Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Dec 30, 2009

Мејл до Дедо Мраз

Драги Христов Шпага, жена ти Мира пак мастурбира. Така ти е ко не знајш да ја задоволиш... Туку друг ми беше муабетот…

Драги Дедо Мраз,

Еј пеер, како само си ме изненадил со ова снегов, не си нормален еј. Да си ибеш, и овие градскиве власти како само успеваш да ги изненадиш секоја зима, алал да ми ти е. Срце си бе, срценце...

Јас ти пишам од Македонија. Да бе, онаа античката, од Ацета големион. Ау не, не, уште не го имаме ставено него на плоштад, чекај рано е, да поминат прво празнициве па после ко ќе му удриме едно копање на плоштадон, имат парче да го напрајме, од плоштадон ни „п“ да не се видит... Конечно ќе заличит на плоштад плоштадон ама една работа не ми е по ќејф. Жал ми е за дечкине шо секогаш спонтано се збирет по разни поводи, сега не знам кај ќе ги прает спонтаните им собири. Ама паметни се тие, ќе се снајдат, знајш и ти...

Јас, господине Мраз, да ти кажам право, ти бев едно многу умно дете во годинава шо помина и секоја вечер гледав вести и се информирав за дешавките во државава наша најуба. Посебно со внимание слушав ко ќе зборвеше пастирот или Џоле и све им вервев. Сеа пред да ти го извам списокот со желби прво ќе ти раскажам шо се дешаваше во државава.

Дедо мој мили ем драги... вака беше...

Прво, во јануари се напрајвме дрва и камења по повод новата 2009 година и така опијанети си влеговме во неа. Ко ќе си дрво полесно ти е. Ем нишо не гледаш и не слушаш и не разбираш шо се дешават околу тебе, ем можат да те делкет како сакет. Неколку дена после то се роди Исус по миљонити пат. Никако не можам да сфатам. Секоја година се раѓат и сите викет дека се родил. Добро, не баш сите. Едните среќни и радосни викет дека се родил а другиве уште посреќни и порадосни викет дека стварно се родил. А група мали рекетарчиња од сабале ти идат по дома, ти тропет и те уценвет да им дајш пари ил колачиња. Не знам шо ќе ти се десит ако не им дајш ама не е убо онака, на лоши работи ги учет децана уште од мали. И после вриело од лихвари и рекетари. Еми ќе вриет, шо сакате вие... Така и Русине. Ко мали уценвеле недолжни граѓани на Коледе, а лани во јануари ги уценвеја Украинцине. Море шо ги уценвеја, ни два ни три – кврц на гасот па цела Европа да плачит. И шо Русија... Си имавме во истото време убав пример и овде во Македонија. Чичковцине од МЕПСО бараа да и се одземит лиценцата на ЕВН а Коле рече дека Австријцине биле лош пример за странски инвеститор. Многу храбар ни е премиеров наш, Дедо Мразу. И шо, мислиш дан ни се налутија па да си заминат? Не бре. И остај шо се уште тука, дури и уште 386 нови инвеститори довлечкаа Коле и неговиот инвеститорски тим во Македонијава.

Од ко се искаравме со Австријцине си распишавме и претседателски и локални избори – две во едно и си се забавувавме многу недели со нив. Овие од СДСМ од почеток го предложија Керим за заеднички кандидат со Вмровцине ама нишо од бизнисот. Коле рече дека имале конкурс и дека и Керим можел да си се пријавит на конкурсот ак сакат. Ама не сакаше. Зато Џоле сакаше. А богами и сите него го сакаа. Одма се испотпишаа зад неговата кандидатура, од професори, академици, до музичари и што ли уште не. Во меѓувреме ние дур се спремавме за да бираме нов, стариот претседател ојде во Ватикан. Да бе, Бранко се сретна со Папана уште пред да дојт Џоле за претседател, а не пак да му текнит на Паљурци и Павле од Паљурци. И пошо сме многу влијателни, од ко го почнавме муабетот за претседателски избори и Обама во Америка официјално ја презеде функција.

И млекарине шо се маткет со Сведмилк решија да преземат нешо и почнаа да блокирет патишта низ државава. Ама и полицијана презеде нешто. Ко ги подбра на блокадите во Битола, им покажа кој е главниот во државава. Од ко ги исплашија млекарине почнаа да не плашат сите, колективно. Цела држава им се плашеше на заушките.

Па дојде фебруари. И почна да функционират проектот наречен „Цела плата“. И од шо функционираше толку добро, јануарската плата ја зеде само Чак Норис. За другите немаше. Тогашниот ни министер за финансии, Трајко Славевски не тешеше и ни велеше дека немат потреба од грижи пошо и тој ја немал земено а тој дури и кредит имал за плаќање. Срценце... Пошо ти кажав дека почна изборниот циркус, да ти кажам за уш едно срценце шо беше дел од него. Слаѓана Тасева не успеа да ги соберит потребните потписи за да станит кандидат па со плачење си ојде од циркускиот шатор. Не и чинело како се праеле избори кај нас.

