Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Oct 20, 2009

Све најнормално бре!

Веројатно сите во својот комшилак имате бар по едно место кај шо мојте во кое било време од денот или ноќта да појте и да се најајте ко чоек. То место по некоеси правило обично се викат пекара. И обично доста често ви се дешават во пазуа за реклами од филм на телевизија да појте и да си зејте нешо за јадење па да го јајте уз филмот. Ако погодите некој убав термин мојте за време на рекламите и да си го изејте и да појте до веце по нужда па ко ќе се вратите да продолжите да си го гледате филмот. Е сеа, шо ми беше муабетов... Е да... јас немам такво место. Имат некој шо се убај ама работет само денски а ко ќе си студент во друг град обично ти се јајт и на вечер. Добро, и да не си студент ваљда ќе ти се јајт ама ова беше за да илустрирам дека немат кој да ми зготвит во два после полноќ ко ќе ми се јадит. Е, али имам една пекара, малку подалеку е ама е прилично подобра од ова шо ми е одма до зградава а чии производи да не беа леб ќе ги наречев срање. Пошо ме учеа дека за леб не се викат така решив да не го пишам зборот срање во колумнава. Е сеа, за да не бит се ко шо требит обично ептен ти се јајт за време на државен празник и од ко ќе појш кај пекарата сфаќаш дека уствари не работит. Дур ојш натака почвит да врнит и дожд и на враќање од затворената пекара се прајш жива вода и пошо ептен ти се јајт решаваш да купиш некое си неубо пециво од пекарата за која за малце ќе речев дека е срање. И така ем ненајаден ем накиснат продолжвиш да гледаш некој глуп филм на телевизија.

Која е поентата на мојава празнична дешавка и нејзината вредност да бит објавена во весник? Веројатно никоја али пубо е ко ќе си ги кажиш маките пред еден куп луѓе. Е сеа мојме да преминиме на вистинските македонски маки, проблеми и дилеми. Уствари чекај малку, иам добра вест. Пастирот наш изгледа имат уба пекара во близина кај шо живејт. И веројатно му работит и за државни празници. Не дека го следам во слободно време али ваљда е така пошо расположен го видов сеа за празников. Читаше од некојси лист пред некојси чичковци на некојаси прослава. Ама знајш како? Ко втораче ко ќе излезит на приредба за патронатот на школото со победничката песничка за годинешниот конкурс. Само шо песничката му ја напишала мајка му и сеа освен шо не ја знајт на памет за да ја изрецитират, не знајт ни да ја прочитат ко шо требит пошо прв пат ја читат па ај шо не креват гла од над листон, дури и грешки прајт. Ама то и не е главниот проблем. Проблемот е шо и на мајка му не и ојт баш пишаниот збор па то шо го напишала немат никаква врска со темата. Па така на тема „Решавање на спорот со името“ детево рецитират – „Силно и посветено работиме на решавање на спорот за името и никој повеќе од нас не посакува решение.“

Е алелуја. Јас пак цело време убеден дека Грција сакат да го решит спорот. Фала ти шо ме просветли. Да бе, ова ти е официјален став на премиер. Сите прашват за нешо конкретно и во меѓувреме шпекулирет а тој искулиран, име го болит... Али цела среќа шо и публикава се дечиња, првачиња, вторачиња, третачиња и слични рачиња па само ракоплескет занесени од хипнотизирачката моќ пастирска.

А да, во песничката вторачево меѓу другото викат и дека ќе се дружел со Јоргос, новион ученик и заедно ќе делеле ужинка на голем одмор. После ќе оделе на предавање а на малиот одмор ќе барале решение за имево. Абе убо е да си се дружиш али јас сепак мислам дека вистинско дете за решавање проблеми ти е Џоле. Да бе, Џоле од прво одделение. Првачево ти е многу убо воспитано од дома и одма ќе ги решит сите проблеми. Ако нејќит Јоргос со арно, Џоле мојт да го кажит на учителката и оваа до седмо одделение кецој да му пишит, или пак да го врзит со ортома и да го спуштат надолу по бунарон, онај во селоно де, Џоле кај шо беше на распуст летово. Да де. Паљурци.

Ако не средит работа првачево, мојт на помош да дојт и Гоца, ќе му врзит два-три шамари па ќе го врзит со лисицине, оние за роденден шо и ги купија. Или на крај ако не успеат децава, пастирон мојт да го пуштит и дедо му па да му објаснит на Јорго дека ова е правна држава бре! И дека овде владеат закони бре! И дека не мојт некој туку така да му ја земат ужинката на внук му на голем одмор бре! И дека не мојт некој така да се играт со судбината на државава античка бре! И дека не мојт некој да земат истовремено и плата и пензија бре... Упс... грешка, то можеше уствари. Извини Јорго. Чекај сеа да ти објаснам како се прајт то. Вака. Прво ќе ја напуштиш ова функцијава премиерска и ќе се наместиш за министер за неправда па после...

