Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Oct 31, 2009

Спонтано собрана држава

Комши бе, комшииииии, дај не заебавај, дај не прај вакви меѓусоседски кавги и нарушувања на меѓусебните односи. Јас уште пред две години си го поставив чергичево и си ја обележав границава, ти сега поделби, размена на територии... Ти реков, територијава лево од лифтов е моја автономна територија и немат тука муабет. Ене, прашај го и Перо од шести спрат па ќе видиш. „Ти можда си ставил чергиче пред две години ама јас се помочав по спратов и си одбележав кој дел е мој уште пред три. Уствари прво го терав Џеки, кучено мое најубо да се помочат, ама пошо то нејќеше морав јас. Али то не е битно, битно е дека ние склучивме пакт со комшикава од спротива уште тогаш, а ти сега ми продаваш муда од лабуда...“

Ево бе, добар, вежбам меѓусоседски дијалог и размена на територии по македонско-косовски терк. Ти како? Дома жени, деца, животињи, арни...? Кај мене све си е убо, само тро проблеми шо си имам. Тамам се договорив со комшијава Тасо за територијава шо ни е на заедничкиов спрат од зградава, се јави Диме од втор, против куќниот ред било, ќе поднесел претставка до Куќен совет па ќе ни ја паднел распределбава. Хејтери бе брат, да не мојш територии да си размениш слободно...

И ај проблеми со комшииве шо си имам, си имам и проблеми по дома. Мојш да ме најш забулен со печеснаес ќебиња и јамболии како седам на компјутер сурфајќи посветено 24/7, така по малце замрзнат. Да бе. Слушам онај Гордон Браун на некоја конференција предупредил да пазиме шо прајме, глобалново затоплување ќе ни онаквело матер. Кое затоплување, жити стаклената градина, кажи ми. Надвор ветришча и виулици, на душава студој и санти мразој, на срцево мисли темни, а од устава пофалници за Топлификација. Грејна сезона почвит на петнајсти октомври? Епа и кај мене грејна сезона почвит. Па запират. Па пак почвит. Па пак запират. Па после почвит и не запират ама млака е, ко вода пред крај на туширање. И дур почнит да грејт ко чоек, веќе дошла 2012 и толку... крај на програма.

А пред крај на програмата ќе ви пуштиме еден балон да шетат по Америка и ќе пратиме осум хеликоптери да го следат и да го давет лајф ко брејкинг њуз. Чудна работа се Америкине. Или ние сме чудни. Дури кај нас по интернет деца пишет дека ќе колеле хомосексуалци ако напраеле парада, таму дечињана си летет со балони. Или седат затворени в шкаф дур цел свет со пуканки в рака чекат да видит дали рецесијата конечно ги докрајчи авионските компании а луѓето почнаа да летет по светов со балони. Во меѓувреме и дали Игнацио ќе ја бацит Касандра или Шехерезада ќе му дајт на Ранду...

Или дали Бранко ќе му дајт на Никола. Мислам... согласност за смена на името де, да не се разбериме погрешно. Али види вака, Бранко ко многу добар партнер се покажвит. Му дават на Колета на невидено. Му остават одврзани раце и без разлика на то колку сантиметри би била дожината на отстапувањето од вцрвенатата граница... Му викат, брат немај гајле, мени го ти името, ние ќе ти го подржиме. Еве јас му вервам на Бранко и не се ни сомневам дека ќе му го подржат. Само шо Коле некако срамежлив ми е во последно. Шо дека Бране му дават ко овај не знајт како да го примит. Компромисот. Или согласноста. Или шо и да е. Не е битна формата, битна е подадената рака. Или нога. Или што и да е. Ама ти викам, Коле некако ретко го гледам да зборвит за вакви работи. Некако ко табу тема му се. Посебно оваа тема, за со грчиштана. Али ај, ќе се опуштит, ќе се подмачкат работава па ќе лизгат. И ќе го решиме проблемот. И сите среќни ќе сме. И задоволни. И еуфорични. И шо е најважно спонтани.

Спонтаноста ти е брат, една од историските ознаки на овој народ, втемелена во неговиот генетски код. Еве минатата недела зеј ја за пример. Ко добивме препорака од Европскана комисија на ЕУ. Си пуштив фино лепо Сител и си го гледав Латас па се радвев заедно со него, дури и упатства ми даваше чоекон како да се радвам. А и само тој се радвеше. Сине други презентери исти ко и обично. Дури ни педикир немаше напраено една презентерка, да не ја именувам сега, незгодно е вака. Ама ти викам, ме фати и мене еуфорија па од ко изгледав еден прилог фатив така еуфорично да размислувам и да клепам теореми па го извлеков тој заклучокот од погоре. Да де. Дека сме ептен спонтан народ.

