Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Dec 1, 2009

Кој го уби Титаник?

Уааааааа Си-Ен-Еееееееен, уаааааааа предавницииииииииииииииииии! Уаааааа анти-македонци, уааааааааааааааа транзициони политичариииииииии...

Срамота бе брат. Стварно срамота. Јас не знам како не се засрамит онај Ричард Квест, шо ко демек глумит новинар, а тој уствари комуњар да ти бил, платеник од Бранко. Ми ја срамит професијава, го прашвит Колета дали бил сигурен дека Македонија ги делела истите вредности со ЕУ. Уште прашвиш... нормално дека ги делиме, иту делење... маме им онаквиме... Еве ти и пример. Еве да зејме, ако вредноста на демократијата во ЕУ е 10 на скала од 1 до 10 ние ја земаме и ја делиме со 24, пошо толку сати работат Коле и поданиците негови секој факинг ден за тебе Ричарде да ти е поубо. Значит, 10 делено на 24 = 0.41666... И ете ти, одма имаш ниво на демократија во земјава. Поделено и посветено, 24/7. Друго нешо да прашаш, да имаш нејасно, платенику еден?

Писмото? Ти уште не знајш шо е традиција бре, нетрадиционален комуњару еден! Коле секоја година им праќат честитки на вмрооооооовцине негови. Првото такво писмо е забележано уште во далечната 1912 година кога пастирот напиша:

„Драги браќа и сестри,

Почитувани пријатели и сопартијци,

Во изминатите години ВМРО-ДПМНЕ, со силни заложби работеше за ослободување на нашата татковина од стегите на Отоманскиот окупатор и поттикнување економски развој, прогрес и преродување на нашата мила и античка Македонија во сто чекори.

Имавме јасна визија за иднината на нашата Татковина и бевме посветени на преродбата, но иако ја надградивме и проширивме сеуште оние комуњариштана лоши не не оставаа да работиме и да ги оствариме нашите големи планови.

Затоа, време е за последната битка со јаничарите кои зад себе оставија пустош и беда и кои во нашата држава ја донесоа малодушноста, криминалот, лагата и искривените вредности. Време е да ги пресретнеме нивните обиди повторно да ги земат под заложништво македонските граѓани и нашата татковина.

Во претходните борби тие беа поразени, но не исчезнаа. И се би било во ред доколку ваквите процеси се во рамките на демократската политичка борба. Се би било во ред, доколку денес не се соочуваме со комуњаришта на кои потребата од власт им е единствена потреба и цел. Ваквата зависност ги прави подготвени за секакви сценарија со кои ќе настојуваат да се дискредитираат сите наши позитивни придвижувања.

Затоа потребно е целокупното членство, сите партиски структури и поединци, се до последниот човек во месните комитети, да се мобилизира за финална битка со остатокот од македонската транзиција и нејзините јаничари.

Потребно е да делуваме веднаш и уште утре да се впуштиме во борба, во борба, во боооооорбааааа...

Искрено ваш,

Пастирот Антички и Македонски, Коле Први“

И така внучко, преку една координирана и врвно организирана акција на 14 април 1912 година бродот во кој пловеа предавниците и платениците се мавна во една голема ледена санта мраз и потона, а со тоа беше спасена нашата мила татковина. После многу години, во 1997 снимија и филм за нашиот херојски подвиг а следната 1998 добивме и 11 оскари. И оттогаш секоја година пастирот ни праќат писма а ние ги следиме неговите инструкции. Вистина е вучко, да му веруваш на дедо...

И сеа Ричарде, уште некое прашање дан имаш, а, комуњариште низаедно?!? Чекај, чекај, штотуку ни стигна ексклузивна информација од кабинетот на Џоле да Кинг. Како што дознаваат неговите разузнавачки извори, Ричард Квест не бил воопшто комуњариште, туку замислете, Бранко се дрзнал да упаднит во Си-Ен-Ен и да му подметнит лоши прашања само за да го минират патот на Македонија кон евроатланските структури.

Оооооо, ти лош, лош Бранко, јас не знам како не се засрамиш веќе еднаш.Прво Ламбета му го подметна на Џолета, сеа и на Ричард почна да му подметнуваш, срам те било. Не е чоек да сработит нешо и да бит прогресивен од тебе, одма ти ќе се појавиш да заебиш нешо...

