така... ај ќе им дајме на овие другиве да ја прает. А чекај, а со парите шо ги зеде од државава, да не речам од нас, шо прајме? А? Или то не се важит? А сите срања шо се издешаваа поради таа енциклопедија? Или и то не се важит? Многу принципиелен чоек, морам да признаам. То шо е негово – негово е. Нашето... епа и то е негово.

Принципиелен... исто ко Бичиклиски. Стефче од Карпош ја барат зградана кај шо беше Америчкана амбасада за градинка, ама ВМРО не му ја дават, на Институтон за културно и духовно наследство на Албанците му ја даде. И Бичиклиски викат Стефче бил шовинист. Е з`ш? З`ш барал градинка за дечиња. И антиалбанец бил. Е з`ш? З`ш барал објектот шо порано бил градинка пак да бит градинка, наместо Институт. И пази молимте. Во една прес конференција Бичиклиски самиот поставуват обвинување и самиот си го побиват. Прво викат дека Стефче бил против Албанциве з`ш не им го давал објектот, а после викат дека на времето ко бил министер бил за Албанциве и им помогнал да ги освојат Струга и Кичево. Стварно е заебана работа да си портпарол на партија. Требит пред јавноста да ги кажиш сите глупости шо ги мислит лидерот и тие околу него, а кои не се осмелуваат да го напрает то з`ш знает дека ќе им се смејт народов. Ама Бичиклиски навикнат е на то. Замисли да го вработат за портпарол на Управа за хидрометеролошки работи и да известуват за то какво ќе бидит времето утре и задутре. Попрво ќе напрам мегалитска опсерваторија на тераса и така ќе добивам информации за активностите на сонцето и останатите небесни функционери отколку да чекам од него. Жими инвестицииве странски.

Пошо напорната работа на досегашните 23 економски промотори донесе ептеееееееееееен мноооооогу инвестицииииииииии, нашата ни мила ем незапирлива Влада ќе остварит уште 9 промотори кои ќе остваруваат во Полска, Белгија, Јужна Кореја, Австралија, САД, Јапонија, Шпанија и Турција. Владата за пубо да может да остварувет во земјиве кај шо ги праќат им дават и дипломатски статус, купчиња со пари и други бенефиции, како и ганц нови Голф шески. Ако се остваруват, нека се остваруват на големо! Остајте ги оние будалине шо зборват дека сме биле на последно место по странски директни инвестиции од сиве земји околу нас. Така зборват з`ш љубоморат. И не вервете им ни ко ќе ви кажват дека во споредба со лани инвестициите биле намалени за три и пол пати. Прашајте го Бичиклиски, тој ќе ви потврдит дека лажат... срам ги било! А вистината е една и единствена - Македонија е инвестициски рај 24/7!

Ко шо имат пред владана штрајкувачи 24/7. Од толку шо им е убо на граѓаниве и од толку шо си ги сакет пастирите се доближувет колку шо е можно поблиску до нив. Ене професионалнине војници дури и неколку дена седат таму. Море дури и спијат таму. Све, само да се поблиску до Пастирот и преродбениците негови. Само новинарине ги лажат, демек имале некакви си барања. Изговор бе, изговор им е то, само за да можат да се сретнат со главниот преродбеник и да му кажат лично колку се задоволни од преродбава и така уште попреродени да се вратат на спиење на Илинденска 24/7.

Или ако сакет да се фраерчиња можат да му се придружат на Ивица, градоначалникон од Ајродром на Даме Груев во кафичон Плеј на по едно кафенце. Колата ќе си ја паркирет на пешачки, одма до негована, службенана. Ииииих, според најновите истражувања е докажано дека на еден пешачки премин можат да се паркираат и до 5 автомобили. Шо ќе ти е зонско паркирање ко си имаш пешачки бе брат. Видиш како е паметен Ивица. И никој нишо не му мојт. Добро, за да не испаднит дека стварно никој не му мојт, Гоца му бапна казна од ко напиша „Вест“ и „А1“ од ко напрај прилог па од ко си призна Ивче. Ама другиов дел е уш појак. Пошо граѓанине од Ајродром шо живеат кај трговскион Бисер се бунеа за воведувањето на зонското паркирање таму, сега Ивица викат – „ако револтот е голем, проектот ќе се повлече“. Пошо ги знајме граѓаниве дека не се бунат за ништо, ќе им бапниме зонско паркирање во секој двор. Ако случајно им текнит да се побунат, мојме и да го тргниме. Парите шо се дале за да се ставит... шо ти е гајле, шо ќе им се секираш... ко твој да се...

Апсолутно. Така се играт кај нас. Ако проџе, проџе, ако не здравје...

(Авторот е предавник. Има предадено штафета во средно)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 05 11 2009 )

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 12 11 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 17 11 2009 )

No comments:

Post a Comment