Ти викам, имаше еден прилог кај шо опишвеа како народот се радвел за препоракава и покажаа луѓе со коли и знамиња кај шо шетет по метрополава наша волшебна и како на крај стигвет до дестинација – Илинденска 24/7. И нормално, репортеров, ги прашвит кој шо мислит, како мислит, зошо мислит, и како си се радвит за препоракава. И нормално, сите за себе, секој си кажвит како различно си ја доживеал веста. Али сите беа сложни во едно. Ги прашвит репортеров упорно – „А се организиравте или спонтано се собравте?“ „Ма спонтано, спонтано, само што слушнавме на телевизија и веднаш дојдовме тука. Спонтано беше, најспонтано...“ – раскажвет еуфорично ЕУ-форични граѓани. И ги гледам уш еднаш, па уш еднаш, и немат шо. Морам да се сложам. Спонтано си се собрале луѓето бе. И сите најспонтано по дома си чувет по неколку знамиња за спонтани потреби. Едно македонско, друго на Европска Унија, трето америчко, четврто на бивша Југославија, ако случајно ни здосадит олку многу самостојност па решиме да си го искористиме правото и да си стапиме во иден сојуз на суверени држави на Југославија. Па шо. Така си гласавте на референдумот бе. Си мојме, з`ш да не...

Туку шо ми беше муабетов... Интересен народ, требит да го пратиме негде на испитувања па да видите како ќе се откриет одма и телепатија и телепортација и све по список. Ќе се потврдит уште еднаш уникатноста на Македонија и Македонците. И шо е најбитно, ќе сме единствен народ на светов шо мојт спонтано да си се соберит по било која точка од дневен ред, директно на улица. Со знамиња. Со испишани транспаренти. Со готови извици и скандирања. Координирано. И во исто време. И на исто место. Спонтано бе брат, спонтано. И не е само примерот за препораката... И на 28 март спонтано си се собраа луѓе. И крстој и икони дури имаа тогаш. Све спонтано бе. Кој шо имат по дома, спонтано си го земат, спонтано си излегвит од зграда, спонтано влегвит в кола или в автобус и најспонтано ојт на некоја спонтана локација. А не знам дали го знаевте податоков. Баш сега, така спонтано ми дојде на памет. Муабетов е дека уште во времето на Александар Македонски нашиот народ бил познат по својата спонтаност. Впрочем, најголемите битки и освојувања се направени така, сосем спонтано. Луѓето спонтано земале пушки, пиштоли, зољи и калашњикови и тргвеле во поход. А шо мислите како го наоѓале Ацета? Џи-пи-ес дан имале случајно па да го лоцирет... Не бе брат, све најспонтано. Исто ко сега, така и тогаш. Со телепатија. Земаш едно теле, му кажвиш дека мајка му е крава и го пушташ да патит. Ти во меѓувреме потствесно се договараш со другиве и после дур ти патит телево ти спонтано се облеквиш, земаш шо ти требит од по дома, дали знамиња, дали кило портокали, и ојш кај спонтаните ти другарчиња. Просто воодушевувачки изгледа македонската спонтаност.

Исто толку колку новиот проект на владата на Република Македонија. Онаа што не јајт и не пиет, море ако требит и не спиет, само за вас да ви е убо. Еве, кој викаше дека нишо не сме напрајле на поле на странски инвестиции? Кај е тој јунак да го видам сега? Е нигде, кај ќе е... ко ја имаме најголемата, да не речам, капитална инвестиција за годинава. Мораше малку да почекаме да поминит рецесијава по светов (кај нас не идат, не се секирајте), али еве сега од ко стивна, почнаа и инвестициите да си идат. Еве, слушам и се радвам, скокам по дома од среќа. Крива Паланка гради јавен тоалет. И не само шо ќе бил јавен, туку ќе бидел ем јавен, ем модерен, ем уреден, ем градски, ем тоалет. И сето тоа, но и многу повеќе... по дваесетина години чекање...

Абе не велат за џабе „кој чекал, дочекал“. Све си имат значење. Некогаш стварно вредит да чекаш. Еве ко сега на пример. Владава ја исправи Крива Паланка. Алал да и е. Ќе гласам и на следните предвремени избори за нив. Во меѓувреме го чекам свеченото отворање. И се надевам дека премиерот ќе ни е таму. Да пресечит црвена лента, да напрајт една проба со казанчето, па да дајт преродбеничка ем остварителна изјава. И ко шо си биват, новинариве на сред веце да го прашет шо мислит за геј парадата. Па да го видам кај ќе бегат после...

(Авторот е сопственик на точак Пони)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 22 10 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 29 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 03 11 2009 )

No comments:

Post a Comment