Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Oct 13, 2009

Чудесии

Две мачки прает муабет. Еднава викат – Денес сигурно ќе ме биет малер. Другава и враќат – Од кај знајш мор? – Амор од сабајле еден црнец ми го пресече патот. Две улици од таму се шетет рак пушач и рак непушач. Ракот пушач му викат на другиов – Абе, з`ш не пушиш ти? – Ам да бе, јас мислиш будала сум, па после да добијам човек на бели дробови.

Е, вака некако звучат и останатите дискриминации и суеверија шо секојдневно се употребувет, а на кои не им одолеа ниту МАНУ. Ама овојпат не зборвам за МАНУ па шо сакат нека е. Олку простор колку шо му отстапија по медиумиве ни Блаже самиот не си имат отстапено во енциклопедијата, жими се. Исто ко за изборите во Грција. Пушташ телевизор и ти скокет Караманлис и Бакојани натажени, на раб на расплакување а ти ги дотолчуваш со пригоден говор директно од твојот двосед, тросед или фотелја.

- Бакојани мори душманке, да дајт Господ ќерка ти да бит хостеса кај Драган Вучиќ! Да би, да би, пролив и кивавица во исто време имала! Да дајт, да дајт Господ, да умираш од жед а да си во Македонија и да не мојш пиво после седум да си купиш. Морееее, да дајт Господ децата телетабиси да ти бидат...

Ти редиш клетви, а Љубе Бошковски качен на лустерот ти пукат спорадични истрели. Надвор в паркче цел комшилук собран се поздравуват со „Јоргос победи – навистина победи!“, а Грујо и Џоле частат гиро во знак на решавање на проблемот со името и наоѓањето разумен компромис. Добро, можда малку и филмски изгледат муабетов, ама ако пуштеше телевизија чоек паднат од Марс денојве, ќе помислеше дека кај нас се одржвеа избори, а не кај грчиштана. А од ко ќе му кажеа шо е финтата ќе прашаше шо се десило со Би-би-си и Си-ен-ен и од кога нивното место го презеле А1 и Сител, па топ вест им се избори во друга држава.

Замисли бе, до кај дојдовме, па паралелно да следиме шо бисер ќе стресит Џоле и во кое село бил Јоргос и ветил изградба на селска задруга. Стварно чудна ситуација. Исто ко некој постар таксист ко ќе ти прокоментират колку е јака женската шо ја пуштил да преминит улица на твоја сметка, а шо е бар три години помала од тебе. Уште почудно е ко ќе почнит, истиот тој таксист, да ти раскажвит како тој бркал женски на времето и колку му било тешко, и ко ќе поентират дека ошла државава у три лепе з`ш овие денешниве легвеле со секого. И дур ти се чудиш дали да и свикаш – „ш`ц мала“ или да му се пожалиш дека само со тебе не легват, тој веќе и визитка и дал. После ова веќе нишо не ти е чудно па не ти е ни проблем да му побараш некој совет на, очигледно, екстра искусниот таксист. Само штета шо, прелетувајќи преку два автобуси и престигнувајќи камиони од десна страна, во меѓувреме веќе те однесол и морат да прекините со муабетот. А таман стасал до делот кај шо...

Пушташ телевизор уан мор тајм. Чичкото од кутијата ти кажвит дека Македонија била 72-ра од земјите во кои се живеело најубо според некојаси листа од Обединетине нации. Знам шо ќе речите, важно е да се учествуват, а не и да се победит. Ма оди бегај таму. Какво учествување бе алоооооо. Знајте пред кого сме на листава? А? А? А? Пред Нигерија бе дечки. Оу јеа! Пред нив сме да, и не е владина реклама, туку стварно сме. Но тоа не е се! Во цената е вклучен и Авганистан. И не само тој. Појаки сме и од Сијера Леоне, и од Централно африканската република. Море појаки сме и од уш шест други држави за кои ми беше тешко да им го запамтам името. Ама појаки сме бе. Имат да се знајт!

Само и овде имат нешо шо ме чудит. Уствари овде две работи ми се за чудење. Прво ме чудит како секогаш завршвиме во истово друштво ко ќе имат некој листи и истражувања а упорно сакаме да влезиме во Европска Унија. Не знам како не гледет пастириве наши дека совршено се вклопвиме, ама не таму, туку кај батковциве со кој се дружиме по листиве – директа менте в некоја Африканско-интегративно-преживувачка унија. Можда и за претседавачи ќе не постават, па ќе му се остварит и желбата на пастирот за да владејт со нешо големо, ко Аце на времето. Море шо имат да не поставувет, сами ќе си се поставиме! Нели сме најјаки! Туку, друга работа шо ме чудит е како владава не одржа итна прес конференција на која ќе го соопштит уште еднаш овај волшебен успех кој се должит на големите напори на тимот кој нит јадит, нит пиет, нит спиет, и работит 24/7 за интегрирање, имплементирање и бенчмаркирање. Можда и немат смисла крајов на реченицава ама баш ми е гајле ко имат јаки и популарни ем уверливи зборој.

