Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Nov 3, 2009

Фајар ин да хооооол...

Да ви кажам право, многу љубам редовни читатели. Е, кога имаш такви не ти е проблем колумната да ја почниш онаму кај шо си завршил пред едно месец дена. А завршив со клетвата на неделата – да дајт Господ, Љубе Бошковски на свадба да ти пукат! Епа имам една добра вест – беше кум и конечно пукаше! И една уште посреќна – немат повредени! И една најсреќна – свадбата беше помеѓу Грк и Македонка. Добро, не е то најсреќниот момент. Моментот е то шо од извори блиски на сваќата дознаваме дека кумот Љ.Б. во еден момент на општа веселба испукал неколку рафали по што ги исплашил гостите кои биле на јужната страна па го тргнал зетот Н.Н. (инаку член на владејачката партија ПАСОК) настрана и му објаснал некои работи и сега зетот преплашен сеуште не ја ни допрел својата нова сопруга а камоли да почнит да ги извршуват брачните обврски. Пред то решил да лобират кај чичко Јорго за да не пуштит да си се викаме како шо си сакаме. Ако ви теквит Ќиро на времето викаше дека сите работи се решавале со дијалог. Еми пробвеа со дијалог и Коле и Тони и сите по ред ама не знает како. Зато Братот знајт. И одсеа не го викам Брат. Одсеа Кум ќе го викам. З`ш е ко Марлон Брандо. И з`ш со Кумот немат лабаво! А ко шо ми пренесе сваќата ни мијалник, ни машина за перење немало. Грчиштана освен тостери, пајнци, лајци и микробранови ништо друго не однесле на свадбата. Море ќе видат тие убо... само ако им го пуштам Кумон...

Или неколку инспектори од МВР од Штип. Ко шо разбрав, Гордана нив најмногу ги сакала. А и најпаметни во цело одделение и биле. И знаеле како со криминалци. Ко шо разбравме од медиумиве, пошо Гоца по малце криет, инспекториве пресретнале дилер на дрога, го претепале и му ги зеле парите. Како ами... маме негово, само тој ќе земат пари... Е ова ти е пример за орган кој се грижит за редот и мирот и спроведувањето на законите. А овие смислувале затвори, ресоцијализација, едукација... Глупости бре, глупости! Е вака се прајт од ова држава, држава. И утре ако мавниш некого со колана низ град и напрајш сообраќајка не чекај да дојт полиција и записник да прајт. Не бре, старомодно е то. Чекај од негде да те замават залетан Крајлслер и да ти вратит, око за око, шофершајбна за браник.

Или заб за заб, пензија и плата заедно. Имено, лејдис енд џентлмен, поради неверојатно волшебните резултати постигнати на полето на неправдата во нашата мила ем преродена Поранешно Југословенско Социјалистичка Северна ем Јави се Јужна Македонија, министерот за неправда Мики ојде во Хрватска да ги учит колегите таму како се работит. Уствари официјалната верзија е дека бил на посета за разменување искуства ама то е само поради коректност во меѓусебните, да не речам билатерални односи. Инаку, се знајт з`ш го викнал колегата му хрватски министер. За да го научит како се прајт будала цела држава и на крај дури и од ко ќе те откријат, пак фраер да испадниш.

Ама ми се чинит најголем фраер е премиерон. Само шетат по светов и сите го сакет. Виде Австралија како го пречекаа? А? Дури и војски и топој собраа за добредојде. Дури ни во Македонија така не се почвит кампања за предвремени избори. Не бе, не викам дека во Австралија ќе праеле предвремени избори. Не е Коле Мики па да ги учит на финти Австраљанцине. Си ојде да си ја продолжит кампањата за неговите предвремени избори. Од ко се изгушка со нашинцине во Канада им појде и на нашине античко австралиски Македонци. И на нив им вети дека ќе можеле и во Македонија да си земвет австралиски пензии. Уствари за оваа финта не сум баш најсигурен, можда имат некаква врска со Мики, али не ми беше то муабетот. Муабетот ми беше дека покрај то, и нашинциве во Оустрејлија ќе можеле да гласет на предвремените. Како за кого? Па за Колета, за кого мојт. Бранко и партијана негова едвај собирет пари за екскурзија низ Македонија за предвремени кампањи, не пак за да одет по Америкине и Австралиине да бркет гласачи. А Коле со државни пари си шеткат и си прајт кампања. Си мојт бе, си мојт...

