Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Dec 16, 2009

Солун е наш! И ливадите околу него!

- Каде за Нова Година бе?

- Бардовци брааат, слушам лани лудница било.

Е ова ти е пример за стара финта. Сеа нова имат. Оваа година в Собрание слушам лудница ќе било. Трајче закажал новогодишна седница со пратенички прашања на 31 декември. Ќе ги прашвеле премиерот и министрите кај ќе слават Нова Година и со шо мојш прописно ем преродбенички да си се начукаш. И моите анонимни извори ми кажаа дека од нигде никаде на сред седница ќе се појавел Џоле облечен ко Дедо Мраз и ќе им поклонел по едно шише Антика на сите присутни и после заедно ќе ја колнеле Грција до двеилјади и десетто колено.

Наеднаш Гоца ќе изваела гитара и ќе почнела да свиркат а Зоки Ставревски ќе ги изваел лајцата и виљушката од внатрешниот џеб од оделото и ќе почнел да тропат по масата. И дур цела опозиција се чудит шо се дешават станвит Коле и почвит – се што сакав јас по тебееееее, нема здив, нема боооол, нема трагаааааа... се што сторив, се што љубев после нас беше ништо, беше празно, беше лагаааа... Се што сакав јас по тебееее, лажна ноќ, стопи се како пена, сиот живот ти ми беше сега знам, сета лудост сите сказнииии сета желбаааааа... ооооооо Европооооооооооо, нооооо ти си некадееееее кај што немааааааа да те допрааааааам и само ветооооооооооо ми останааааааа од тебееееееееее... А што да направаааааам со античко минато, со себееееееееее... со споменикон од Букефал шо го планирав за на плоштааааааааад...

И после фаќат кршит столој, маси, лаптопи, па на крај ја ваѓат партиската книшка и ја кинит... Да бе, исто ко Цацко ко ќе се изнервират... Па и власт и опозиција, и новинарски екипи му се фрлет во прегратка и почвет да го тешат а Џоле во некој ќош расплакан продолжвит да ја колнит Грција – тие ќе ми го расплачвет Колета, а? Ќе видат тие убо, ко ќе ги фрлам во бунарон од Павлета во Паљурци па таму да ги поминат и Нова Година и божиќни празници...

Па во меѓувреме Си-Ен-Ен и Би-Би-Си ја прекинвет новогодишната програма и се вклучвет во живо во Собранискион канал а градоначалникон на Њу Јорк ги бркат од сцената Блек Ајд Пис и со холограм на Тајм Сквер слетвет Латас и Ивона да ги известат присутните за новонастанатата ситуација дур во позадина од големите екрани го паузирет одбројувањето на 6 секунди и се префрлет на преносот од Собрание.

На првиот канал на МТВ со падобран во студиото слетвит Томиќ и кајронот со Јутјуб адресата од предавството на Љубе го заменвет со адреса од Јупорн кај шо го претходно тотално анонимна личност го имат ставено домашното порно видео на Јорго и Бакојани. Томиќ во студиото му прајт експертска анализа на видеото заедно со неговата гостинка Северина. Јорго и Бакојани цели расплакани земет телефонот и вртет кај Томиќ ама по грешка се јавувет кај Јанко и почвет да му објаснувет шо се десило. Ама Јанко сфаќат за шо се работит и одма викат – ајде младичу, исклучи го, ајде, ајде...

Јорго паѓат во несвест а ЕУ и НАТО свикувет итни седници на кои уште во првите минути од 2010 ја бркет Грција и ја терат да си го сменит името а ја примет Македонија под уставното име а во графата нација пишет „Македоноиди“. Коле и Џоле вртат пајдушко на сред Собрание а младината од ВМРО-ДПМНЕ спонтано се собират пред грчка граница и на три-четири знак од Влатко Ѓорчев со залет влегвит внатре и тргвит накај Солун, да ги освојувет грчките бутици и да го закачат на сред плоштад големиот транспарент – „Солун е наш! И ливадите околу него!“

Во меѓувреме на Тајмс Сквер Латас ја најавуват и ултимејт супер-стар атракцијата Благица Павловска која конечно се слеквит гола дур насобраната раја заеднички мастурбират повторувајќи ја паролата – „убо шо ти текна, ние мислевме само на насловни страници ќе те гледаме разголена два пати месечно“.