Ова ти е чудно ко сончев ден во октомври. Ама сончев ден одма после дождлив ем студен викенд. Прв работен ден и рано на сабајле си ептен самоуверен во своите метереолошко-прогнозерско-предвидувачки ала баба Ванѓа способности. Па поради то уште посамоуверено ја ваѓаш од најгорната полица бундата шо си ја напикал таму лани во март и ја ставаш над купот џемпери, ѕиври и пижами на тебе. И така тргвиш автобус да бркаш. И таман го фаќаш па застанвиш на една нога пошо толку место имат во оваа тура, од негде се појавуват сонцено и почвит да грејт ко ненормално, ко на тројка пуштено. Ма фаќаш се вртиш три-четири пати околу шипката кај шо си се држел до тогаш и почвиш со автобуско стриптиз шоу фрлајќи ја бундата низ пенџере и истовремено пцуејќи го глобалното затоплување.

И пошо автобусот ти се движит ко четата на Самоил во 1014 решаваш пак да фатиш такси з`ш дур си се борел со глобалното затоплување си закаснал за на работа. Штета. Не е истион таксист од вчера па да ти го довршит муабетот за момичките шо давале на секого. Овај чичко изглеа е експерт за временска прогноза. Ми објасвит дека времето било вакво поради воздушните струења шо идале од Србија кај шо сега времето не чинело. Му викам – глобално затоплување, ова, она, имат врска? – Ма какво глобално затоплување бре, шо ти е тебе, така само Американцине ве лажат за да можат да владеат со светов. – Значи зато јас бундана сабајле... – Бунда... така се викаше тајнана операција од Русине. – Руси? Зар и тие се вклучени во ова? – Псссссс... ќути, не прислушкувет, озвучени сме – ми шептит на увце таксистон по шо застанвит и ми наредвит да излегвам од кола.

Фак! – си викам. Пак погодив некојси таксист-експерт за прашања од глобален интерес. Нишо од одењето на работа за денес. Ќе им се придружам на оние триеснешо посто невработени. Пак шо им фалит нив... Ене пред некој ден читам дека на крајот од септември официјално биле 341.893 невработени. А шо, мислите лошо им е? Не бре, баш фино и најубо им е. Се чудите кај се? Емииии... 387.640 луѓе имат на Фејсбук. Значи ем сите невработени, ем некој шо размислувет за да се откажат од работа. Шта че ти работа кад имаш квизове и игре... Значи, друг пат ко ќе прашат некој „Каде стееее Македончињаааа, каде стееееее, кај отидовтеееееее?!?“ одговорете најгласно шо мојте – „Еве смееее... решаваме квизој на Фејсбуууук!!!“

Ак немате Фејсбук сигурно гледате Биг Брадр или Фарма и навивате за Јована да му се фрлит на Радиша или Аца Лукас да запејт на сред кокошарник. Да бе, не заебавам, стварно ќе пеел. Бар така Латас ми рече. Го гледам на вестине пред некој ден и ми викат, почитуван гледачу, почекај малку, изгледај ги вестиве од светов па ќе ти кажам нешто јако на крај. И шо да прам, го почекав и стварно ми кажа. Ми викат, на фармата нивна ќе пееле Цеца и Аца Лукас. Шо сакате појќе за без пари? Ништо, дај ми ги Аца и Цеца и да си умрам среќен!
Само пред да умрам, дај да си ја злоупотребам колумнава за лични интереси, ко политичарине фотелјине шо си ги злоупотребувет. Не знам дали ви се имат десено, и ако ви се имат, тогаш сигурно ќе ме разберите. Замисли ситуација, чекаш автобус, и уште чекаш, па уште малку чекаш, па се отепвиш од чекање и никако да дојт. За то време дур чекаш забележвиш една женска, ама уба, ама стварно, ама најуба. И не само што ти ја забележвиш, туку и та те забележвит и те ѕиркат, демек автобусот го барат. И ти ја ѕиркаш, и се молиш да го чекат истиот автобус. И конечно, после еден куп време чекање идет автобусот.
Тргвиш кон него, тргвит и таа. Цел среќен, му плаќаш на шоферот, па и кусурот му го оставаш и брзаш да седниш блиску до неа. И седвиш на неколку седишта подалеку, и продолжвите да се ѕиркате, и ко демек случајно ви се сретват погледите. Ти за цело време се премислуваш дали требит случајно да те заинтересират колку е сатот и од цел автобус да ја избериш неа за да ја прашаш, или пак да и остајш салфетка на која со кармин ти е напишан телефонскиот број. Па уште една средба на погледите и сфаќаш дека уствари немаш ни салфетка ни кармин, и си викаш, а з`ш по ѓаволите, би требало да имам. И дур се мислиш како да го започниш муабетот... постојка и чекори, пат од дрвеното седиште до чкрипливата врата... Женската слегвит, а ти, ти си сигурен дека и таа го размислувала истото цело време и те сакала... И дур се пцуеш з`ш не си слегол на истата постојка...

Девојче, ако читаш, и јас те сакам. Филмски е али, побарај ме. Частам возење со петка.

(Авторот е убав, а Солун е наш!)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 08 10 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 15 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 2010 2009 )

No comments:

Post a Comment