И јас ко мал сакав да си шеткам. То шо немав баш пари за шеткање беше друга работа, ама се сеќавам дека бар за екскурзии моине ми наоѓаа пари. Така во седмо на пример за прв пат имав можност да видам доста градој и градчиња низ државава на т.н. екскурзија низ Македонија. И стварно јако си поминавме таму. И јас по то ќе го памтам седмо одделение. По таа екскурзија ќе го памтат и многу мои соученици. Ама идет други времиња бре. Нашава преродбеничка влада не сакат, или пубо кажано – не смејт да си дозволит, сегашниве седмооделенци да се со исти впечатоци со оние од пред 6-7 години. Зато секојдневно им приредуват нови изненадувања. Еве сегашниве седмооделенци на пример, покрај екскурзијата ќе может да се сеќавет дека биле дел од проектот „Бесплатен учебник за секое дете“ и дека пола година биле без учебници. Ама пошо, ко шо викет, „на аризан коњ, заби не му се броет“, и децана не морат да броет, ни заби, ни страници од учебници. Шо ќе им се учебници ко имет компјутери за секое дете и модерна технологија. Шо ќе ти е да учиш од учебник ко мојш да го снимаш наставникот на предавање и после на компјутерот да го гледаш и да си учиш. Модерна влада си имаме бе. И модерен министер за образование. Само пошо знает дека имат злобни луѓе во опозиција и по медиумиве печатат и учебници, да не речат овие злобнициве дека немало учебници иако биле бесплатни и за секое дете. Викат министеров, при крај било печатењето на учебниците за седмо. А тендерот за средните стручни школи бил при крај. Ма немат потреба бе. Шо ќе прајте трошкој жити големиот одмор. Шо ќе фрлате пари ко уш малце ќе завршит учебнава година па шо ќе им се учебници на децана. Мислам... учебници... глупости живи...

Да не се знаело шо се работит и шо се приоритети... Јебига... не можат сите да бидат ко Коце и да знает. Еве тој знајт кај требит да вложвит. Во национално првенство за Кантер Страјк на пример. Само глумит пред микрофонине и камерине дека не знаел шо било то Кантер али бил среќен шо се одржвело во неговиот град. Коце, тие муабети на друг да му ги прајш. Ам ај бе, не сме деца па да не сфаќаме шо ти е планот... Еве јас одма му ја сфатив стратегијата на Коцета. Организират турнир во Кантер за да мојт да научит нешто и да регрутират тим за помош во незгодни ситуации, ко ќе станат граѓаниве да се побунат за нешто. Ко тогаш ко се бунеја шо ги сечел дрвата на Илинденска. Ај сега нека излезат да се побунат да ги видам. Одма Коце ќе им пуштит две три Кантер Страјк - спешл форсис единици и ќе ги постројт во две редици.

Или некој ако застанит пред сатон да се бунит и да молит да не го рестартирет. Одма ќе се појавит од негде Коце и ќе се развикат „Фајар ин да хооооол...“ и одма ќе се разбегет сите. Многу добар градоначалник имет избрано скопјанишчава, морам да им признаам. Со стратегија за развој на градов. И сиве проекти му вриштат. Овој најновиов посебно. Слушам, ќе праел Коце плажа на Вардар. Да се разубаел Вардар, да имало содржини, да имало раздвиженост... Абе оди бегај таму. Мислиш некој будала е и не знајт шо ти е планов. Да ни го уништиш бизнисот нас во Охрид, а? Епа извини ама немат да ти успејт. Не Кантер, не шо сакаш бе... нишо не те спасвит, ние бродој потонвиме, за една плажа на Вардар било проблем...

Единствено спас мојш да бараш кај новион студентски лидер – Иван еј кеј еј Медо. Тој единствено мојт да напрајт нешо по претходни консултации со министерон за образование. Или не? Чекај малце, на линија е Самоил, тој знаел шо требело да се прајт. Ко шо разбрав Медо и Самоил имале црвени телефони и така се договарале за важните прашања и одлуки. Пред некој ден на пример, од ко се слушнале на червениот, одлучиле Медо да не ојт во емисијана „Ние“ на Сител. Мангуп бе. Имат да се знајт кој е главен. Така си мислет новинарине, может да поканвет гости и од ко ќе добијат потврден одговор да очеквет дека ќе дојт Медо на емисија. Што ти е тебе бе, вие мислите Медо аматер е. Не бе брат, Самоил го имат убо истренирано. Водителон дури и му се јави ама пак Медо ги заеба сите. Викат – не прам муабет со младината на СДСМ. „Ама не сме младина, ние сме независни студенти обединети во Слободен Индекс...“ Ама не ме интересират бе, ај чао... Нормално дека ќе им спуштит. Имат да се знајт кој е главен! Ак не им покажиш заби на почеток после ќе мислат дека может да си игрет со тебе. Браво бе Медо. Знаев дека конечно ќе се појавит студент шо ќе напрајт нешто за студентине наместо само за својата понатамошна партиска кариера. Конечно најдовме таков чоек. Алал да му е! И алал да ви е – студенти од државниот ни факултет! Да беше Тито жив одма ќе заклучеше дека народ со ваква младина ич не требит да се секират за својата иднина. Шо имат да се секираш за нешто што го немаш...

(Авторот е сончев со умерена облачност)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 29 10 2009 )

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 05 11 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 10 11 2009 )

No comments:

Post a Comment