Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Nov 17, 2009

Сите ќе умрете!

Да бе стварно, не се заебавам. Еден ден сончев сите ќе умрете. Некој после некој сега... Знам, сега ми кажа директорот...

Ви теквит на сценава од „Викенд на мртовци“? Епа баш така ми изгледат паникава шо се креват поради свинскиов грип, грип од кој шо се умират исто ко шо се умират и од најобичен сезонски грип, ак не се лекуват. Луѓено почнаа со маски да шетет по улици, уш малце и со маски на уста ќе почнат да јадат упрпани дан ги фатит. Како нус појава на паниката поради свинскиот грип и масовното носење маски... немат појќе мување, или лапање, или бацвење, или како и да милувате.... според препораките на СЗО се препорачвит само секс, така не можел да се пренесит грипов.

Секс, нешто шо нашиве политичари редовно го практикуваат кон широките народни маси. Техника шо во литературата ќе ја најте под стручниот термин „е.ење во здрав мозок“. И колку појќе си ја усовршил оваа техника толку подобри резултати ќе имаш во водењето на стадото. И „глумење лудило“, по можност колективно. Техниките редовно се практикувет во трагикомедијата наречена „пратенички прашања“ па токму затоа истата постигнуват невидени успеси, резултати и славја во штабовите на владејачките партии.

Ако поради големите браќа и фармите немате време да погледате Собраниски канал, многу пропуштате. З`ш освен таму и кај видовити Милан, ретко каде на друго место мојте да видите такви пророчки способности. Министрине требит да си земат по едно терминче на Шутел заедно со видовита Цеце или Сабина и да погаѓет судбина до трето колено, а ко ќе им бит Џоле гостин во емисија и до седмо. Не се заебавам, стварно ги биват. Прво се чудев ама сега ич не се чудам, веќе сум цврсто убеден во нивните пророчки способности, слично ко убеденоста за интеграција во евроатланските структури, иту без фрактури.

Шо ми е муабетов? Еми ако сте гледале пратенички прашања веќе знајте за шо ви прам муабет, ак не еве ќе ви објаснам. Сцена прва – пратеник од опозиција прашвит з`ш премиерон не бил в Собрание дента ко се ратификувал договорот за демаркација на границана со Косово, туку си шетал на Саем. Во салана ем премиерон, ем министерон за надворешни, ем цела влада. Премиерон фино лепо му одговарат, одговор шо доколку не би го дал в Собрание туку пред кооперација би звучел нешто како – „ич да не те болит тебе кај сум бил јас“. Пратеникот викат дека не е задоволен од одговорот. Сцена втора – пак имаш пратеник од опозиција, и пак прашвит за истата работа, з`ш од претходниот одговор не само шо не е задоволен претходниот пратеник, туку никој нормален не би бил задоволен. Премиерот го повторвит одговорот со модификација на делот „ич да не те болит“ во „ме заболе ако ве болит“.

Сцена трета – сега имаш пратеник од владејачкото стадо шо прашвит за проектите за изградба на локалните и регионалните патишта што ги поврзвет селата во Македонија. Сега збор земат господинот Морал шо се занимават со транспорт и врски. Море не само шо зеде збор, туку не можеше да го пуштит. За разлика од пред малку премиерот шо зборвеше 30 секунди, овој зборвеше бар 30 минути. И тука идеме до пророчкиот дел. То шо го зборвеше не го кажвеше од памет, туку имаше приготвено поприлично обемен извештај, з`ш знаеше дека ќе го прашет за то. Исто ко децана на школо ко ќе знает дека професорката ќе ги прашат за баш таа лекција и ја учат само нејзе и после ја кажвет ко стихотворба, на памет. Све е то до пророчките способности, немат врска шо татко им вчера бил кај професорката со канта сирење. Ете така. Цела среќа шо министриве ни се пророци во слободно време а шо народов пак пиет нафта на пауза за ручек.

А пошо обично осомничените за сериски убиства сакет да пијат вода од кофи стаени во вециња по притвори и затвори, и пошо обично се толку жедни шо заборавет да ја извает глата од кофа, шо пак после предизвиквит смрт, јас најтопло би им препорачал на затворските власти во затворот „Идризово“ да ги тргнат сите кофи, чаши, филџани, шолји, пајнци, лајци, бардиња и останат прибор кој би можел да придонесит кон простување со единствениот осомничен – Раскољников од Ѓорче.

Ви теквит пред две недели ко ви кажвев дека бесплатните учебници шо каснат се уствари за добро на децава, а вие ко не ми вервевте и ко ме праевте будала? И кој е сеа будала? А? Видовте Виктор? Видовте до кај се стигвит со многу учење? Видовте шо се дешават ако многу љубиш да читаш книги? Виктор си се дружел со Раскољников на Достоевски и после почнал да убиват ко него. Зато нашиот ни мил министер за образование уште не праќат учебници кај седмооделенцине. Да не случајно некој се занесит многу во физиката и хемијата па да напрајт нуклеарка и да не решит сите во два потези. Такви ти се нашиве министри. Не само шо се грижат за државава наша античка туку и за целава ни планета се секирет.

И не само шо се секирет, туку и измислувет нови работи, онака, за општо добро, после сите да может аирот да им го видат, шо би рекле старине. Не ми вервите? Епа така и викет – не вервејте им на зборојте туку на делата. А Гоца од МВР имат многу напраено на тој план, и уште прајт. Најмногу на полето на поставување нови стандарди и ново значење на терминот „пресумпција на невиност“. Сеа чекаме, кај и да е, да организирет некоја светска конференција кај шо Гоца ќе застанит и ќе ги презентират нејзините нови идеи за иднината на кривичните постапки и судството воопшто. И после не само шо ќе стојт таму дека Гоца ги поставила темелите, туку и дека се работит за горда античка Македонка од античково парче земја. И после стотина години децана во седмо за Гоца и за Македонија ќе учат ко ќе им кажвет кој ги поставил темелите на правото. Нормално, ако имет учебници во седмо. Ако не напрает и некоја конференција кај шо ќе излезит Тодоров и да поставит нови стандарди за учење во седмо... бесплатно, нормално.

