Хајлајц

Старион БлогСтарион Блог Овде пишував повеќе од осум месеци и има што да се чита. Ако ве интересира клик на линкот.

Линк

З`ш да не...З`ш да не... Нови колумни од серијалот „з`ш да не...“ секоја сабота во весникот Шпиц.

Линк

Моине фото сторииНа рапорт со Јофе Сите емисии на Youtube каналот.

Линк

Oct 6, 2009

Мјау, мјау, Баба Рога ис колинг

Суперлатив од брзо? Со врски! Вака викат мојот твитерџиски колега Сеад Џигал. Суперлатив од морал? Миле од Транспорт и врски! Вака не викат никој ама многу интересно ми звучит. Чекај, чекај, ова јако било. Нов пример. Суперлатив од лудница? Република Македонија! А во неа, лудаци колку да сакаш.

Еве зеј ја за пример енциклопедијава. Стварно добра роба. Ко дрога. Нигде ја немат во официјална продажба и мојш да ја најш само ако се познаваш со главните. Ама остај то шо нигде ја немат, пак сите зборват за нејзе. И не само шо зборват туку да можат и очи ќе си ископет. Ама се гледат дека е квалитетна роба. И иако никој не ја имат прочитано, пак сите ги имат фатено енциклопедиско лудило.

Ене ДУИ се заканвит дека ќе си одела од владана. Среќен пат и мирно море бе дечки, шо да ви речам. Да мојте да си ги соберите и партнерите со кој шо ептен си се љубите, и сите останати батковци шо земет пари за да стегет дугмиња на кој пишит за, против или воздржан, ќе е уш поубо. Мојме и без вас. Дури можда и пубо ќе ни е. Еве и еден паметен предлог од читател на интернет – Турци, вратете се, се ви е простено! Вие бевте злато во споредба со другиве!

Дедо Блаже Ристовски на новинаркана од Алфа и рече дека глана го заболела од јавноста. Појќе би рекол дека го заболело за јавноста, али шо имат јас да кажвам ко си имаме академици најпаметни шо знает како се прајт соживот. И не само академици, си имаме и други паметни луѓе во државава. А ако немаме во државава имат надвор од нејзе. Ене ти убав пример – Пандели Мајко од Албанија. Викат, Албанциве кај нас имале господово право да го запалат знамено на сред Скопје. Ајде бе... Сега ние стварно сме ептен побожен народ и даваме земја на атрактивни локации на МПЦ за џабе и го каниме папана да го видит бунарон од Павлета во Паљурци, ама сепак имаме некакви си земски закони шо требит да се почитувет. З`ш господовото право според Мајко, и земското право според Македонија и не се баш исти.

Абе сепак го сваќам чоекон. Во Албанија е во опозиција и таму немат влијание ама за овде знајт како требит и се понашат ко тој да е Али, а не ко Али да е Али. Али паметно играт чоекон, се гледат. Ако кај него никој не го слушат, кај нас главен е. Весников излегвит во продажба во среда на вечер а веќе за во четврток се најавени протести против енциклопедијата. Не ги организират Пандели Мајко ама пак ги организират некоја си партија за која слушам само ко ќе имат протести. Хисни Шаќири. Така се викат баткото шо ќе е крив ако се запалит знамено. Исто така, доста паметен чоек. Паметни луѓе имат и кај него в партија (Национална демократска унија). Еве, зеј го за пример Милаим Фејзиу.

На прес конференцијата кај шо го најавуваа протестот викат – „Ние како организатори во нашето сценарио немаме предвидено палење знаме, но не ја исклучуваме можноста некој од учесниците во протестот во една емотивна состојба да го направи тоа, и тоа е индивидуален чин“. Сценарио... ептен се исфилмал батково. Демек морат да имат потточка „палење знаме“, инаку со вакви изјави не се поттикнуват то. Нормално, ако го запалат, тие немат да се криви и немет намера да сносат одговорност. Веројатно ако се десит, и за то Бранко ќе е крив, по дифолт. „Вака не се гради државата, ние не сме криви, и за се што ќе се случи во знак на протест и изразување на револт ние не сносиме одговорност“, фино лепо се надоврза Шаќири. Само шо заборај да потсетит дека во интервју за албанска Клан ТВ веќе го најави палењето – „Револтот кај луѓето е многу голем. Може да се запали, односно најверојатно ќе биде запалено македонското знаме.“

Ма како криви, з`ш да сте криви, кај смеело вие да сте криви... мислам, глупости! Кај се видело и чуло, организатор на протест да е крив за дешавките во рамките на протестот. А и да се десит нешо оправдано е, з`ш дечкиве знает како се градит држава. Ако го запалат знамено јас лично ќе му пишам смс на Џолета да му дајт Медал за заслуги за Македонија на Шаќири. Ко моеше на Мориконе да му дајт, шо рече дека случајно дошол кај нас, з`ш да не му дајт и на Шаќири шо знајт како се градит држава.

