Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Dec 9, 2009

Шенгенски приказни и бајки за деца

- Добро вечер почитувани гледачи, вие следите вести. Настан на денот – Падна шенгенскиот ѕид!

- О, неееееееее. Како беееееее, како само можевте... Брзо, дај некој нека ојт да го крениииииит! Немојте вакви работи бре, ај шо не мојте економијава да ја средите, ај шо не мојте работа на луѓево да им обезбедите, сеа и ѕидојве почнаа да ви паѓет. Мислам... дајте аман, срамота е, ќе ви се смејт светов... Еден ѕид да не мојте да го додржите. Не е чоек власт да им дајт на Вмрооооооовциве, одма ќе почнет да рушат нешо. Вчера ѕидов го паднаа, денес интернетов ми падна, утре... шо е следно...

Ма нормално дека се зезам. Ај честито Коле, ај честито владин тиму бестрашен, ај честито граѓани македонски напатени. Сега конечно ќе мојте да се изнашетате по светов бел. Стварно голема работа. Едвај чекам да можам на внуците после да им раскажвам за едно четириес-пеес години.

- Еееееееј, внуци мои мили, да знајте само колку ми беше тешко мене тогаш во таа државата шо се викаше Македонија...

- А дедо, дедо, шо се деси со таа држава, з`ш појќе не постојт?

- Еееееех внучко, долга и широка е таа. Чекај прво да ти кажам за ѕидот тој шо падна.

- Ама дедо, дедо, да погодам, да погодам... Бранко е крив за то шо се распаднала таа Македонијата, така?

- Абе тебе Бичиклиски да не ти е случајно дедо? Али... искрено, токму така, токму така внучко, Бранко лош и за то беше крив, ама то друг пат ќе ви го раскажвам. Сега за тој ѕидот. Имав едно 20 години и едно 20-тина иљади евра собрано тогаш. Имав пари колку да сакам, имав јака кола, имав... абе све си имав, све. Само едно нешо ми фалеше...

- Ум, дедо?

- Па и троа ум имав ама немав можност да излезам од таа државата кај шо живеев, Македонија шо се викаше.

- Ам з`ш бе дедо. Ак си имал тоооолку многу пари, з`ш да не си можел.

- Абе внучко, ти викам, визи имаше цеееееело време. А знајш...

- Ам дедо, ко ќе имаш пари и виза мојш да си купиш и све. Мислиш не најде помали па нас ќе не лажиш... Оди бегај таму...

- Не ве лажам бе внучиња мои мили, кај ќе сум ве лажел вас. Стварно ви викам, така беше, такви времиња беа тогаш. Да не претерам ама можда едно 95 посто од Македонците имаа паришта многу и све си имаа, исто ко мене, ама не можеа и не можеа да излезат од државата бре. То ни беше единствениот проблем. Друго све си беше најубо, економијата цутеше, луѓето се сакаа меѓу себе, не се имаше десено некој некого да натепат само поради то шо овој другиов сакал јавно да го искажит својот различен став по некое прашање на плоштад, или скраја било поради етничката припадност или сексуалната ориентација. Тогаш немаше протести, немаше штрајкој, немаше ништо такво бре. Сите беа среќни и задоволни и сите среќно си живееа. Само ви викам, тие пусти визи не спречуваа да излезиме некаде низ Европа да прошетаме. Ама ќути среќа, тој Коле императорот ко им појде на Европјанине, па ко им списка таму, па ко урнаа и порти и ѕидини и сонце огреа, и славеј запеа и Крали Марко стана и влажна јамболија на оро заврти...

- Дедо, ај најди си други внучиња да лажиш... ајдеееееее веќееееееее, секој ден...

Шо разбирет деца шо е преродба... Туку јас, брат, да ти кажам право, секогаш ко ќе се дешават нешо вака големо во државава си пуштам Сител. Таму најубо се радват. Овие другиве големи намќоришта се, ни радост да покажат ни нишо. Еве сеа дури ни снимките од плоштад Пела (кај шо од в година ќе имат капија) не ги пуштија другиве. А таму уш еднаш се покажа спонтаноста на македонштината. Ви зборвев за спонтанотста пред 6 недели ко добивме препорака од Европскана комисија на ЕУ. Сега ќе ви зборвам за љубовта.