Уште сабајлето Шпанија и го предават претседателството над ЕУ на Македонија по што Коле на инсистирање од Џоле го преселвит седиштето во Паљурци, денарот го потиснуват еврото и станвит официјална валута на ЕУ, сите европејки раѓет по трето дете а споменици од Аце качен на Букефал имат во секој град и село во Европа, одма до факултетите и бесплатниот интернет. Секое дете добиват бесплатни учебници и компјутер а Обама му барат совети на Колета како да ја пребродит економската криза која што нас не одмина.

Али Ахмети истоварат специјална единица борци за човекови права на сред Берн во Швајцарија и по тридневно борење за човекови права швајцарската влада давет дозвола за изградба на минариња и Али со поддршка од Коле реализират акција наречена „Минаре за секое дете“ со поделба на ваучери во основните и средните училишта. Тендерот за изградба на минарињата го добиват фирмата „Линк медиа плус“ која најголемата слава ја доживеа ко ја изврши набавката на маици и панцири за МВР за околу 700.000 евра а последниот проект кој го спроведува во Македонија е новогодишното украсување на главниот град. Откако ќе ја спроведат акцијата со минарињата во Швајцарија, Коле ќе ја зејт фирмата под рака и ќе ја шетат низ светов, ќе ја претставуват по саеми како најдобриот избор за сите можни видови тендери и јавни набавки.

После Гоца ќе донесит закон за замена на личните карти во рок од три месеци и ќе ставит 2 линии за закажвење во цела Европа а за грчиштана и двете ќе бидат недостапни па после од ко ќе им истечит рокот ќе ојт и ќе им пишит казни. Со парите од казните од грчиштана Коле ќе им платит бесплатно бањање на пензионерите од цела Европа а со остатокот ќе набавит двокатни автобуси за сите главни градој од европските држави.

Во меѓувреме МТВ ќе им ја презејт гледаност на Си-Ен-Ен и Би-Би-Си и Томиќ ќе станит светска ѕвезда а кајроните со светските предавници ќе се вртат 24/7 низ цел свет. Впрочем „Кој сака да биде предавник“ е и името на ново шоу на Томиќ кое ќе постави нови рекорди на гледаност и ќе ја срушит и Шехерезад. Гледачите од целиот свет, екстра задоволни од програмата ќе плаќет по една годишна претплата секој месец и на зградата на МТВ ќе се изградат уште 124 спрата по што заедно со Томиќ ќе се лансират во вселената на 21 12 2012.

На патот низ небесните тела ќе се судрит со еден астероид и тој ќе ја сменит својата насока и ќе се насочит кон земјава. Во мисија за спасување на светот ќе тргнат Чак Норис и Александар Македонски но таа ќе се покажит ко неуспешна и крајот ќе бит неизбежен. И додека светот ги одбројуват своите последни моменти пред својот крај, на прес конференција ќе излезит Бичиклиски каде ќе изјавит – Почитувани, и самите можете да видите дека нашата влада работеше напорно на развој на светот и подобрување на меѓусебната соработка, толеранција и разбирање и резултатите беа фантастични и целиот свет го валоризираше нашиот труд на изборите но сега ќе мораме да потклекнеме на самоволието на еден човек поради кој светот каков што го познаваме ќе престане да постои. Почитувани, пред да не мавне астероидот имам само едно нешто да ви кажам – Бранко е крив!!!“

И после сето ова ќе ми дојт Дедо Мраз од негде и ќе ми врзит два-три шамари по што јас ќе се разбудам и ќе сфатам дека сеуште живеам во жална Македонија која не ја сакет ни во НАТО ни во ЕУ. Добро... бар не ни требат визи за да забегаме сеа...

(Авторот ве охрабруват – Блиску сте до влез во ЕУ, ајде, ајде, уште само неколку децении...)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 10 12 2009 и на порталот Окно на 14 12 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 17 12 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 22 12 2009 )

No comments:

Post a Comment