Јас лично не знам колку знајт Шаќири за градење држави, ама ај ќе му вервам на зборот. Али знам дека многу убо знајт како се креват рејтинг и како се фаќат убо место на политичка сцена. Посебно со народ шо мојш да го манипулираш како сакаш. Пошо во секое време имат еден куп дечки шо се спремни ем желни за протестирање и за палење знамиња на држави кај шо живеат, не се ни сомневам дека протестов ќе е успешен. З`ш пак, пред 2001 некој дан го знаеше чичко Али Ахмети? Ене види го сега, колку години по ред, главен е. Џабе му е на Бранко програма и решенија за Македонија. Албанскиве му колеги ги имет најјаките решенија за идење на власт.

Значи во четврток против Енциклопедијата на МАНУ ќе протестирет луѓе шо ем ја немет прочитано, ем не се ни историчари ни научници. Не бе, не ги правдам дедовцине од МАНУ, далеку од то, али од ко видоја дека од сите страни притискет, рекоја дека ќе седнат на маса со историчарите Албанци и ќе го решат проблемот. Ама то не е пречка за Шаќири да не ни покажит како се градит држава и идет на власт.

А Груевски уште ја играт играна – „Ама ја не знааам, ја бев у подрум, ништо не сум видел...“ Дур се спремет востанија и палење знамиња тој фаќат мачиња и бркат вештерки. Викендов во манастирон во Зрзе си најде едно маче и му викаше мјау, мјау, а после то даде изјава дека за глупостиве со Енциклопедијава и за сите останати проблеми во државава биле криви некои темни сили. А му викав да не го гледат „Ноќ на вештерките“...

Да, да, Баба Рога и Бранко... тие се криви за сите наши проблеми. Тој шо имат апсолутна власт не е, ама Баба Рога и те како е. И пошо ситуацијава е сериозна, ко во филмојне кај шо излегвит претседателон на САД и кажвит дека морат да се молиме Господ да ја благословит Америка, еве јас сум спремен да се жртвувам за судбината на државава. Ако требит ќе се откажам и од хонорарот за колумнава и ќе ги префрлам парите на сметка кај Чак Норис, з`ш ко ќе ојт да спиет Баба Рога, прво провервит дан се криет Чак Норис во нејзиниот плакар.

Брате Норисе, дојди и спаси не од себеси, Џоле медал за заслуги ќе ти дајт... Лично ќе ургирам и кај Љубчо Георгиевски на грбон да те стајт. Пуст грб, не му е лесно и нему... Прво петокракана ќе му ја бришеа, сеа во лавче ќе го претворет, утре во орел... Ни на Груевски не му е лесно. Уште не го имат изваено ножот шо му го заби Георгиевски в грб а сеа пак му чепкат во грбот. Али ако се прашвам јас, мислам дека најарно ќе е е, една овца да стајме на грбон. Така најубо ќе го претставиме мултиетничкиот, заедничко-живеачкиот, изборно-заебувачкиот и карактерно-најдобро-описниот карактер на луѓето шо живеат во државава. И никој не ќе мојт да се бунит. Е и за него ако се побунит некој, немат друго, ќе морат Чак Норис да го ставаме. За таков грб ни Бичиклиски не би се бунел и не би го обвинувал Бранко.

А ко ќе размислам поубо, шо ќе ни е Чак Норис ко и ние си имаме јаки батковци. Во 2001 беше братот Љубе, сега го гледам и Коњановски секој ден како пукат на војнички вежби по телевизии. А и јаки дадички си имаме. Две од нив ни ојдоа кај Големион Брат и сеа цела држава паѓат во несвест за то како едната можела да легнит со некого уште првиот ден.

Такви се нашиве загрижени македонски мајки и учителки, протестирет против Боки 13-ка а после не знает шо да кажат ко ќе се соочат со него на телевизија. Или пак се грижат какви вредности промовирала Вики во Биг Брадр, притоа не знаејќи дека то е нешто сосема вообичаено и секојдневно се дешават и со нивните ќерки. Разликата е само шо нив ги немат на телевизија, па логиката е, ако нешо не мојт да се видит, или за него не се прајт муабет, не постојт. Не постојат ни хомосексуалци, ни бисексуалци, ни ништо слично... Не постојат ни несакани бремености и абортуси на малолетни девојчиња поради ниска свест и слаба информираност.

И пошо ништо од ова не постојт, шо имат да дискутираме и отвораме такви теми или да воведиме сексуално образование, ко кај нас се промовирет демохристијански вредности и младинава ни се чуват за во брак. А владава не учит како да го отвориме срцето...

Нејсе... Јас пак, вака ко за крај, ќе ви ја пренесам клетвата на неделата шо ја слушнав пред некој ден. Викат – да дајт Господ, Љубе Бошковски на свадба да ти пукат!

(Авторот е добар, вие како сте, шо прајте?)

(Колумната е објавена во неделникот Сега на 01 10 2009)

(Наредната во печатена форма во Сега во четврток на 08 10 2009 а во електронска на Мојон Блог во вторник на 13 10 2009 )

Бонус видео


Ова е исечок од дебатата за Енциклопедијата на Ману во првото издание на емисијата „Патот кон“ за оваа сезона на Алсат.
А во него - моето размислување, само во малку посериозна верзија отколку тоа што можете да го прочитате во оваа и претходната колумна.

Целата емисија тука
.

No comments:

Post a Comment