А љубовта најубо се илустрират со снимката шо ја пушти Сител од плоштад Пела. Стигват коњаникот Коле и ѕвездените шерифи пешадија од Илинденска 24/7, по кејон до таму, а таму спонтаносиве. И еден од нив му се фрлат на Колета в прегратка и го бацвит. Па срциња по екранот, па ружи портокалови па Деветта симфонија од Бетовен во позадина... Само едно нешо ме мачит во целава сцена. Ја знам онаа „нее суди по амбалажи видечеш на крајууууу...“ ама сепак не можам а да не прашам – зошто, оооооооо зоштоооооо се радвеше дотичниот господин. Вака на прв поглед ми изгледаше ко да немат бидено ни на викенд во Охрид во последниве 10 години, не пак да ојт и да изиграват турист по Европа. Ама пошо за некоја година веројатно ќе почнит и пензија да земат, немат гајле, ќе се бањат по бањине заедно со Колета. Ко шо тргнала работа, на црно ил на бело, младинава се спремат да забегат шо подалеку од овде па Коле ќе мојт на раат да си се бањат со пензионерине за гратис.

Сепак, апсолутно и дефинитивно, пред да забегаме ќе уплатиме на жиро сметкана за обнова на Бигорски. Некои веќе беа кај Ламбета на концерт, некои се јавија на неделната хуманитарка на МТВ, некои дадоа пари негде по црквине... Како и да е, морат да им помогниме на господинот пута два Стефан и останатите црковни маченици пошо тие самите не можат. Колку ми паѓат жал ко ќе ги видам во џипојне обвиени во црнило, тажат, жалат, за граѓаниве македонски, и никако не можат да им помогнат. А не дека не сакет, море да видиш како сакет тие, ама ко ќе немат, немат бе брат... Од каде? Од кај ќе имет пари? Ај да речиш да им фрлаа паришта за секоја свадба, крштевка, закоп, задушница... па да имаа и да им помагаа на напатениве ни граѓани наши. Ама такви времиња дојдоа. Али сеа, ко не можат тие да помогнат, дај ние да им помогниме. Нормално дека МПЦ-ОА немат пари за обнова на Бигорски шо е стар скоро илјада години ко требит да градит нова црква на плоштад за да го одбележит ликот и делото на императорот Коле. А и возниот парк морат да се обновит, мислам, немат смисла онака во црнило да шетет по градов. Требит да собираме донации и за бели џипој, да не се срамат ко ќе одат по свадбине во црнило...

Дур сме кај опиумот за народот, да ја спомнам и тетка Валентина Божиновска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Ви зборвам за тетката шо за секуларноста дозна од „некои печатени медиуми“ кои наведувле оти, замисли, МПЦ е одвоена од државата со Уставот, и која како претставник на Владата на неодамнешниот Архиепископски црковно-народен собор отворено порача дека „државата ќе стои зад се што ќе биде активност на МПЦ(веројатно тука се вбројуваат и изгревите и залезите)“. Таа во петокот на исламскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до претседателот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед. Па тета Вале... па шо ти фалеше под крилјата ангелски на МПЦ? Па шо било ова, директор на Комисија за односи со верските заедници и религиозни групи ќе се занимават со некоја си исламска верска заедница... Глупости, глупости...

Ама чекај за крај да им се израдвам на Колета и на Јорго. По втор пат си се видоа и си се дружеа петокот. Овој пат и Сали им се придружи и заеднички си шљапкаа во водите на Преспанското езеро по што заминаа на затворено. Само не знам шо прает зад затворени врати... требит на то да се припазит, сепак, дечиња, ќе се заигрет, некоја беља ќе напрает... А после читам, сите тројца топтан потпишале некакваси Декларација за заштита на животната средина и „во документот шефовите на трите држави искажуваат согласност за потпишување договор за заштита и одржлив развој на паркот „Преспа“ на 2 февруари 2010 година, со што ја потврдуваат својата заедничка одговорност за заштита на еко-системот во областа, како катализатор за неговиот просперитет...“

Аха, заедничка средба, заедничка согласнот, Преспа, втори втори, 2010, катализатор... Хмм... на втори втори викаш, а? Еми арно де, нив да им е убо...

(Авторот спонтано се мават по шофершајбни ко ќе видит полицајци)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 03 12 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 10 12 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 15 12 2009 )

No comments:

Post a Comment