Ама чекај сеа, прво за Гоца да ви докажам. Од ко дојде таа на чело на МВР стварно не е исто ко порано. Кога и да ја прашат некој то го викат. И на пратеничките прашања се пофали дека од ко дошла таа за сите исто било. Како ами. Темели на наука се поставувет или шо? Нормално дека ќе е исто. И пошо е исто, сите шо се приведувет, се приведувет најспектакуларно шо мојт, со двесте специјалци покриени со чорапи на гла и со црвен тепих, дур светкет блицој, за ко ѕвезди да се осеќет осомничениве. После ако случајно се покажит дека не се виновни, бар ќе останат славни. Паметно, морам да признаам, доста паметно. Така е и со убијциве, посебно со серискиве убијци. Посебно ако признает в полиција. Готово! Ич немат потреба в суд да се носат. Директно в затвор, таму кофата и оп – по сите светски медиуми не имат. А имало случаи кај шо приведените после на суд тврдат дека полицијата ги малтретирала и морале да признает. Ма немат врска, битно признале, мојме да ги бесиме сместачки, да не трошиме пари по судој.

Е, то ви викам. Алал да и е на Гоца, шо успеват да поставит нови темели на функционирањето на правото. Имаш изјава в полиција, имаш доставување фотка или видео комплет со име и презиме до медиуми, и готово – осуден е чоекот. Немат судија, немат докази, немат ништо. Правна држава, то ми беше муабетов...

И уш еден муабет вака ко за крај. Сигурно и вие ги обожавате најпрекраснине прес конференции на уште понајпрекрасните властодршци. Јас најмногу ги сакам ко ќе ги кажвит Бичиклиски, пошо знајт да ми го мејкнит денот, и баш ми е жал шо за оваа не беше таму али немат врска. Пак ги обожавам. Викендот ги викнаа медиумиве да им кажат кој биле платениците на Бранета. Ги набројаа Љубомир Фрчковски, Стево Пендаровски, Радмила Шеќеринска, Владимир Милчин, Жарко Трајановски, Сашо Ордановски, Ѓунер Исмаил, Катерина Блажевска, Ивица Антески и Никола Гелевски. На пресот некако чудно забораја да кажат поради шо им биле префрлени пари на горенаведениве а после дознавме дека се работит за учесниците во „Дијалозите за Македонија“ организирани од Бране дур беше претседател, нешто шо беше јавно и достапно и за медиумите, и за јавноста па и за ВМРО. Поточно хонорари за објавени текстој во публикацијата „Дијалози за Македонија“. Нешо слично ко колумнисти шо земет хонорари за објавени колумни по весници. Како шо објаснувет дел од „платениците“ хонорарчињата биле по печес иљади денари.

Али то и не е толку битно. То шо е битно е етикетирањето и линчувањето кое на големо се промовират ко нешо најнормално. Немат дијалог, немат размена на мислења, имат само етикетирање, дискредитирање и ако јавноста загризит, шо не е воопшто тешко, испраќање на етикетираните личности на општествените вечни ловишта. Епа ако играме така ок, имам и јас со нешо да ви се пофалам. Да бев личен ко Бичиклиски ќе излезев на прес конференција, ама пошо не сум ќе го напишам овде.

Почитувани,

Иако ВМРО-ДПМНЕ направи прес конференција на која објасни дека е погубно за демократијата јавни личности да учествуваат на трибини и да земаат пари од Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, заборави да го потсети актуелниот претседател од своите редови, Ѓорге Иванов, да не го прави истото.

Ова е скандал!

Ова е поткопување на демократијата!

ВМРО-ДПМНЕ треба да даде одговор дали не го смета за поткупување и организирањето трибина по повод 20 годишнината од падот на Берлинскиот ѕид во претседателската вила на Водно во понеделникот на 9 ноември со неколку професори? Дотолку повеќе што доаѓа на само еден ден по вашата прес конференција.

Еве ги платениците на претседателот Иванов, дами и господа:

- проф. д-р Бранислав Саркањац,
- проф. д-р Јован Донев,
- проф. д-р Јасна Котеска
- и проф. д-р Џеладин Мурати

Кој ќе ја сноси политичката одговорност, ако сето ова е вистина?

Дали ВМРО-ДПМНЕ вака ја замислува демократијата и европските стандарди?

Дали ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорге Иванов вака го градат односот со одредени поединци од јавниот живот во Македонија?

Почитувани, ова не смее да остане премолчено.

Очигледно ВМРО-ДПМНЕ не се менува. ВМРО-ДПМНЕ е истата онаа транзициска партија.

Ви благодарам на вниманието.

Смешно? Епа, драги мои вмровци, така изгледет вашите прес конференции. Не дека другиве се поарни ама вие пошо сте на власт ептен некако се имате опуштено во тој поглед. Нека ми извинат професорите Саркањац, Донев, Котеска и Мурати. Ставени се во колумнава во тој контекст за докажување поента. А властодршците нека размислет уш еднаш дали е паметно ваквото валкано играње. И рековте едвај не чекале во ЕУ, а?

(Авторот е в кофа, пробвит да се удајт)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 12 11 2009 )

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 19 11 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 24 11 2009 )

No comments:

Post a Comment