А така. Глеате како се прајт разумен компромис бре? Со деца не се сркат маштејнца, али дедо Мики знајт како да сркат од медот. Знајт и Тачи. Пред некој ден ги имаше собрано новинарине и им викат – слушајте дечки, јас мислам, и не само шо мислам, туку и барам да го смените Блаже од... Чекај малку. Шо беше бе? Редактор беше? Или уредник беше? Или... та чифша... Море шо сакат нека е! Јас барам да го смените! Така е друже Тачи! Имат да се знајт кој е главен! И кој мојт во секое време да свикат неколку новинарски екипи и да си кажит нешо, онака, чисто рутински. Види вака, ни јас не знам дали беше редактор или уредник али барем не се чаталам пред камери со барања.

Не бе браааат... си седам дома пред компјутер, звучници пуштени до даске, комшии викет полиција а јас цел среќен, спуштам неколку гига од интернет. Ама среќен, ама знајш како... Исто ко да си гледал некој јак порнич на интернет со две јаки цури пред едно година дена и знајш да го опишиш во детали ама не знајш како да го најш пак. И така трагаш со месеци по интернет, влегвиш и во најмрачните негови катчиња и се дружиш со најголемите разбојници, остваруваш контакти и со самиот ѓавол и на крај конечно го наоѓаш и го спушташ... Море свршаваш уште пред да се спуштит... Добро, забегав јас малку али не можев поинаку да ви опишам како се осеќав ко ја најдов на интернет енциклопедијата на МАНУ. Па то радости, па то среќи, па то цели вреќи...

Стварно. Да ја најш енциклопедијата во печатена форма ти е ко да ти паднала седмица на лото со оние истине седум бројки шо ги уплаќаш веќе 14 години а кои се комбинација од твојот и од роденденот на лидерот на партијата. А кога веќе немаш толку среќа за да ти паднит седмица, ќе се задоволиш и со петка. Да, петка во случајов ти е да ја најш на интернет. Шеска би било веројатно да ја најш на усб ко шо се пофали Љубчо Георгиевски или пак на цеде на Бит Пазар напикана помеѓу кутии со цигари без маркици и крадени телефони без полначи. Да немаше интернет сигурно ќе се напраеја и тајни братства и сестринства кај шо за да влезиш ќе требеше да се потпишиш со сопствената крв, а за да добиеш примерок од енциклопедијата ќе требеше да извршиш мисија, ко таен агент.

А не требит да си таен агент за да им се смејш на вмровцине. Уствари не да им се смејш, туку да им се умриш, да им се откостиш, да им се дрецкаш, да им се прсниш од смеење, да им се изнасмејш во фаца, директно! Пази муабетов. Институтот „Павел Шатев“ напрајл анкета на примерок од 1100 вмровци, пардон, испитаници. И пази шо е најјако. Според анкетава и пастирот а и партијата комплет имет пад во рејтингот во споредба со ваква анкета од јули. Замисли бре, сопствен институт, сопствена местена анкета и да ти паѓат рејтингот?!? Јас да сум ко вас земам двокатен автобус, одам до новион мост „Око“ и се фрлам соси автобус.

А пак овие другиве? Тие уш појќе се за жалење. СДСМ-овциве излегвет на прес и викет, шо е ова, партиски рејтинг-листи и на државен празник? Море телиња, според анкетава партијата ви имат пораст во рејтингов за разлика од властодршцине шо паѓет. Ви теквит? Тешко а? Еми арно ко така. А пак Братон? Тој најак е. Уште си мислит дека претседател ќе станвит. Се жалит дека Шатев му ги згрешил гласојте шо ги добил на избори, помалку му дал...

Све нормално во државава бре... Само еден чоек ми фалит во целава приказна. Го гледав прееска на видео на Јутјуб. Снимката некоја година стара... Излезе од една врата, законодавен дом демек. И почна да скокат ко најнормален. И плус создаваше и некој неартикулирани звуци. Претседател на Собрание. Најнормален чоек. Љубиша Георгиевски.

Нормална држава, нормален народ, нормални политичари, све нормално... Од олку нормалности да ти е страв на улица да излезиш, и ти нормален дан станиш...

(Авторот е ненормален... и убо му е да ви кажит право!)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 15 10 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 22 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 27 10 2009 )

No comments:

Post a Comment