Еве и од штабон вмровски потврдувет дека писмото и пресметката со неистомислениците и транзициските политичари ја сведувет на креација на нови идеи, вредности и промоција на принципите на отчетност, работливост, посветеност, чесност, транспарентност - вредности што не можеа ни да се замислат за времето на транзицијата.

Морам да се согласам со нив. Еве брат, ако ти теквит Коце на пример, имаше една прекрасна и креативна идеја да го рестартират сатон ама одма овие комуњариштава почнаа да зборват како тој бил симбол на старото Скопје од пред земјотресот, како то било глупост... срамота бе, срамота, не те оставет да си креативен и прогресивен... Џабе и отчетни, работливи, посветени, чесни и транспарентни шо се, ко пак комуњарине не ги оставет да се покажет и докажет. Џабе им е и цела транспарентност и шо давет отчет за секој потрошен денар од Буџетон, посебно за парине шо ги трошет за прогресивнине и продуктивни владини кампањи... се им е џабе ко Бранко ги кочит.

И не само за то, за све кочит Бранко лош. Шо мислиш, з`ш седмооделенцине уште немет учебници? Мислиш Тодоров дан е нешо крив? Тој така невин и прогресивен се трудит да ги испечатит иту на сопственион принтер дома, ама ко ќе не те остават Бранко не мојш и не мојш... И пази, уште не ни сакат да ја кажит вистината и да го обвинит Бранко, з`ш е чесен чоек па пред новинарине викат – утре ќе имат, жими мајка...

Ама јас ко нетранзициски и прогресивен новинар му го открив планон на Бранета. Ако мојт да лажит овде во Македонија, во Холивуд то немојт да му успејт. Ти викам, бев да го гледам филмон „2012“ и таму сите планој му ги откривет. И замисли, не само шо планират да ја уништит преродбава, туку крајниот план му е да го уништит и светов. Планот му е то да го напрајт на 21 декември 2012. Тогаш ќе го срушит светов и сите години преродба и посветена работа ќе заминат по ѓаволите. Ко шо кажвит филмов, најавата за апокалипсата ќе ја донесат новите учебници за седмо одделение шо тогаш свечено ќе им ги предајт Тодоров, од ко ќе појт Бранко да му го оддглавит принтерот.

Ама иако Бранко планират на таков поган начин да ги срушит сите овие години преродба, нашите пастири не се давет, и до последен момент ќе се борат против него. Џабе му беше и шо му подметна лоши прашања на Колета на Си-Ен-Ен ко сега пак ќе не имат таму. Ќе си го рекламираме нашион најубав бренд, нашено вино најубо кое со кое си се гордејме и шо не мојт да се купит после седум сатот. И имат светов да ги видит и Индијана Џонс и Џемс Бонд кај шо го пијат, и имат да се знајт дека и тие се антички Македонци, потомци на Ацета, деца пастирски.

А пастирот наш утре ојт да го решит Јорго во 24/007 стил во Мала Преспа, во местото Свети Ахил. Мој совет – Колеееееееееее, гаѓај го в петааааааа... Или ако не мојш ти викни го Џоле, тој најубо мојт да му објаснит како се решават проблем и шо е разумен компромис. Ако не се разберат, ќе му пуштит некоја клетва и завршена работа...

Пастиров и Јорго ќе се најдат на грчко-македонско-албанската средба за заштита на околината во регионот, пред Самитот за борба против климатските промени во Копенхаген. Да ти кажам право, отсекогаш знаев дека глобалното затоплување ќе ни ги решит сите проблеми. Зато така посветено си загадуваме и уништуваме а два пати годишно си пејме – сакам зелено да ми е се... и стварно све во државава е зелено, од зелено, позелено... Али остај ти зеленило, јас едвај чекам да се разбудам утре со мотото – стаклена градина наместо нон-пејпр, шо и да значит то!

Туку, пред некој ден се возев со автобусине, оние преродбеничкине од ЈСП. Се возев и си читав весник... а весников викат – „ Три фирми ќе учествуваат во изборот на третиот тендер за најповолна понуда за набавка на 202 двокатни автобуси... Еден од главните услови пропишани во тендерот е автобусите да имаат ретро изглед...“

Читам, па гледам во автобусов... Читам пак, па пак го пулам автобусов... Уште еднаш му се враќам на весников па пак ѕиркам наоколу... Абе вие ме заебавате мене или навистина сте побудалеле?

Поретро од ова?!?

(Авторот е прогресивен продавач на преродбенички пувки)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 26 11 2009 )

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 03 12 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 08 12 2009 )

No comments:

Post a Comment