Па после дождот доаѓа сонце, нели Дедо Мраз? Епа така и кај нас. После солзите на Тасева и на млекарине, дојде светлината и спасот на сите проблеми. Моше Баум се викаше. И викаше... дека првата полојна од парите шо им ги должит млекарата на млекарите ќе им ги дајт уште истата недела а другата полојна до крајот на фебруари. А после на крајот од фебруари млекарине пак се бунеа и му упаднаа в канцеларија на градоначалникон од Битола. Па пробаа и да ја заземат млекарана. Шо да им прајш ко не сфаќет... И ко не го чекаа крајот на фебруари. 31 фебруари, нормално. Или 32, евентуално. Коле шо пиеше јогурт и шо ги убедвеше дека е најјаката инвестиција шо и се случила на Македонија, им објасна дека немал никаква врска со млекарата.

Во фебруари, покрај другото, драг Дедо Мраз, почна и светската економска криза. Ама то веројатно го знајш пошо сигурно веќе ти имет пишано писма директорите на поголемине светски фирми кај шо те молат да ги спасиш. То шо веројатно не го знајш е дека истата таа криза ја одмина нашава Македонија и дури извлековме полза од неа.

Во март освен шо ВМРО и Есдеес се пљукаа и се убедвеа кој е полош за граѓаниве и државава и нишо друго посебно не се дешаваше. Ау, да. Се одржа првата дебата и уште од тогаш видов дека Џоле е претседателот шо и требит на државава и шо ќе не извлечит од сите можни кризи и проблеми. Истото то го докажаа и граѓаниве на првиот круг избори кај шо му дадоа најголема поддршка. Ама за да не испаднит дека не е фер и дека уште од прва сме избрале некого дадовме уш една шанса и се одржа и втор круг избори. На нив во април пак си победи Џоле а Фрчко рече – Господ да и е на помош на Македонија. Реченица што подоцна ќе се покажит ко доста паметна. Уствари шо подоцна, само некој ден после то Џоле покажа ко им објаснуваше на колегине новинари шо е разумен компромис. И не само шо сфатија новинарите, сите сфатија. Еве, мене во два сатот после полноќ да ме разбудиш и да ме прашаш шо е разумен компромис одма ќе ти кажам. Разумен компромис е разумен компромис бе Дедо Мраз.

И грабеж на банка на сред бел ден е грабеж на банка на сред бел ден. Сосем нормална работа. Прашај ја Гоца од МВР ќе ти објаснит. Да не беше нормална работа досега ќе ги имаше фатено баткине шо ја ограбија Прокредит, шо ранија полицаец и шо фино лепо си заминаа во непознат правец. Ко вицон – Крадецот се качи во лифт и замина во непознат правец.

Во истиот април Уставнион Суд ја укина веронауката по школиве во нашава ни секуларна држава и одма го прогласија за партиски а МПЦ од ко сфати дека стварно се наоѓат во секуларна држава побара, ако требит, и да се сменит Уставот само за да мојт веронаука да се учит. Ти викам бе, паметни и умни луѓе живеат овде кај нас, и сите заслужвет пакетчиња за Нова Година.

Е сеа, мили мој Дедо Мраз, ти теквит на почетокот од мејлов ко ти пишав за ЕВН и Австријцине? И ти теквит ко ти реков дека не им се плашиме и дека ништо не ни можат? Епа испадна дека сум те лажел. Ни опнаа тужба и не однесоа на меѓународна арбитража во Вашингтон. Истовремено, таму подолу од Вашингтон, во Мексико, почнаа паниките со свинскиов грип. Контра напад во мај организираа средношколцине. Добро, не баш на грипот, ама ко се размаваа со јајца по Министерствоно за образование за да им ги укинат екстерните испити... Е, тие ти се пример за неумни деца. Нив да не им носиш пакетчиња. Добро? А така... Али сепак, после испадна дека имале право, и тие чичковците од Уставнион Суд, тие лошите, го укинаа и него. После средношколците, и на студентине од државнион им текна дека можат да протестирет за нешо. Тие не носеа јајца ама според власта носеле партиски книшки. Џабе им било протестирањето и барањата пошо биле партизирани.

Во меѓувреме Џоле уш еднаш покажа дека со право го ставивме за претседател и Сејдиу ја откажа посетата во Македонија од ко ја преименуваа од официјална во неофицијална. А Бране пак, најофицијално го рестартираше СДСМ и рече дека парче ќе напрајт со него. Еве го, се растури од парчиња праење. Ама зато царинана парче го напрај Фершпед во јуни. Му ја одзеде дозволата поради пакет со лижавчиња. А пред да заминам на плажа Трајко Славевски покажа дека си стојт на зборот. Наспроти изјавата од зимата ко убедвеше дека немат да влезиме во рецесија, на крајот од јуни рече дека сепак било можно да подвлезиме, така малце... во вториот квартал.

Да, да, нормално дека не влеговме во никаква рецесија ни во вториот квартал Мразу мој убав. Ама за вториот дел од 2009-та ќе ти раскажам во другиот мејл. Немат место во овој. Тогаш ќе ти ги набројам и желбите за в година. А ти биди умен и наврати некогаш навака. Или барем влегви на Фејсбук почесто. Ич те немат, ни статус апдејт да напрајш, ни фотка некоја со Баба Мразица да стајш, ни нишо... Ајт, се читаме...

(Авторот беше умен цела година. Сеа сакат пакетче)

(продолжвит во следниот број)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 24 12 2009 )

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 31 12 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 05 01 2010 )

No comments:

Post a Comment